Четири згради на островот Свети Мартин, кои ги делат Франција и Холандија, целосно се уништени, изјави францускиот министер за внатрешни работи Џерар Коломб.

Освен тоа, поради ураганот прекинати се сите комуникациски мрежи меѓу Франција и островот.



Ирма, која важи за најсилниот ураган кој го погодил Атлантикот, прво налетал на островот Антигва и Барбуда, пред да прејде на францускиот остров Свети Вартоломеј и Свети Мартин.

На островите Свети Вартоломеј и Свети Мартин причинета е значителна штета, изјави француската министерка за прекуморските територии, Аник Жирарден.

Ураганот ги откорнал покривите на куќите и прекинал далеководите на двата острови. По наводите на властите во Гвадалупе и соседните острови, пожарникарната станица на Свети Вартоломеј е под метро вода и ниедно возила за помош не може да се движи.

Како што се наведува, седиштето на владата на Свети Мартин е делумично уништена и целиот остров нема струја. Струјата исто така делумично е прекината на поголемиот остров Гвадалупе, каде опасност од ураганот е намалена, иако и понатаму постои опасност од поголеми поплави.

Ураганот со пречник од 50 километри, остана околу час и половина над островот Свети Вартоломеј и потоа се премести на над островот Свети Мартин.

Разорната моќ на ураганот денеска ќе се засили над тие два острови, а климаксот се очекува да го достигне вечерва. Веќе се измерени удари на ветер со брзина од 360 километри на час.



Ураганот Ирма ја достигна најголемата категорија на ураган – петтата и ударите на ветрот се скоро 300 километри на час. Според проценките, површината на Ирма е поголема од површината на американската држава Охајо. „Тоа е ѕвер“, сликовито на твитер напиша еден новинар.

Можно е Ирма во текот на викендот да стигне и до американската сојузна држава Флорида, а медиумите јавуват дека во тој случај би била уништена вилата на претседателот на САД, Доналд Трамп. Сепак, метеоролозите истакнуваат дека рано е за било какви проценки.

Центарот на бурата денеска до пладне по локално време би можел да пројде на околу 50 километри од Порторико.



На островот Свети Мартин еден Британец објави пост на твитер додека барал засолниште под бетонските скали. Напишал дека бил сведок на апокалиптично сценарио и додал: „Ова како на филм кој никогаш не сакам да го видам“.

Исто така еден од жителите напишал: „Тоа што досега не ви го рекле е колку ураганите се топли. Буквално се препотувам“.



Сите се евакуирани и се наоѓаат под бетонските скали во зградата. Звукот на ветрот е прегласен. Молете се ова наскоро да заврши. Боже мој, каква е оваа бука! Тоа е како да стојам зад млазен мотор! Постојано бам и бенг. Барем бетонските скали не се движат“ – додаде еден од сведоците.

Многумина на Атигва и Барбуда останаа без струја, а околу 1.000 луѓе ноќта ја поминаа во засолништа.

„Застрашувачко е,....поголемиот дел од островот е во мрак и тоа е многу застрашувачки“ – изјави еден од сведоците.

Датум на објава: среда, 06 септември 2017 во 17:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар