„Apple“ ќе тестира три нови уреди во Индија? - Канал 5

„Apple“ ќе тестира три нови уреди во Индија?

Според извештајот од „91Mobiles“, три уреди од „Apple“ со вкупно седум модели се увезени за тестирање во Индија пред пролетниот настан на „Apple“.

„Apple“ ќе тестира три нови уреди во Индија?

Овие наводи ги пренесуваат неименувани извори од индустријата. Трите уреди вклучуваат евтина или таканаречена буџетска верзија на „iPhone“, буџетски „iPad“ и „iPad Air“, веројатно освежен модел.

Меѓу седумте продажни кодови (SKU), три кореспондираат со необјавен „iPhone“, за кој се претпоставува дека е шпекулираната трета генерација на „iPhone SE“ на „Apple“. Уредот „iPhone“ бил увезен под броевите на моделите A2595, A2783 и A2784 и се вели дека чини 306 долари пред даноците за увоз.

И „iPad Air“ се споменува како можност со броеви на модели A2588 и A2589 и се шпекулира дека станува збор за освежен модел. Цената на овој модел е помеѓу 500 и 697 долари.

За два други модели на „iPad“ со броеви A2757 и A2761 се претпоствува дека се буџетски верзии чија цена е околу 300 долари.

Инаку, сите споменати цени не вклучуваат потенцијални увозни даноци, давачки.

Овие уреди наводно се тестираат во Индија, но тоа не е доволен доказ за да се потврди дали „Apple“ сигурно ќе ги донесе во Индија за продажба.

Извор: „GSMArena“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Во четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.

„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месо

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

250 - 300 гр. мелено месо

1 главица кромид

150 мл. доматен сос

3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер