Зошто се шират дезинформации во пресрет на локалните избори? - Канал 5

Зошто се шират дезинформации во пресрет на локалните избори?

Во пресрет на кампањата веќе не се ни бираат сретства како да се добијат политички поени.

Зошто се шират дезинформации во пресрет на локалните избори?

Од автентична фотографија на традиционален прием во Њујорк по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации до низа лажни вести и тврдења дека Претседателката Гордана Силјановска Давкова застанала да се фотографира до восочни фигури на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија. Лажните информации што вчера ги пласираа неколку портали, молскавично се проширија низ социјалните мрежи, а го сподели дури и еден поранешен амбасадор.

Претседателката на својата официјална фејсбук страница ги демантираше тврдењата дека станува збор за фотографија со восочна фигура нарекувајќи ги неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација.

Да се потврди автентичност на фотографија не е нешто премногу тешко, но во време кога со помош на вештачката интелегенција можат да се креираат дури и целосно лажни видеа кои изгледаат доста веродостојно, а во недостаток на систем за верификација, граѓаните ќе се насочуваат кон кредибилните извори, како што се институциите и телевизијата како медиум, смета Бојан Кордалов, експерт за стратешки комуникации, јавни политики и дигитална писменост.

„Мора час поскоро да се изгради систем на верификација и навистина да се врати доворбата во она што е кредибилен извор, а тоа се институции, тоа се медиуми и останатите чинители. Со нашите сојузници од ЕУ, САД, НАТО, не сметам дека лесно треба да вршиме пропаганда и да ги ставаме во дневно политичка конотација, а тоа е она што се случи вчера. Потсетувам, не е важно кој е Претседател, Претседателка, не е важно од која партија е, средба со Претседател на САД, или на пример Претседателка со Европската комисија, или со претставници на нашите сојузници нема потсмев, а тоа е нешто кое мораме да го градиме.“

Инаку, и во регионот може да се најдат текстови со тврдења дека државни челници се фотографирале со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп на приемот во Њујорк. Таков е примерот и со бугарски портали. Сепак, од истиот настан може да се најдат фотографии од поголем број на светски лидери фотографирани со Трамп кој речиси на сите е во идентична поза, но има и такви фотографирани од страна на кои се забележува дека не станува збор за восочни фигури.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Натпреварот во  американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. 

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона.

Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи.

По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра.

Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка.

По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт.

„Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“.

Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“.

Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски.

Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби.

Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер