- Таа е многу интересен играч, па веднаш ќе ја приклучиме кон тимот. Доаѓа кај  нас, бидејќи нејзиниот репертоар во играта е одличен. Покрај одличните индивидуални квалитети, ќе се обидеме да ја инкорпорираме и во нашиот колектив, рече за Митова тренерот Оливера Кецман, која до минатата недела беше во Македонија на кампот на Кире Лазаров.

Младата ракометарка која го носеше дресот на двата вардарови тима, досега има одиграно шест натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.

Во Данска следната сезона, ќе игра нејзината доскорешна клупска колешка, Наташа Нолевска, која потпиша за Виборг.

Датум на објава: понеделник, 10 јули 2017 во 22:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар