Грчкиот тим е исфрлен, а нивната федерација ќе плати и 25.000 евра казна, плус трошоци што можат да се појават. Натпреварот меѓу Македонија и Грција е регистриран со службен резултат од 10:0 за Македонија.

Оваа одлука е донесена откако грчката репрезентација се повлече од теренот на мечот со Македонија. Тоа го сторија затоа што на опремата на нашиот тим што ги носат официјалните лица од нашата репрезентација пишува Македонија. Грција бараше да ги извадат маичките, а откако тоа не беше сторено, побараа тајм аут, се консултираа со нивната федерација и по тоа го напуштија теренот. Претходно им сметаше и логото на првенството.

Во меѓувреме како што и се очекуваше, се обидоа во ЕХФ да издејствуваат казна за македонската репрезентација РФМ и да го добијат мечот службено. Сосема очекувана реакција која не минува во Виена.

Датум на објава: среда, 02 август 2017 во 10:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар