Бунтот избил синоќа, но за кратко време е ставен под контрола за подоцна затворениците повторно да се организираат и да започнат со подметнување на пожари, во кои настрадал еден затвореник.

Потоа затворениците успеале да фатат тројца чувари и да ги држат како заложници, откако преговорите не успеале  безбедносните сили  влегле во затворот за да го прекинат бунтот на затворениците. Според официјалната власт, безбедносните сили влегле во затворот Кедерејет на периферијата на Монтереј и употребиле сила за да ги заштитат чуварите и останатите затвореници.

Државниот обвинител Бернардо Гонзалес изјавил дека во бунтот се убиени 16 затвореници, најголем дел од нив се оние кои издржувале казни за најтешки злосторства. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 11:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар