Снежна покривка до изутрина (во см.): 2 Гевгелија, 3 Дојран, 8 Скопје-З.Рид, 9 Прилеп, 10 Претор, Скопје Петровец, 11 Охрид, 12 Виница, 14 Д. Капија, Штип, 16 Битола, 17 Струмица и Куманово, 18 Кр. Паланка, 24 Крушево и Дебар, 26 Ѓуриште, 28 Тетово, 30 Берово, 35 Тополчани, 43 Пожаране, 44 Лазарополе, 68 Маврови Анови.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 1 Ѓуриште, Крушево, Претор, Кр. Паланка, Скопје-З.Рид, Штип, Маврово, Битола, Куманово, 2 Тетово, Пожаране, Гевгелија, 4 Дојран, 6 Виница, 9 Струмица, 10 Берово.

Времето денес (11.01 2017 год.): Во јужните и источните делови претежно облачно, претпладне и околу пладне со локални врнежи од снег. Во северозападните делови сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот слаб снег ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3 степени.

Метеоролошки параметри за Скопје: T= -7 °C, P= 983 hPa, U= 52 %, V= 2 m/s.

И утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава со температури под -15 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Позначителен пораст на температурата ќе има во петок, кога ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни.

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата. 

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 11:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар