Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
1Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
3Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
3Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотЗошто третата револуција на војување ја сметаат за поопасна од нуклеарната?Брзиот развој на вештачката интелигенција (ВИ) во последните години отвора можност за невиден напредок на модерната цивилизација во различни области на човековите активности, од транспорт и земјоделство, преку наука и медицина, до безбедност.Овој напредок веќе многумина го сметаат за технолошка револуција споредлива со пронајдокот на тркалото и парната машина. Но, од друга страна, сè повеќе научници, технолошки експерти и мислители предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да претставува сериозна закана за човештвото. Најистакнат проблем е развојот на т.н „смртоносни автономни системи на оружје“ или „роботи убијци“, системи на оружје кои користат вештачка интелигенција за да идентификуваат, избираат и убиваат човечки мети без човечка интервенција. Трета револуција во војувањето Британскиот физичар и космолог Стивен Хокинг, ко-основачот на Мајкрософт, еден од најпознатите светски претприемачи Бил Гејтс и ко-основачот и извршен директор на неколку иновативни компании, вклучувајќи ги SpaceX, Tesla и Neuralink, Илон Маск, истакнаа дека развојот на ова оружје е поголема опасност за човековата раса дури и од нуклеарното, доколку не се регулира или забрани. Во 2015 година, тие, заедно со ко-основачот на Епл, Стив Возниак, лингвистот и филозоф на МИТ, Ноам Чомски, шефот на вештачката интелигенција на Гугл, Демис Хасабис, експертот за свест и филозоф Даниел Денет и физичарот и космолог Макс Тегмарк и уште над 1000 познати научници и технолошки експерти од областа на вештачката интелигенција и роботиката потпишаа отворено писмо до ОН наречено „Autonomous Weapons Open Letter: AI & Robotics Researchers“. Во тоа писмо, кое до денес го потпишале речиси 35.000 луѓе, развојот на автономно смртоносно оружје е опишан како трета револуција во војувањето, по пронаоѓањето на барутот и нуклеарното оружје. Авторите на писмото, иницирано од Институтот „Фјучер оф лајф“, наведуваат дека клучен аргумент во дискусиите за ова оружје, е дека со него ќе се намалат човечките жртви во војна. „Клучно прашање денес е дали човештвото ќе започне глобална трка во вооружување со вештачка интелигенција или ќе го спречи нејзиниот почеток. Ако некоја голема воена сила продолжи да развива оружје со вештачка интелигенција, тогаш ќе се случи глобална трка со ваквото вооружување, а крајната точка на оваа технолошка траекторија е очигледна: автономното оружје ќе стане калашников на иднината. За разлика од нуклеарното оружје, тие не бараат скапи или тешко достапни суровини, па затоа ќе станат сеприсутни и евтини за масовно производство за сите големи воени сили. Ќе биде само прашање на време кога ќе се појави на црниот пазар и во рацете на терористите, диктаторите кои сакаат подобро да го контролираат своето население, воените лидери кои сакаат да извршат етничко чистење итн. Автономното оружје е идеално за задачи како што се атентати, дестабилизација на народите, потчинување на населението и селективно убивање на одредени етнички групи. Затоа, веруваме дека трката во вооружување со вештачка интелигенција нема да биде од корист за човештвото. Постојат многу начини на кои вештачката интелигенција може да ги направи боиштата побезбедни за луѓето, особено за цивилите, без создавање нови алатки за убивање луѓе“, предупредуваат авторите, повикувајќи се на писмото до ОН од физичарот Алберт Ајнштајн и британскиот филозоф Бертранд Расел, кои во 1955 г. повикаа на нуклеарно разоружување и меѓународна контрола на нуклеарното оружје. Меѓутоа, големите сили како САД, Русија и Кина до ден-денес не се согласија да го регулираат развојот на автономното оружје, туку само да се придржуваат до некаков рамковен кодекс бидејќи се плашат дека наметнувањето правила може да им донесе воено-стратешка заостанатост. Автономното оружје не е научна фантастика Додека терминот „роботи убијци“ потсетува на некоја софистицирана креација од далечната иднина и научно-фантастичните филмови како Терминатор, името „автономно смртоносно оружје“ појасно дава до знаење дека дефиницијата се однесува на системи кои се веќе на дофат. Соединетите Американски Држави, Кина, Израел, Јужна Кореја, Русија и Велика Британија веќе развиваат системи за оружје со значителна автономија во критичните функции за избор на цели и напад. Во десет земји ширум светот веќе има повеќе од стотина автономни системи за оружје. На пример, израелскиот систем Харпи, автономен систем за уништување радарски цели, може да препознае радарски сигнали и самостојно да ги нападне нивните извори. Британскиот систем Таранис, прототип на автономно борбено беспилотно летало, може да извршува различни мисии од големи височини, вклучително и напади врз цели. Во март 2021 година, здружението на експерти на ОН за Либија, објави дека Турција можеби таму го користела автономното оружје STM Kargu-2, кое е „програмирано да напаѓа цели без потреба од врска со податоци помеѓу операторот и муницијата“. Воениот аналитичар Игор Табак, вели дека во овој контекст особено загрижуваат роботите развиени од Boston Dynamics (видео подолу). „Со додавање на вештачка интелигенција, овие роботи би можеле да бидат многу интересни и непријатни, особено ако во голем број бидат испратени на бојно поле“, истакнува воениот аналитичар од порталот ОБРИС. Дали се користи автономно оружје во војната во Украина? Според некои извештаи, Москва ги користела беспилотните летала Lancet и KUB-BLA во Украина, кои потенцијално можат да користат вештачка интелигенција, додека Киев ги користел беспилотните летала Bayraktar TB2 од турско производство и американските Switchblade 300 и Switchblade 600, кои исто така имаат некои автономни способности (видео подолу).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен животДенес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство.„Почитувана госпоѓо Харасти, Почитувана госпоѓо Колумбија, Министре Дурмиши, Почитувани претставници на Владата, Дами и господа од синдикатите, работодавачите и од сите засегнати страни во процесот, Простете ако некого испуштам, но се трудам сите да ги споменам. Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство. Зборуваме за достоинството на трудот, за правото на секој човек да има пристојна работа, праведна плата, безбедни услови и можност да напредува. Затоа што економијата не се состои само од бројки, статистики и проценти. Зад секоја бројка стои човек. Зад секоја плата стои семејство. Зад секое ново работно место стои надеж за подобар живот. И токму затоа, денешното потпишување на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година го гледам како важна заедничка обврска. Обврска на Владата, на работодавачите, на синдикатите и на сите институции коишто имаат одговорност за иднината на македонската економија. Нашата цел е јасна: да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот. Почитувани, Изминативе години се соочувавме со сериозни предизвици. Недостиг од квалификувана работна сила, иселување на младите, недоволна продуктивност, неусогласеност меѓу образованието и потребите на компаниите. Тоа се проблеми кои не се решаваат преку ноќ. Но се решаваат со јасна стратегија, со одлучност и со партнерство. Ние сакаме економија која расте, но уште поважно, економија чиј раст го чувствуваат граѓаните. Сакаме повеќе инвестиции, но инвестиции кои создаваат квалитетни и доброплатени работни места. Сакаме успешни компании, затоа што без успешни компании нема силна економија. Но истовремено сакаме и задоволни, заштитени и мотивирани работници. Овие две цели не се спротивставени. Напротив, тие се меѓусебно поврзани. Нема силна економија без силни компании. Но нема ниту вистински успешна држава без работници чиј труд е праведно вреднуван. Токму затоа нашите политики се насочени кон зголемување на продуктивноста, развој на нови вештини, подобрување на работните услови и отворање нови можности за вработување. Особено внимание посветуваме на младите луѓе. Не сакаме младите својата иднина да ја гледаат единствено надвор од својата татковина. Сакаме тука да ја добијат својата прва шанса, тука да градат кариера, тука да создаваат семејства и тука да ги остваруваат своите амбиции. Исто така, мораме да создадеме повеќе можности за економско зајакнување на жените, за нивно поголемо учество на пазарот на трудот и за еднакви можности за професионален развој. Тоа не е само прашање на социјална праведност. Тоа е прашање и на економски напредок. Дами и господа, Меѓународната организација на трудот е наш долгогодишен партнер. Со нејзина поддршка се развиваа важни механизми за социјален дијалог, заштита на работничките права, минимална плата, вработување на младите и мирно решавање на работните спорови. Денес тоа партнерство го продолжуваме со нова програма и со нови приоритети. Пред нас се реформите на трудовото законодавство, модернизацијата на институциите, зајакнувањето на инспекцискиот надзор, развојот на вештините и подобрувањето на конкурентноста на нашите претпријатија. Сакам да нагласам нешто што е особено важно. Законите се важни. Програмите се важни. Меморандумите се важни. Но најважно е граѓаните да ги почувствуваат резултатите од нив. Работникот да почувствува поголема сигурност. Младиот човек да добие вистинска можност. Жената да има еднаква шанса за напредување. Работодавачот да има услови да инвестира, да создава и да отвора нови работни места. Тоа е суштината на нашата заедничка работа. Почитувани пријатели, Верувам во Македонија која создава. Во Македонија која произведува. Во Македонија во која успехот доаѓа преку знаење, посветеност и чесна работа. Верувам дека најголемиот ресурс на нашата земја не се само природните богатства, инфраструктурата или инвестициите. Нашето најголемо богатство се луѓето. Работникот во фабриката. Земјоделецот на нивата. Лекарот во болницата. Наставникот во училиштето. Инженерот, претприемачот, занаетчијата. Секој човек кој со својот труд придонесува за нашата заедничка иднина. Нивниот труд заслужува почит. Нивната работа заслужува сигурност. Нивните семејства заслужуваат подобар живот. И затоа нашата задача не е само да отвораме нови работни места, туку да создаваме услови во кои секое работно место ќе носи перспектива, достоинство и надеж. На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на Меѓународната организација на трудот, на госпоѓа Колумбија, на нашите социјални партнери и на сите коишто придонесоа за подготовката на оваа програма. Денес потпишуваме документ, но нашата вистинска обврска започнува утре — со неговото спроведување. Затоа што достоинствениот труд не е привилегија. Тој е право. А достоинствениот живот не смее да биде недостижна желба. Тој мора да биде реалност, реална можност за секој наш граѓанин. За таква држава работиме. Македонија во која трудот се исплати, успехот се вреднува, а иднината се гради дома. Ви благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! -Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето!Кој утре ќе ги лекува граѓаните? Кој ќе проектира мостови, ќе развива нови технологии, ќе ги води научните институции и ќе ја движи економијата? Партиските директори? Партиските книшки? Или очекуваме вечно да увезуваме знаење додека сопственото го извезуваме бесплатно? Како сме тргнале, наскоро нема да биде прашањето која партија ќе управува со институциите, туку дали воопшто ќе останат доволно стручни луѓе што ќе можат да ги водат! Владата соопштува дека буџетот за наука пораснал од 380 милиони денари во 2024 година, на 680 милиони во 2025 година и 773 милиони денари во 2026 година. Но, зголемување од ниска основа не е исто што и достигнување на европските стандарди! Европската комисија во извештајот за 2025 година предупредува дека вложувањата во истражување и иновации остануваат многу ниски, а учеството на приватниот сектор е маргинално. И додека Владата ги брои милионите, резултатите од ПИСА тестирањето ја покажуваат загрижувачката состојба во образованието. Само околу 35% од нашите 15-годишни ученици го достигнуваат основното ниво на знаење во природните науки, наспроти 76% во земјите на ОЕЦД. Ова не се само проценти. Ова е предупредување за иднината на цела држава! Според меѓународните податоци, Македонија во 2021 година вложувала само 0,38% од БДП во истражување и развој, додека Словенија во 2023 година издвојувала 2,13%. Иако станува збор за различни години, разликата јасно покажува колку голем развоен јаз треба да надминеме. Со децении политиката создава простор за партиски вработувања, додека талентирани млади луѓе бараат можности надвор од Македонија. Не можеме да градиме европска држава со партизација, потценети научници, недоволни инвестиции и генерации на кои единствена перспектива им е билет во еден правец! ЛДП бара Владата да престане да ги претставува буџетските зголемувања како конечен успех и да понуди конкретен план за достигнување на европските стандарди во науката и образованието. Бараме поголеми и предвидливи вложувања, модерни лаборатории, поддршка за младите истражувачи, поврзување на универзитетите со стопанството и департизација на институциите. Бараме и јавен отчет за тоа колку од најавените средства навистина се инвестирани во научни проекти и какви резултати се постигнати. Владата мора да одговори: Каква Македонија планира да остави зад себе – држава на знаење, иновации и способни луѓе или држава со партиски директори, празни институции и млади што заминуваат? Без наука нема развој. Без стручни луѓе нема функционални институции. А без младите нема иднина за Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нацииЖезус и Кристијано ги смируваат страстите? Притисокот од јавноста вроди со плод – Кристијано Роналдо се враќа во тимот на Португалија за Лигата на нации. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Кристијано Роналдо е вклучен во проширениот список на португалскиот селектор Жорже Жезус за претстојните натпревари во Лигата на нации против Данска и Велс, пренесува угледниот португалски весник „А Бола“. Вклучувањето на капитенот на Португалија во прелиминарниот список не значи дека тој сигурно ќе биде дел од тимот за претстојниот собир, но претставува важен чекор кон неговото враќање во националниот состав. Претходно, Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако претходно се загреваше на средбата против Норвешка, но не настапи. Поради тој потег, следеше дисциплинска санкција, при што Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија му изрече суспензија во траење од 30 дена. Сепак, казната истекува пред почетокот на следниот собир на националниот тим, па постои можност искусниот напаѓач повторно да биде дел од екипата. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Поради ова, значителен број играчи од првичниот список ќе отпаднат од конечните планови на селекторот. Португалија веќе обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на нации, откако оствари четири победи на четири натпревари. Уште еден бод би бил доволен за и математички да се потврди првото место во групата. Враќањето на Роналдо, на тој начин, останува една од главните теми пред следните репрезентативни предизвици, но конечната одлука за неговото место во тимот ќе биде позната дури откако селекторот ќе го објави конечниот список.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16