„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе - Канал 5

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје.

„Анима мунди“: Лисиците се дел од природата, не се опасни и не напаѓаат луѓе

Апелираме до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе.

Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат.

Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од луѓето и избегнуваат контакт. Присуството на лисици во урбана средина не значи дека се болни или агресивни. Напротив, во многу големи градови како Лондон, Берлин, Торонто, па и Љубљана, лисиците веќе се дел од урбаната дива фауна и живеат паралелно со луѓето без никакви инциденти.

Што треба да направите ако видите лисица?

• Не обидувајте се да ја бркате, фаќате или храните.

• Не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре, затоа што тоа ги привлекува.

• Ако сте со домашно милениче – држете го на поводник и останете смирени, лисицата ќе избега.

• Пријавете ако видите повредена или залутана лисица.

Лисиците се дел од природата на нашата земја. Нека незнаењето не биде храна за ирационален страв и отпор. Наместо тоа, потребна ни е свесност, почит и разбирање кон овие животни кои се обидуваат да опстанат. Ве повикуваме да бидеме град кој живее во хармонија со природата.

Активисти на

Анима Мунди

Воедно, побаравме мислење од Македонското Еколошко Друштво (МЕД), а дел од нивниот коментар го споделуваме во продолжение:

Лисиците се редовни жители на Водно и често се забележуваат и во градските населби како Жданец, Водно, Козле и Нерези. Забележувањето на мајка со млади е јасен показател дека се работи за здрави единки.

Лисиците, како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, лесно може да бидат привлечени во градските и селските средини од органски отпад кој не се селектира и не се собира редовно.

Здружение за заштита на животни „Анима мунди“

Од понеделник, терестрична дезинсекција против комарци во Скопје

На подрачјето на град Скопје ќе се изврши терестрична дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци,  од понеделник (21 јули)  до четврток (24 јули), од 22 часот до 03 часот следниот ден.

Од понеделник, терестрична дезинсекција против комарци во Скопје

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информира прес-службата на Град Скопје.

Се враќа култниот еротски трилер од 90- тите и добива нова верзија (ВИДЕО)

Повеќе од триесет години откако го воодушеви светот, култниот еротски трилер „Сурова страст“ ја добива својата нова верзија.

Се враќа култниот еротски трилер од 90- тите и добива нова верзија (ВИДЕО)

Правата за новата верзија на филмот од 1992 година ги обезбедија Amazon MGM Studios, односно нивното студио United Artists, во соработка со продуцентот Скот Стубер. Најголемата вест за фановите на оригиналот е враќањето на сценаристот Џо Естерхас, кој ќе ја преработи приказната.

Во продукцискиот тим, заедно со Стубер, се вклучени и Ник Несбит од United Artists и Крег Баумгартен од Vault Entertainment, додека Адам Грифин ќе биде главен продуцент, пишува порталот The Wrap.

Феномен што ги одбележа деведесеттите години

Оригиналниот филм, во режија на контроверзниот Пол Верховен, а во кој глумат Мајкл Даглас и Шерон Стоун во нивните улоги што ја дефинираат кариерата, стана глобален културен феномен и огромен успех на кино благајните. Заработи над 350 милиони долари низ целиот свет, а приказната за детективот Ник Куран (Даглас) и неговата опасна игра на заведување со главниот осомничен, манипулативната писателка Кетрин Трамел (Стоун), сè уште ја интригира публиката и денес.

Филмот е запаметен по своите провокативни теми, експлицитна содржина и, секако, иконската сцена со испрашувањето на Шерон Стоун, која влезе во филмската историја и го дефинираше жанрот на еротски трилер.

YouTube video

Враќањето на контроверзниот автор

Џо Естерхас, унгарско-американски сценарист кој ја започна својата кариера како новинар, се смета за еден од највлијателните, но и контроверзни, холивудски автори на своето време. Неговиот стил, препознатлив по истражувањето на теми за сексуалност, моќ и морална двосмисленост, му донесе слава.

Покрај „Сурови страсти“, тој напиша и хитови како што се „Флешденс“ (1983) и „Маскираниот убиец“ (1985). Во своите признати мемоари од 2004 година „Холивудска анима“, Естерхас понуди брутално искрен поглед на светот на филмската индустрија.

Продуцент со голем број големи проекти

Скот Стубер моментално работи на голем број долгоочекувани наслови. Меѓу нив се „Франкенштајн“ на Гилермо дел Торо за Нетфликс и драмата „Избави ме од никаде“ во режија на Скот Купер. Во вториот филм, ѕвездата од серијата „Мечката“, Џереми Ален Вајт, го игра Брус Спрингстин во периодот кога познатиот музичар минувал низ егзистенцијална криза, од која се роди култниот албум „Небраска“. И двата филма пристигнуваат во кината оваа есен.

Илјадници се собраа во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против мигрантите (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа денеска во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против приемот на мигранти. Митинзите беа организирани од крајно десничарската коалиција „Конфедерација“.

Илјадници се собраа во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против мигрантите (ВИДЕО)

Демонстрантите скандираа „Стоп на имиграцијата!“ и „Стоп на имиграциската инвазија“ и држеа транспаренти на кои пишуваше: „Ова е Полска“ и „Полска за Полјаците“.

YouTube video

Антимуслимански и антисемитски симболи беа забележани меѓу толпите за време на протестите, објави Euronews.

Имаше и контрадемонстранти во неколку поголеми градови.

Протестите против мигрантите беа релативно мирни. Но, во Варшава, полицијата мораше да интервенира кога крајно десничарски хулигани поврзани со фудбалскиот тим Легија Варшава нападнаа група контрадемонстранти.

YouTube video

Конфедерацијата е позната по својата реторика против странците, ЛГБТ лицата и ЕУ. Политичката сила има членови и во полскиот парламент и во Европскиот парламент. На претседателските избори во Полска претходно оваа година, кандидатот на „Конфедерација“ се најде на третото место, а нова анкета за новинскиот портал „Онет“ покажа дека над 30 проценти од испитаниците би го поддржале учеството на „Конфедерација“ во идната владина коалиција.

притисни ентер