„300 000 книги во Матица“ - саемот трае до крајот на месецов - Канал 5

„300 000 книги во Матица“ - саемот трае до крајот на месецов

Од 20 јануари, традиционално, 14 години, Клубот Матица го започнува Саемот на книгата „Книга во секој дом“. Годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“, на читателската публика ќе и бидат понудени наслови од комплетната домашна и странска продукција.

„300 000 книги во Матица“ - саемот трае до крајот на месецов
Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании како Харпер Колинс, Парагон, Трансворлд, Те Неус, Орион, Лагуна, Делфи, Вулкан и др., ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светската прозаистика, архитектура и уметност, најбараните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата,гастрономија, лексикографија, ениклопедии, книги за најмалите,креативни проекти итн.

Како што истакнуваат од „Матица“ основната девиза на организацијата на ваквите манифестации е дека „културата се наметнува, а традицијата се негува и одржува“. Врз основа на оваа девиза, 14 години Клубот Матица ја создава и гради навиката и љубовта кон книгата, а големиот број на читатели и вљубеници во книгата, само ја потврдува исправноста на патот по кој Матица чекори. Годинава понудата е огромна и со сигурност можеме да кажеме дека има книги за сечиј вкус и книги за сечиј џеб. Како едно големо освежување се најавува и официјализирање на стратешкото партнерство со најголемиот балкански издавач „Лагуна“ од Белград, и отворање на Лагуна клубот во Скопје со нови 2000 наслови од најновата светската книжевност.

Во прилог на овој допис, испраќаме и статистички податоци за периодот од 14 години вклучувајќи ги почетоците на создавањето на Саемот „Книга во секој дом“ од 2000 година, заклучно со минатата, 2013 година. Ако во 2000 година, книгите на македонски јазик биле застапени со само 7% од вкупната продажба, во 2013 година македонската продукција е застапена со огромни 83%. Бројот на читатели-членови во 2000 година бил 1700, за во 2013 година да порасне на 31,329. За 8 пати е зголемена квантитативната продажба на книги, за 50 пати е зголемена продажбата на книги на македонски јазик, за 30 пати е зголемена читателската публика, а вкупно се продадени приближно 800.000 книги.

Ваквите податоци само ја потвтврдуваат исправноста на постоењето, организирањето и реализацијата на овој Саем на книгата и на овој начин директно се покажува фактот дека во Република Македонија има читателска публика која бара своја форма за анимација и се разбира, прилагодување на цените на пазарот. Ширењето на љубовта кон книгата и развојот на културата во нашата држава е од непроценливо значење за развојот на самото општество. Фактот што реномираната и најголемата светска агенција Крафорд ја издвои Македонија како лидер во регионот по број на читатели е само уште една потврда за развојот на културата во општеството.

Саемот на книгата „Книга во секој дом“ секоја година е подржан и паралелно се одржува во сите поголеми градови во Македонија како Охрид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Струга, Неготино, Гостивар...

Започнавме со „читај секаде“, продолжуваме со „читај повеќе“
14 години љубов кон книгата
„Клуб Матица“ на Булеварот на Книгите

20-31 јануари
„Книга во секој дом“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. 

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица.

Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици.

Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед.

„Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда.

Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи.

Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот.

Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“

Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави!

Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион.

Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил .

„Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце.

Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час!

Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари.

Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид.

Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења.

На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер