„Алкалоид“ отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот Омепразол - Канал 5

„Алкалоид“ отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот Омепразол

„Алкалоид“ за првпат во историјата успеа да го развие омепразолот во патентирана течна форма, овозможувајќи нов, практичен и ефикасен пристап во третманот кај овие чувствителни групи пациенти.

„Алкалоид“ отвори нови хоризонти во третманот на ГЕРБ со течниот Омепразол

Како носител на првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност – Омепразол во течна форма: готов за употреба – „Алкалоид“ беше покровител на Првата меѓународна конференција за современ пристап во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти, организирана во Загреб, Хрватска.

Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа на педијатријата, гастроентерохепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата и од фармакологијата, претставници на академската заедница, како и претставници на „Алкалоид“ учествуваа на првиот глобален настан под покровителство на компанијата посветен на најновите достигнувања во третманот на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај доенчињата и кај малите деца.

Настанот во фокусот го имаше првиот патентиран течен Омепразол, иновација која носи значителни подобрувања во педијатрискиот третман на ова често заболување. Омепразолот ѝ припаѓа на групата инхибитори на протонска пумпа и претставува терапија од прв избор при лекувањето на ГЕРБ, традиционално достапен во форма на гастрорезистентни таблети, капсули или прашок за растворање, што ја отежнува неговата примена кај доенчињата постари од еден месец, малите деца, кај пациентите со тешкотии при голтањето, пациентите со гастрични сонди за хранење, како и кај геријатриските пациенти.

„Алкалоид“ за првпат во историјата успеа да го развие омепразолот во патентирана течна форма, овозможувајќи нов, практичен и ефикасен пристап во третманот кај овие чувствителни групи пациенти.

-Овој производ ја потенцира посветеноста на ’Алкалоид’ кон врвни достигнувања во сферата на фармацијата и поставува нови стандарди во генеричкото производство на лекови, со фокус на иновацијата и пазарната диференцијација. Иновативниот лек со додадена вредност на ’Алкалоид’ веќе отвора нови хоризонти во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти, пред сè, во поглед на достапноста на терапијата, што претходно не беше случај, прикажувајќи позитивни резултати во третманот на овие чувствителни групи на пациенти и подобрувајќи го квалитетот на живот на семејствата кои се соочуваат со ова често заболување, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“.

По патентирањето во септември 2023 година, течниот Омепразол за првпат беше пуштен во употреба во февруари 2024 година на пазарите во Македонија и во Обединетото Кралство, а оваа меѓународна конференција претставуваше извонредна можност за размена на клинички искуства, како и за споделување добри практики и иновативни пристапи во педијатриската пракса.

Здравствените професионалци од Македонија, Обединетото Кралство, Белгија, од Словенија, Хрватска, БиХ, Бугарија, Романија, Србија и од Косово дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат во третманот на ГЕРБ, како и за придобивките од воведувањето на оваа иновативна формулација на Омепразол, укажувајќи на неговата ефикасност, безбедност и на подобрената подносливост кај најмалите пациенти.

Тим од експерти од разни области во „Алкалоид“ 6 години работеше на развојот на течниот Омепразол. Иновативниот концепт на овој лек вклучува двокоморно шише за еднократна употреба, кое одделно содржи два раствора – еден со висока pH и еден дилуент. Со мешање на растворите непосредно пред употребата се добива стабилна формулација со оптимална pH-вредност, која ја заштитува активната супстанција од деградација при контакт со желудочната киселина, овозможувајќи соодветна, безбедна и ефикасна примена на терапијата кај педијатриските пациенти, како и кај другите чувствителни групи на пациенти. За да се задоволат специфичните барања во процесот на производство на овој лек, „Алкалоид“ инвестираше во наменски изработена машина, соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот.

Омепразол растворот е достапен на пазарите во Македонија, Велика Британија, Ирска, Романија и Хрватска. Во моментов, производот се наоѓа во постапка за добивање на маркетиншка авторизација во повеќе други земји.

„Алкалоид“

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Шпанските аеродромски власти ќе го ограничат пристапот до аеродромот во Мадрид во одредени делови од денот како превентивна мерка за да се спречат бездомниците да спијат на неговите терминали. 

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Само патници со авионски билети, вработени на аеродромот и оние што придружуваат некого со билет ќе имаат дозвола да влезат на аеродромот, соопшти Шпанската аеродромска управа.

Управата наведува дека ограничувањата ќе бидат спроведени во следните неколку дена, но не прецизираше точно кога или во кое време. Со месеци, на аеродромот во Мадрид на некои терминали се собираат бездомници. Локалните медиуми објавија дека станува збор за стотици бездомници.

„Аеродромите не се места наменети за живеење, туку се инфраструктури исклучиво за транзит, кои во никој случај не нудат соодветни услови за ноќевање“, се наведува во соопштението на Шпанската аеродромска управа.

Управата оваа недела соопшти дека побарала помош од градските власти на Мадрид за решавање на проблемот пред неколку месеци, но дека досега не добила доволно помош.

Префрлањето на вината меѓу властите на различни нивоа го остави нерешен проблемот пред почетокот на летната туристичка сезона. Во 2024 година, Шпанија прими рекордни 94 милиони странски туристи.

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

Собранието денеска ја продолжи 48. седница на која без расправа ги донесе измените на Законот за оружје и измените на Законот за употреба на македонскиот јазик предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

За Предлог измените на Законот за работни односи, поднесени од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе се изјасни кога ќе се создадат деловнички можности.

Претходно, во рамки на 47. седница, пратениците ги донесоа дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање.

Денешното продолжение на 47. седница почна со еден час пауза по барање на пратеничката група на „Левица“ која побара од претседателот на Собранието да побара од генералниот секретар на Владата да одговори на барањето на пратенчката Јована Мојсовска за тоа кој пратеник колку патни трошоци направил.

Костадинов: Кога власта не го гради затворениот базен во Струмица, нека не остават

Давам предлог, нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим и Советот на Општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица.

Костадинов: Кога власта не го гради затворениот базен во Струмица, нека не остават

Давам предлог, нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим и Советот на Општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица, порача градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, од денешната прес конференција што ја одржа пред запуштениот објект на затворениот базен, кој почна да се гради опред скоро две години.

Додаде дека овој предлог го дава за да не излезе дека само ја критикуваат централната власта, но, сепак, очигледен е инаетот што власта го води кон Струмица.

-Очигледно душманскиот пристап со Струмица и струмичани расте и се интензивира веројатно од некаква нивна помисла дека на тој начин ќе можат да ќарат некакви политички поени, но реалноста е сосема друга. Денеска сме пред најавуваниот затворен школски базен којшто веќе требаше да биде изграден во Струмица, почнат од претходната Влада, но гледаме дека истиот е обраснат со трева и нема никакви активности. Инаетот оди до таму да власта од ВМРО ДПМНЕ дури нема чувство за грижа кон дечињата во Струмица коишто овде треба да имаат часови по пливање. Навистина жалам што локалните авторитети, пратеници од ВМРО ДПМНЕ, не преземаат ништо во однос на свесно закочените проекти во општина Струмица, потенцираше Костадинов.

Подвлече дека примерот со закочени објекти не е само со затворениот базен. Ист таков бил и примерот со регионалниот пат А4 Струмица – Дабиле каде, според струмичкиот градоначалник, дефинитивно станало јасно дека свесно се кочат експропријациите и затоа изведувачите не можат да си ја завршат работата за проекти за кои Општината сака да ги реализира.

притисни ентер