СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци
2СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци
Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
Магазин Ако и при најмал удар ви се појавуваат модринки, можеби ви недостасува овој витаминАко имате и други симптоми, како умор и чести инфекции, посетете го вашиот лекар.Модриците настануваат кога ситните крвни садови под површината на кожата ќе пукнат, поради што крвта продира во околното ткиво. Иако, во повеќето случаи, не се причина за грижа, начинот и нивната честа појава може да бидат сигнал дека на телото му недостасува нешто. Улогата на витаминот Ц Ако ви се чини дека модриците се појавуваат од ништо, тоа може да виде знак за сериозен недостаток на витаминот Ц. Него најчесто го има во зеленчукот како кељ, прокељ, брокула, зелка, но и во цитрусното овошје, јаготките, бобинките... Тој е силен антиоксиданс и клучен за здравјето на кожата, коските и сврзивното ткиво, го поттикнува заздравувањето и му помага на телото во апсорпција на железото. Човековиот организам не може сам да го произведе ниту долгорочно да го складира витаминот Ц, па важно е секојдневно да се внесува. Препорачаната дневна доза е 75 мг за жени и 90 мг за мажи, а најдобро е да се внесува преку свежо овошје и зеленчук. Свежите намирници содржат значително повеќе витамин Ц од готвените, замрзнатите или конзервираните. Ако не го внесувате доволно преку исхраната, решение може да бидат и суплементите, но лекарите предупредуваат да се внимава и дневната доза да не надминува 2.000 мг. Не станува збор секогаш за недостаток на витаминот Ц Сепак витаминот Ц не е единствена причина за појавата на модрици. Како што наведува главниот медицински уредник на “Harvard Health Publishing” за магазинот Вог, модриците може да се појават и поради недостаток на цинк или витамини од Б групата. Иако недостатокот на витамин Ц денес се смета за редок во развиените земји поради неговата достапност преку разновидна исхрана, стручните лица предупредуваат дека недостатокот најчесто се поврзува со лоша исхрана. Во такви случаи истовремено често се јавува и недостаток на други важни хранливи материи. Кога да побарате совет од лекар Иако појавата на модрици може да биде и поради земање лекови за разредување на крвта, стареење на кожата и употреба на кортикостероиди, кај тежок недостаток на витамин Ц, може да се појават и други симптоми, крварење на непцата, сива и безживотна кожа, чести инфекции, необично виткање на влакненцата и ситни црвени точки околу фоликулите на влакната, пишува tportal. Ако се сомневате дека имате недостаток на витаминот Ц или некои други витамини, најпаметно е да побарате стручен совет од лекар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко ФилипчеИслам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче, откако обинителките од поранешно СЈО со години го чуваа во фиока.Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани. Филипче и Заев, наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема, за чие поставување и одобрение ќе издава Министерството за здравство или, Венко Филипче како тогашен министер. Ова значи дека Венко Филипче носи директна одговорност за поставувањето на модуларните болници, и секако и за трагедијата што се случи во Тетово. Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации, ниту пак направил елаборат за електрична енергија, со што е директен виновник за пожарот на 8 септември, а исто така, не смееме да заборавиме дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица. Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење. И тоа, на само месец дена од заминување од челната позиција во обвинителство, Абази си ги одработува последните нарачки за заштита на своите шефови и спас на Венко Филипче од кривичен прогон. Но, затворањето на предметот не значи дека вистината е засекогаш затворена, може да се случи да се појават нови докази и постапката може повторно да биде отворена. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на целосно расчистување на трагедијата во Тетово и на одговорност за сите кои направиле пропусти или злоупотреби, затоа што правдата за 14-те загинати не смее да остане во фиока. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоциХристијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек.Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката. Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не нѐ известил. Влече тешка медиумска артилерија од Србија за да ги зајакне орбановите 40 проценти. Целта е целосен медиумски мрак. Граѓаните да не знаат кога водата е отруена. Да не знаат дека нема пари. Пет недели да не знаат резултати од анализи. Да знаат само што ќе им кажат Латас и увезените емисии. А опозицијата да ја викаат - "убијци". Има апсолутна власт. Има двотретинско мнозинство. Има претседателка, влада, Собрание и мнозинство во најголем број општини. Избори закажува тој, кога сака. Не му треба ни наша согласност, ни туѓа храброст. Му треба алиби. Да не каже дека касата се празни. Да не каже дека за коруптивни тендери веќе нема простор за ново задолжување. Да каже: нѐ предизвикаа. Ние само одговоривме. СДСМ нема да му го даде тоа алиби. Не бараме ние негови избори за да му го покриеме банкротот. Избори ќе закаже кога ќе снема пари. Тоа е неговиот календар, не нашиот. Веќе се јавија и тие што секогаш се јавуваат кога треба да се одигра претставата. Истиот ден по неговата реченица, дојде повик да се распушти Собранието и да се утврди датум. Практично. Брзо. Како по нарачка. Граѓаните знаат кој во оваа драма секогаш ја зема споредната улога за главната да остане чиста. Тоа не е опозициски притисок. Тоа е услуга. Мицкоски нека не се крие зад кукавици, зад туѓи соопштенија и зад братот од Белград. Ако сака избори, нека ги закаже. Самиот. Со свој потпис. И нека излезе пред граѓаните со празниот буџет, со водата во Гостивар, со починатите во Скопје, со 5.000 отруени, со пиперката од 40 денари и со фрижидерот и паричникот што се празни. Па нека објасни како сме трета економија во Европа, како платите се поголеми за 70 проценти, пензиите повисоки за 325 проценти, што ќе биде со вториот пензиски столб, со цената на нафтата, со ѓубривото, со првото место по туризам, со лидерството во авио-сообраќајот. Единствено што мора да пронајде е нова мета за националистичка кампања. Предавници и патриоти, само сега во нов облик. Бидејќи резултат нема, ќе измисли проблем. На пример - меѓуетнички. Тоа му треба на Мицкоски. Тоа му треба и на Вучиќ. Ние нема да му бидеме алиби. Граѓаните ќе бидат сведоци. Сведоци на водата што се крие, на мракот што се увезува, на кампањата што го нарекува убиец оној кој бара одговор, и на избори што се кројат кога ќе снема пари за криминални тендери. Не кога ќе има резултат. Ние сме спремни со народ, со тим и со план, кога и да бидат. Не сме спремни да му бидеме изговор. Власта ја доби за четири години. Нека каже самиот, а не да прави претстава. Нека престане да ги рециклира изборите секогаш кога нема што да покаже. Народот го гледа! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот ИстокИ, носачот на авиони „Абрахам Линколн“ замина од Блискиот Исток. Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски претставник. Официјално лице изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News) дека американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ пристигнал на Блискиот Исток за да го замени „УСС Абрахам Линколн“, кој испловил од Сан Дијего на 21 ноември со околу 5.000 членови на екипажот. Американската војна со Иран, која започна кон крајот на февруари, ја продолжи мисијата и го зголеми обемот на нивните обврски, при што „УСС Абрахам Линколн“ служеше како појдовна точка за илјадници летови на авиони за време на нападот врз Иран. Членовите на семејствата на американските морнари јавно изразија загриженост поради влошеното ментално здравје на екипажот на бродот, како и поради санитарните услови и недостигот на храна, по што бродот „УСС Абрахам Линколн“ беше посетен од командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер. На носачот на авиони ќе му бидат потребни околу три недели за да се врати во Сан Диего.Тагови: носач на авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook