Книгата зборува за едно момче што ќе биде одведено во дом за деца со посебни потреби, но домот е многу повеќе од дом за деца со посебни потреби, тоа е еден засебен универзум, а штитениците на домот не се лица со посебни потреби, туку тоа се лица со посебни можности.

Романот е објавен со поддршка на Институтот за книжевни преводи на Русија.

Маријам Петросјан (1969) е руска писателка со ерменско потекло. Родена е во Ереван, каде што работела во филмското студио „Ерменфилм“. Нејзиниот прв роман „Домот во кој...“ станал бестселер уште со појавувањето во 2009 година, а таа ја освоила книжевната награда „Руска премија“, која им се доделува на автори што пишуваат на руски јазик. /МИА

Датум на објава: понеделник, 09 јануари 2017 во 11:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар