Љубителите на хуморот и сатирата имаа прекрасна можност да го проследат настапот на врвните македонски афористичари Иван Карадак, Миле Ѓорѓијоски, Ристо Филчевски, Димитар Вилазорски и други, како и на нивните колеги од соседните држави Србија и Бугарија.

Со одлука на фестивалската жири комисија добитници на првите награди се Иван Карадак за афоризам и Миро Георгиевски за карикатура, што им ги врачи градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански.

Во  фоајето на спомен домот АСНОМ се одржа и промоција на пет книги од областа на хуморот и сатирата, издадени во периодот меѓу второто и третото издание на „Пијанец 2014“. /МИА

Датум на објава: сабота, 27 септември 2014 во 10:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар