ТенисЗверев го освои Мастерсот во Париз и се „зацементира“ на второто место на АТП, Ѓоковиќ паднаГерманскиот тенисер Александар Зверев го освои Мастерсот во Париз откако беше подобар од домашниот тенисер Уго Амбер, кого го совлада со 6:2, 6:2.Амбер направи неколку чуда во Берси, но на крајот не успеа да го освои пехарот, бидејќи Зверев покажа целосна доминација во финалниот меч. Зверев беше доминантен на сервисот, на противникот не му дозволи ниту една брејк топка, додека двапати во двата сета му одзеде сервис за рутинска победа. Со оваа победа Зверев освои 1.000 АТП поени и со тоа го надмина Карлос Алкараз. Веќе се знаеше дека ќе му се заканува на 2. место со влез во финалето, а со освојувањето на титулата само го „зацементира“ второто место пред завршниот Мастерс во Торино. Прв во светот и натаму е Јаник Синер со 11.330 бодови, Зверев има 7.715, третопласиран е Алкараз со 7.210, а значително подолу се Данил Медведев со 5.230 и Новак Ѓоковиќ со 5.210. Да потсетиме, Ѓоковиќ не настапи во Париз и загуби 1.000 бода, бидејќи ја бранеше титулата, па по турнирот во Берси ќе биде на послаба позиција за едно место, бидејќи беше претекнат од Данил Медведев. Се уште не се знае дали Новак ќе игра на завршниот Мастерс во Торино, бидејќи математички се уште нема обезбедено место меѓу осумте најдобри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаЌе станат ли минато казината и обложувалниците во близина на училишта и детски игралишта?-Казина или обложувалници спроти училишта и детски игралишта. Ваквата слика може да стане минато доколку новиот закон за игри на среќа го мине собранискиот филтер и стапи на сила.Според владиниот предлог освен оддалеченост од 500 метри на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и ограничување за рекламирање, „коцкарниците“ ќе треба да исполнуваат европски критериуми бидејќи текстот предвидува воведување на стандарди за спречување перење пари и финансиски криминал, при што секој автомат ќе биде електронски поврзан со системот на УЈП, што ќе овозможи надзор врз неговата локација и работење. Дел од граѓаните кои ги пресретнавме пред камерата на Канал 5 велат дека ја поддржуваат идејата објектите за обложување да се дисклоцираат подалеку од очите на децата и младите. Некои пак, сметаат дека има побалансирано решение. Сепак во предложениот член 24 од Законот стои дека спортските обложувалници би се изземале од правилото да бидат на 500 метри од училишта, но доколку се толку блиску до образовна установа нема да смеат да работат со видеолотариски апарати или електронски игри на среќа. Предлог-законот, кој веќе го мина првиот чекор во законодавниот дом во Комисијата за финансирање и буџет, не е прв обид за ограничување на пристапот на децата и младите до обложувалниците и казината. И во 2024 година имаше собраниска постапка за слично законско решение, со кое се предвидуваше спортските обложувалници и казината да бидат на 500 метри од училишта. Законот беше изгласан во Собранието, но не стапи на сила бидејќи тогашниот претседател Стево Пендаровски не го потпиша указот и го врати во Собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМарта Кос на почетокот на јули доаѓа во СкопјеПо посетата на Антонио Кошта и средбите на македонскиот државен врв со европските лидери, во Скопје на почетокот на јули доаѓа и еврокомесарката за проширување Марта Кос.Посетата за Канал 5 ја потврдуваат извори од МНР кои велат дека таа е најавена и очекувана, но точниот датум и агендата допрва ќе се утврдуваат. Посетата на Кос на земјава инаку, доаѓа во период кога повторно се отвораат прашањата за деблокада на македонските евроинтеграции, по одржувањето на самитот Европска Унија- Западен Балкан во Тиват, но и нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за забрзана и постепена интеграција на земјите-кандидатки во УнијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за македонските евроинтеграции Опозицискиот лидер Венко Филипче е на став дека историските спорови со Бугарија и работата на мешовитата комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите, туку билатерално прашање меѓу двете земји. Според него тоа го потврдила и претседателката Сиљановска Давкова во нејзиното последено интервју во кое меѓу другото вели дека „Македонија го губи времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од конститутивните акти на ЕУ и дека треба се концентрира на европеизација, преку Копенхашките критеруми“. Филипче ваквата изјава на Сиљановска Давкова ја толкува како признание и потврда на она што СДСМ го говори подолг период и прашуваат дали претседателката сака да се приклучи на “Фронтот за вистина и правда“. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов. Упорно објаснуваме дека реформите и Копенхашките критериуми се европски барања a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите. Гордана, ви благодарам за вистината. Како професорка по право, се надевам дека наскоро ќе бидете и на страната на правдата“, наведува Филипче во објава на социјалната мрежа „Икс“ Од кабинетот на Сиљановска не го коментираат ставот на Филипче, додека од владеачката ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека опозицискиот лидер Филипче слугува на бугарските, наместо на македонските интереси. Од таму се на став дека внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде последно барање од Софија. Сметаат дека граѓаните ги поддржуваат надворешните политики на власта и се против уставни измени под бугарски диктат. „ Актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско. Дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија. СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија“- Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Дека уставните измени ќе бидат само почеток, а не крај на барањата од официјална Софија порача и премиерот Мицкоски по средбата на престедателката Сиљановска Давкова со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова. Според Мицкоски на таков начин ќе се отвори Пандорината кутија од која ќе произлезат низа други барања, а дека работата на Историската комисија е само едно нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook