62- годишниот Луис Камилери е најновото ,,момче “ на супермоделот Наоми Кембел . Тој е тутунски бос , еден од сопствениците на Филип Морис и директор на Ферари . Неговото богатство е проценето на 150 милиони фунти . Двојката ужива на тајни средби и патувања со неговиот приватен авион.


Тие се сретнале на една од трките на Формула . Британските медиуми објавија дека тајните средби се случуваат со недели и оти Наоми и Луис се многу заљубени.

Луис е разведен , татко на три деца , а се школувал во Британија и Швајцарија.

Претходнои Наоми беше во врска со рускиот милијардер , 54 – годишниот Владислав Доронин. Таа изгледа подобро од секогаш , а своето тело го покажа на социјалните мрежи и тоа додека вежба јога. Погледнете . 

Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 14:26
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:44

коментари

остави коментар