„Андроид“ најкористен оперативен систем за паметни телефони - Канал 5

„Андроид“ најкористен оперативен систем за паметни телефони

Ново истражување на аналитичката компанија „Каунтерпоинт рисрч“ (Counterpoint Research) за четвртото тримесеечје од 2024 година потврдуваат дека „Андроид“ (Android) и натаму е најкористен оперативен систем за паметни телефони.

„Андроид“ најкористен оперативен систем за паметни телефони

Податоците говорат дека „Андроид“ сѐ уште ја држи водечката позиција. На второ место е „Епл ИОС“ (Apple iOS), а на трето место е „Хуавеј хармони-ОС“ (Huawei HarmonyOS), којшто постигна значителен раст во Кина во посоченото тримесечје.

Иако продажбата на паметни телефони на светско ниво останува стабилна, аналитичарите сметаат дека на одредени пазари се бележат значителни промени. Во Кина, на пр. „Хармони-ОС“ го престигна „ИОС“ и продолжи со својот брз раст, што ѝ се припишува на поддршката на кинеската Влада, којашто субвенционира купување телефонии што чинат до околу 800 евра, за да го стимулира економскиот развој.

Дополнително, како што се наведува - „Андроид“ го достигна својот најнизок пазарен удел во историјата во клучните подрачја, како САД и Индија. Во САД, продажбата на уредите на „Моторола“ и „Гугл“ донекаде го ублажи падот на помалите производители, додека продажбата на „Ајфон“ падна за само еден отсто. Од друга страна, Индија бележи рекордна продажба на „Ајфони“, при што две третини од продадените уреди се постари модели.

Аналитичарите забележуваат дека овие податоци ја потврдуваат континуираната фрагментација на светскиот пазар на паметни телефони, при што кинескиот пазар сѐ повеќе се одвојува од западните трендови.

„Хармони-ОС“ одржуваше стабилен удел на светскиот пазар од четири отсто преку целата година, останувајќи трет по големина играч во областа на оперативните системи. Но, во Кина го надмина некогаш популарниот „ИОС“. Сепак, „Каунтерпоинт“ во статистиката не споменува дали како дел од истиот систем го сметаат „ЕМУИ“ - глобалната верзија на корисничкиот интерфејс на „Хуавеј“, но истакнуваат дека тоа не ја менува целокупната слика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)

Рутинската контрола на оружјето во баварскиот град Бергнау се претвори во целосна криза со најмалку едно лице загинато и едно тешко повредено, јавуваат медиумите во Германија.

Заложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)

Кризата започна кога двајца локални владини претставници дојдоа во домот на еден маж на рутинска контрола на оружјето. Во ситуација опишана од германските медиуми како „нејасна“, човекот застрелал и убил едно лице, а друго сериозно повредило.

Потоа се забарикадирал во својот дом, а на местото на настанот пристигнале големи полициски сили, вклучувајќи и специјални сили. Хеликоптер кружи над Бергнау, а е донесено и полициско оклопно возило.

YouTube video

Полицијата им нареди на жителите да останат во своите домови и да ја избегнуваат кризната зона.

Портпаролот на полицијата Јонас Краус изјави: „Според досегашните информации, во куќа во Бергнау има маж кој наводно испукал неколку куршуми“.

„Франкфуртер Рундшау“ известува дека на полицијата ѝ било дозволено да влезе во зградата и да го извади телото на убиеното лице. Други медиуми објавија дека телото било пред куќата.

YouTube video

Пошироката област околу општината Бергау во Баварија, која има население од околу 2.600 жители, е блокирана.

Според полицијата, нема опасност надвор од блокираната област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .

Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес  е стабилна и во најголемата енергетска светска криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт.

,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски.

Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива.

,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Продолжуваме посветено и транспарентно да работиме за Брвеница

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, имаше свое обраќање пред присутните на митинг во Милетино при што ја претстави својата визија и дел од проектите предвидени во програмата за развој на општината.

Радичевски: Продолжуваме посветено и транспарентно да работиме за Брвеница

,,Оваа кампања ја започнувам со почит, со достоинство и со човечност. Во изминатиот период бевме сведоци дека проектите се работеа јавно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Ветувам дека тоа е темпото кое јас ќе го продолжам“, рече Радичевски и додаде:

,,Брвеница е наша и заедничка. Нејзината иднина не смее да зависи од тоа кој за кого гласал. Градоначалникот мора да биде градоначалник на сите жители, на оној што гласал за него, но и на оној што не гласал, на оној што има партиска книшка, но и на оној што нема. Затоа што по изборите остануваме соседи, остануваме пријатели, остануваме една заедница. А само со соработката со локалната, централната власт можеме да направиме вистински резултати за граѓаните“.

Тој наброи и дел од проектите од програмата за општина Брвеница, за што кажа дека има конкретни проекти и конкретни рокови за проектите, дел кои се веќе во реализација.

,,Планираме доизградба и реконструкција на општинската зграда. Изградба на систем на водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктурата во индустриската зона Брвеница. За да привлечеме нови инвестиции, да отвориме нови работни места и да создадеме подобри услови за нашите млади, да ја гледаат својата иднина овде, во Брвеница. За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд ,,Млади со идеи“, бизнис инкубатор ,,Мој бизнис, моја општина“, Центар за знаење и практични вештини и програми за поддршка на женското претприемништво и руралниот развој. Затоа што младите не само што се иднина на Брвеница, младите се нејзината сегашност и нивните идеи мора да добијат шанса. Не ги забораваме ниту најмладите, ниту најстарите, градиме нова детска градинка во Челопек, проект кој е во фаза на реализација, ја доградуваме градинката во Брвеница, отвораме дом за стари лица со капацитет до 50 корисници и инвестираме во енергетската ефикасност и пристапност до училиштата за деца со посебни потреби“, истакна Радичевски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер