Магазин Адвокат за разводи: „Мажите изневеруваат почесто, а жените повештo“Адвокатот за разводи од Њујорк, Џејмс Секстон, со повеќе од дваесет години искуство во сложени бракоразводни парници, сподели своите согледувања за неверствотоАдвокатот за разводи од Њујорк, Џејмс Секстон, со повеќе од дваесет години искуство во сложени бракоразводни парници, сподели своите согледувања за неверството. Тој ги објаснува клучните разлики помеѓу мажите и жените кога изневеруваат, како и различните реакции на неверството од нивниот партнер. Кој изневерува почесто, а кој подобро? На прашањето кој пол изневерува почесто, Секстон одговори дека неверството им се случува и на мажите и на жените, но дека постојат разлики. Според неговото искуство, „мажите изневеруваат почесто, но жените го прават тоа подобро“. Тој објаснува дека жените се подобри во прикривање на трагите, поради што е помала веројатноста да бидат откриени. „Жените одат на сè или ништо, знаете?“, рече тој. „Повеќето мажи прават глупави работи“. Различни реакции на неверството Секстон нагласува дека не секое неверство е исто и дека мажите и жените реагираат сосема различно кога ќе откријат неверство. „Кога мажот ќе открие дека неговата сопруга го изневерувала, првото прашање што го поставува е: „Спиеше ли со него?“, тврди адвокатот. „Кога жената ќе открие дека нејзиниот сопруг ја изневерил, таа обично прашува: „Дали ја сака таа личност?“ Според неговото толкување, оваа разлика открива многу за динамиката на врската. Прашањето на жената всушност значи: „Дали ти значи тој однос?“ или „Дали таа личност ти е поважна од мене?“ Од друга страна, прашањето на мажот честопати се сведува на: „Дали некој го допре она што е мое?“ или „Дали некој ја зеде мојата сопственост?“ Секстон заклучува: „Тоа покажува како се вкоренети нашите ставови за бракот и партнерството.“ Причина или последица на разводот? Неверството, вели Секстон, е фактор во голем број разводи. Понекогаш е тешко да се каже дали аферата била вистинската причина за раскинувањето или само симптом на брак кој и онака бил на работ. Често, вели тој, разводот можел да се очекува дури и пред да се случи неверството. Адвокатот, исто така, се осврна на Десетте заповеди како доказ дека неверството е проблем низ историјата. Сепак, тој не може со сигурност да каже дали неверството е причина за развод или само индикатор дека бракот е завршен. Но, со сигурност тврди дека двата елементи се речиси секогаш поврзани. „Ако прашате во колкав процент од разводите неверството има улога, би рекол дека во околу 75 до 80 проценти од случаите“, заклучува Секстон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter