3Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред
3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
Технологија„Apple“ носи голема промена во навигацијата во „iOS 18“Ако имате „iPhone“, една од најтешките одлуки што ќе треба да ја донесете е дали да користите „Apple Maps“ или „Google Maps“ за навигација.Некогаш, самиот телефон ве насочуваше кон „Google Maps“, бидејќи во 2012 година се појавија „Apple Maps“, но имаше многу грешки: некои земји беа погрешно означени, некои немаа воопшто имиња, а некои насоки беа погрешно означени. Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук потоа се извини и им рече на корисниците дека додека не се решат проблемите, можат да пробаат некои алтернативи. Сега, сепак, „Apple Maps“ е исто толку добар, ако не и понекогаш подобар од конкуренцијата, но „Apple“ сепак планира да им даде на некои корисници на „iOS“ можност да ја променат нивната стандардна апликација за навигација кога ќе пристигне „iOS 18“. „Apple планира да воведе нова стандардна контрола за корисниците во Поставки за апликации за навигација. „Apple“ има за цел да го направи ова решение достапно до март 2025 година“, соопшти компанијата. Ова, барем на почетокот, ќе важи само за ЕУ и е резултат на новиот Закон за дигитални пазари (DMA). Откако „Apple“ ќе им даде зелено светло на сопствениците на „iPhone“ во ЕУ да ја променат нивната стандардна апликација за навигација, тие ќе можат, на пример, да стават „Google Maps“ или „Waze“ наместо „Apple Maps“. Секогаш постои можност „Apple“ да го направи ова достапно за корисниците на „iPhone“ и на други пазари, па внимателно ќе следиме што се случува на ова поле. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје-Нова мерка за еднакви можности: Бесплатни униформи за средношколцитеСо цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта.Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат учениците. Секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, а вложувањето во образованието е вложување во иднината на целото општество. Со почит, Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКамерниот оркестар на МММ вечерва на „Охридско лето“Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ. Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПротекоа податоци на холивудски ѕвезди: меѓу нив се Анџелина Џоли и Роберт де НироХоливудските ѕвезди, меѓу кои наводно се и актерите Анџелина Џоли и Роберт де Ниро, се меѓу јавните личности чии приватни контактни податоци беа откриени во големо протекување на податоци поврзано со базите на податоци на филмскиот фестивал Трибека.Експертот за сајбер-безбедност Џеремаја Фаулер изјави за британскиот весник „Сан“ (The Sun) дека на интернет биле достапни бази на податоци што содржеле телефонски броеви и приватни адреси за е-пошта на бројни познати личности. Тој додаде дека податоците вклучувале и датотека со информации за уредите поврзани со тие адреси за е-пошта – како што се моделите на телефони и верзиите на оперативните системи и веб-прелистувачите – што би можело да им обезбеди дополнителни информации на потенцијалните напаѓачи. „Она што беше навистина интересно е постоењето на датотека со информации за нивните уреди, поврзани со нивните адреси за е-пошта. Во неа беше наведено која верзија на iPhone ја користат, како и – доколку го користат прелистувачот Safari – која верзија на софтвер ја имаат инсталирано. Тоа би можело да им даде многу дополнителни информации на злонамерните лица“, рече Фаулер. Според него, четирите компромитирани бази на податоци содржеле приближно 666.000 записи од периодот меѓу 2019 и 2026 година, сите поврзани со годишниот филмски фестивал во Њујорк, основан од Роберт де Ниро. Меѓу наведените имиња се режисерите Мартин Скорсезе, Џорџ Лукас и Дени Бојл, како и актерите Морган Фриман, Џенифер Лоренс и Винона Рајдер. Поголемиот дел од податоците се состоеше од маркетинг-материјали, но наводно една база на податоци содржела броеви на мобилни телефони и адреси на е-пошта на истакнати поединци – податоци за кои експерт смета дека би можеле да претставуваат нивни приватни информации за контакт. Засега не е познато колку долго податоците биле јавно достапни, ниту кој можеби имал пристап до нив. Исто така, нема докази дека самиот Филмски фестивал „Трибека“ е одговорен за наводното протекување на податоци. Овој инцидент се надоврзува на низа претходни сајбер-напади насочени кон истакнати личности, вклучително и голем хакерски напад во 2020 година, при што беа компромитирани околу 130 профили на тогашниот „Твитер“. Меѓу погодените профили биле и оние на Илон Маск, Канје Вест, Ким Кардашијан, Барак Обама, Џо Бајден, Бил Гејтс и Џеф Безос. „Трибека“ е реномиран меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја пролет во истоимената населба на Менхетен.Тагови: Анџелина Џоли Роберт де Ниро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20