Тој заедно со Асафа Пауел, Јохан Блејк и Никел Ашмеда истрчаа време 37,27 секунди доволно за највисоко место на победничкиот подиум.

Изненади Јапонија со освојување на второ место (37:60) трети беа спринтерите на САД со време 37.64.

Болт претходно беше најбрз и на трките на 100 и 200 метри.

Ова е деветто олимписко злато за Болт по што се изедначи Американец Карл Луис, кој исто така има освоено девет најсјајни одличија на Олимпијадите.

Синоќа се одржаа уште четири финалиња во атлетските дисциплини.

На 4х100 метри во женска конкуренција победија САД, пред Јамајка и Велика Британија.

Во фрлање кладиво Дилшод Назаров од Таџикистан го освои златото, Иавн Чикан од Белорусија беше втор, а бронзата отиде кај Војчик Новицки од Полска.

На трката на 5.000 метри најбрза беше Вивијан Чериот од Кенија, пред сонародничката Хелен Обири и Алмаз Ајана од Етиопија.

Во скок со стап најдобар резултат оствари Екатерини Стефаниди од Грција 4.85 метри, пред Сенди Морис од САД 4.85 и Елејза Мекартни од Нов Зеланд 4.80 метри. /МИА

Датум на објава: сабота, 20 август 2016 во 09:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар