„Alea iacta est!“: Барт Де Вевер и формално доби мандат за формирање нова Влада на Белгија - Канал 5

„Alea iacta est!“: Барт Де Вевер и формално доби мандат за формирање нова Влада на Белгија

Белгискиот крал Филип доцна синоќа и формално му го довери мандатот на лидерот на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер за формирање нова Влада на Белгија, соопшти Кралската палата во Брисел. 

„Alea iacta est!“: Барт Де Вевер и формално доби мандат за формирање нова Влада на Белгија

Ваквиот одлука на кралот уследи откако синоќа беше соопштено дека петте партии кои преговараа за формирање на нова Влада на Белгија постигнале договор за програмата на идниот владин Кабинет.

По ова Де Вивер беше примен од кралот Филип, кого го информирал дека петте партии од „Аризона“ коалицијата - Н-ВА, валонското либерално Реформско движење (МР), валонската центристичка партија Посветените (ЛЕ), фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт) и десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ), склучиле коалициски договор.

Постигнувањето на договорот беше овозможено откако идните коалициски партнери ги усогласиле ставовите околу даночната политика, пазарот на трудот и пензиските реформи.

Де Вевер по аудиенцијата кај кралот на социјалните мрежи објави: „Alea iacta est!“ (Коцката е фрлена) заедно со емоџи кое означува „победа“ и фотографија од неговата средба со монархот.

Де Вивер имаше док до вчера да го извести шефот на белгиската држава за резултатите од неколкумесечните преговори за формирање нова Влада, по изборите одржани на 9 јуни минатата година.

По објавувањето на информација за постигнатиот договор за формирање на нова Федерална влада, се огласи лидерот на опозициската екстремно левичарска Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ), Раул Хејдебау, кој најави дека „ќе ја натераат идната Влада да отстапи“.

- Тие ќе ни ги намалат средства за пензиите, ќе ни ги замрзнат платите, ќе ја уништат нашата социјална заштита, итн., изјави Хејдебау.

На јунските избори Н-ВА освои 24 пратеници, пред националистичката и десно популистичка Фламански интерес (ВБ) и РМ со по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) со 16, ПВДА/ПТБ со 15, ЛЕ со 14, Вуројт со 13, ЦДВ со 11, Отворени Фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) со 7, Зелените со 6, Еколо со 3 и бриселската регионална либерална партија Независни федерални демократи (ДЕФИ) со 1 мандат.

Неколку недели по изборите, белгискиот крал Филип му довери задача на Де Вевер да се обиде да состави нова владина коалиција, но кон средината на август тој го врати мандатот. По ова, кралот на 23 август го задолжи лидерот на ЛЕ, Максим Прево да посредува во обидите за формирање нов владин кабинет. На 1 септември Прево изјави дека неговата мисија била успешна и дека петте партии потенцијални коалициски партнери ја потврдиле „својата решеност да ги спроведат важните структурни реформи, кои треба да ја вратат Белгија на колосекот на просперитетот и благосостојбата за нејзиното население и економија“. Веќе следниот ден кралот Филип одново го задолжи Де Вевер да ги продолжи преговорите за формирање идна владина коалиција, за што првичниот краен рок беше 23 септември, но тој потоа беше продолжуван во неколку наврати. Последниот „краен рок“ што кралот му го даде на Де Вевер истекуваше вчера.

Инаку, името „Аризона“ на потенцијалната идна владина коалиција потекнува од боите на петте партии – жолта (НВ-А), сина (МР и ЛЕ), црвена (Ворујт) и портокалова (ЦДВ), кои се и на знамето на американската сојузна држава Аризона. Актуелната владина коалиција во Белгија се нарекува „Вивалди“, како алузија на делото на композиторот Антонио Вивалди, „Четири годишни времиња“, бидејќи Владата ја сочинуваат либерали, социјалдемократи, демохристијани и екологисти. Таа беше формирана во октомври 2020 година, 494 дена по изборите одржани на 26 мај 2019 година./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месеца

Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад.

Општина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месеца

Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини.

На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден транспорт до „Дрисла“ за симболичен надоместок.

Работиме за почист Аеродром, но чистата животна средина е заедничка одговорност. Да не создаваме диви депонии, да ги користиме достапните услуги и да го чуваме местото во кое живееме.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)

Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со видеа од ноќно излегување во еден белградски ресторан. 

Снимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)

Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со толпата, на социјалните мрежи особено се прошири видео во кое неговото расположение, барем очигледно, наеднаш се промени, објави Индекс.

Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан Саванова, познат и како „Ќаци бар“, каде беше организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, се собраа и главниот уредник на Информер Драган Ј.Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ.

Пее песна на Оливер Драгојевиќ

Вучиќ на социјалните мрежи објави видеа од собирот, а на нив може да се види како пее, разговара со публиката и ужива во весела атмосфера. Во текот на вечерта беше испеана и песната на Оливер Драгојевиќ „A sad adio“.

Но, додека некои го коментираа неговиот настап и доброто расположение, други се прашуваа дали тој испил уште неколку пијачки во текот на вечерта. „Дали е пијан? праша еден корисник на социјалните мрежи.

„Пијан како кафеана пее „Тажно адио“, усните му се поцрнети од виното. Катастрофа што личи на човек кој ја водел оваа земја 14 години“, напишал друг корисник.

Од песна и радост до празни погледи

Посебно внимание привлече видеото што го сподели новинската агенција NEXTA. На него се гледа како Вучиќ по учеството на веселбите во еден момент молчи и замислено гледа пред него.

Ненадејната промена на изразот на лицето не остана незабележана од корисниците на социјалните мрежи, кои набрзо почнаа да го споделуваат видеото со бројни хумористични коментари. NEXTA се пошегува дека поранешниот српски претседател изгледа како само да се сетил на изборните резултати.

„Филмот на Кустурица“, „Мамо, дојди земи ме“...

Видеото набрзо стана повод за низа шеги и споредби, а многумина конкретно се осврнаа на замислениот израз на лицето на Вучиќ во разиграната атмосфера.

„Филмот на Кустурица“, кратко коментираше еден корисник, а друг напиша: „Кога ќе ми кажат да појадувам попара во градинка“.

Некои ја споредија сцената со текстот на песната: „Насекаде околу мене, луѓе, жени... и јас сум како пуст остров“, додека еден корисник едноставно рече: „Мамо, дојди земи ме“.

Споредбата со личност која се обидува да покаже колку се забавува на социјалните мрежи по раскинувањето стана особено широко распространета.

„Овој човек како лик кој објавува приказни по раскинувањето покажувајќи дека сето тоа одлично го сфатил и дека, иако заедничките пријатели се на нејзина страна, тој има и тим со кој може да поминува време во градот“, стои во еден од коментарите.

Меѓу реакциите имаше и кратка порака: „Еден човек никогаш немал среќа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати

Повеќе од 400.000 работници во автомобилската, машинската и електроиндустријата во Германија излегоа на улиците и организираа предупредувачки штрајкови откако пропаднаа неколку рунди преговори за плати, објави синдикатот IG Metall.

Штрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати

Според AFP, податоците на синдикатот покажуваат дека околу 413.000 работници учествувале во штрајкови од минатиот викенд до петок, пренесе Кликс.

Првите собири пред фабричките порти започнаа во недела, 1 ноември, на полноќ, кога истекоа претходните договори за плати. Со нивното истекување, заврши и законската обврска на синдикатите да се воздржат од штрајкови.

Штрајкови во повеќе од 2.000 компании

Синдикатот IG Metall најави предупредувачки штрајкови во повеќе од 2.000 компании низ Германија само за оваа недела.

Барањата на синдикатот се фокусирани на:

• Зголемување на платите за седум проценти, со дополнителни подобрувања за работниците со најниски приходи.

• Зачувување на постојните работни места и локации за производство.

• Учество на вработените во распределбата на профитот на компанијата.

Од друга страна, за време на втората рунда преговори, работодавците презентираа понуда за трајно зголемување на платите од 1,3 проценти, со имплементација дури од јули 2028 година.

Синдикатот го окарактеризираше таквиот предлог како провокација која, како што наведуваат, всушност би им донела на работниците вистински пад на приходите.

„Работниците се борат за иднината на своите семејства и своите работни места. Тие очекуваат значително зголемување на куповната моќ и поконкретно преземање на обврските и инвестициите на работодавците“, рече главниот преговарач на IG Metall, Надин Богуславски.

Богуславски додаде дека синдикатите излегле со фер и флексибилна понуда и дека во овој момент потегот зависи од работодавците.

Преговорите меѓу двете страни ќе продолжат следната недела. Синдикатот предупредува дека штрајковите ќе траат значително подолго доколку работодавците не одговорат на барањата. Во овие преговори директно се вклучени повеќе од 3,7 милиони работници вработени во еден од клучните сектори на германската економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер