Кога 50 годишната Менди Мајлс, сопственичка на хотелот,  слушнала женски врисок, се качила до собата и видела ужасна цсена - Метју Вилијамс кој само две недели претходно излегол од затвор, го јадел лицето на девојката. Менди веднаш повикала полиција која пристигнала за 14 минути.

Ова се дознава од судскиот процес кој е во тек, за убиството на 22 годишната Сајрус Јем кое се случило во 2014 година.

- Тој беше врз неа, насекаде имаше крв. Неговата глава беше врз нејзиното лице. Изгледаше дека ја јаде - вели Менди.

Истата глетка ја виделе и неколку гости од хотелот кои ја отвориле вратата на собата на хоророт 5 минути пред да стигне полицијата. Меѓу нив и сиот на сопственичката на хотелот.

Трагичните и застрашувачки детали од убиството повторно излегоа на виделина. Метју бил онеспособен од полицијата и набргу потоа починал. Но кој е виновен за злосторот?

Метју боледувал од параноидна шизофренија и од затворот бил пуштен без лекови. Неговата мајка до денеска тврди дека тој наместо да го помине половина живот в затвор требало да биде сместен во болница.

Датум на објава: недела, 19 март 2017 во 10:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар