СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
1СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
3Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ЗдравјеЗошто втората доза од вакцината Астра/Зенека се дава по 12 недели и колку е ефикасна?„Астра/Зенека“ е четвртата вакцина достапна за граѓаните ширум светот покрај американско-германската „Фајзер/Бионтек“, руската „Спутник V“ и кинеската „Синофарм“.Aстра/Зенека има ефикасност од 76 проценти во првите три месеци од примањето на првата доза, а поголема ефикасност по примањето на втората доза, покажаа резултатите од истражувањата. Резултатите од студиите, објавени на почетокот на месецот, ја поддржуваат одлуката на Велика Британија да го продолжи временскиот интервал помеѓу двете дози на 12 недели, беше соопштено од Универзитетот Оксфорд, кој ја разви оваа вакцина. Велика Британија одлучи да вакцинира што е можно повеќе луѓе со првата доза со цел да се добие барем некоја заштита од вирусот, а Астра/Зенека го поздрави овој потег, тврдејќи дека продолжувањето на интервалот помеѓу двете дози е најдобрата стратегија. Резултатите од клиничките испитувања на учесници на возраст меѓу 18 и 55 години во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка покажаа дека ефективноста на вакцината од 22-риот до 90-тиот ден по примањето на првата доза е 76% и дека заштитата не слабее во период од три месеци, тврдат академиците од Оксфорд. Ако втората доза се прими по 12 или повеќе недели, ефикасност ана вакцината се искачува на 82,4 проценти. Ако втората доза сее прими за помалку од шест недели по првата доза, ефикасноста е 54,9 проценти. извор БлицКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријавиНа 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со РоманијаБеспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на МадридШпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута. Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.Тагови: Италија Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook