Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
1Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
3Јаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија
ЖивотЗошто сè повеќе жени не сакаат да имаат интимни односи?Ова е вистинската причина за губењето на страста и желбатаСè повеќе жени, особено по четириесеттата година, забележуваат дека нивната сексуална желба полека исчезнува. Иако честопати вината ја бараат во стресот, заморот или партнерот, вистинската причина лежи многу подлабоко - во промените за кои ретко се зборува. Сè поголем број жени, особено по 40-тата, се соочуваат со ненадејно губење на сексуалната желба. Она што често се припишува на уморот, стресот или здодевната рутина, всушност има многу подлабоки корења. Станува збор за промени за кои ретко се говори, а кои телото јасно ги сигнализира – само што социјалната средина сè уште не умее и не сака да ги препознае. Хормоните ги диктираат промените Перименопауза е период кој претходи на менопаузата и со себе носи хормонални осцилации. Естрогенот и прогестеронот, хормоните клучни за одржување на циклусот, расположението и либидото, почнуваат да опаѓаат. Жените тогаш забележуваат дека се чувствуваат „поинаку“, иако не можат секогаш да објаснат зошто. Промените во расположението, несоницата, заборавањето и чувството на губење на идентитетот се јасни сигнали дека телото влегува во нова животна фаза. Невидливоста боли повеќе од уморот Освен физички, постојат и емоционални причини за слабеење на желбата. Многу жени чувствуваат дека станале „невидливи“. Децата растат, партнерот е окупиран со обврски, а општеството им го одзема статусот на пожелни и вредни за внимание. Желбата за интимност, всушност, не настанува поради недостаток на блискост, туку поради чувството дека никој повеќе не ги гледа такви какви што навистина се. Постои решение, но ретко се нуди Хормонската терапија би можела да биде од помош, иако кај нас ретко се зборува за неа. Со стручен надзор, анализи за хормоналниот статус и правилен пристап, би можело да се пронајде баланс кој ја враќа енергијата, животниот ритам и желбата. Во многу западни земји жените ја продолжуваат хормонската рамнотежа до 55-тата година, додека на нашите простори тоа и понатаму се смета за табу тема. Желбата за интимност кај жената не исчезнува затоа што таа е „ладна“, туку затоа што се чувствува исцрпено од тоа постојано да биде јака, а истовремено невидлива. Нејзиното тело јасно покажува што се случува. Можеби е време да престанеме да погодуваме и едноставно да прашаме: „Како навистина се чувствуваш“?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсенНајмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините. Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките служби стравуваат дека под урнатините има уште заробени деца, што значи дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, јавуваат локалните медиуми. Загинатите деца биле на возраст меѓу шест и 12 години, изјави Мохамад Асим, портпарол на болница во Пешавар. Деветнаесет лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, додаде тој. Полицијата го потврди апсењето на сопственикот на училиштето, кое се наоѓа во населбата „Дир Колони“ и работело во рамките на образовна фондација. Станува збор за приватно училиште лоцирано во северниот дел на градот. Во тек е истрага, а се претпоставува дека причина за уривањето на покривот е слабата конструкција. „Конструкцијата на објектот беше слаба. Покривот беше преоптоварен поради дополнителна градба врз нестабилна рамка, што доведе до уривање“, изјави началникот на полицијата. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради трагедијата што се случи во училиштето. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, исто така, упати сочувство. „Оваа потресна трагедија ја потресе целата нација“, рече тој. Претседателот на Пакистан, исто така, повика на сеопфатна истрага за утврдување на причините за несреќата, како и на преиспитување на безбедносните стандарди во училишните објекти, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Отворен е повикот за Академија за млади лидери организирана од ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Политичкиот истражувачко-аналитички центар – Љубиша Георгиевски го отвора повикот за учество на Академијата за млади лидери, едногодишна програма наменета за млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење, личен развој и лидерски потенцијал.Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност да учат од искусни предавачи и практичари, да работат на конкретни задачи и реални предизвици, да разменуваат идеи и да стекнат искуство кое ќе можат да го применат во својата понатамошна работа. Програмата е организирана во пет модули, посветени на: * лидерство, тимска работа и организација; * комуникациски и медиумски вештини, јавен настап и нови дигитални алатки; * јавни политики, институции и процесот на донесување одлуки; * финансии, буџетирање и економски показатели; * политички менаџмент, организација и кампањи. Посебен дел од Академијата ќе биде менторската програма, преку која секој учесник ќе има можност директно да работи со искусен ментор. На крајот од Академијата, учесниците ќе работат во тимови на завршен проект, во кој ќе треба да понудат решение за конкретен општествен проблем и да го презентираат пред комисија. Како да се пријавиш? Испрати ја својата пријава најдоцна до 25 октомври на: [email protected] или пријави се лично во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Пријавата треба да содржи кратка биографија и кратко образложение зошто сакаш да бидеш дел од Академијата. Биди дел од Академијата за млади лидери во организација на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Ја подигнуваме инклузивноста со најмногу образовни асистенти досега, стручен кадар и асистивна технологија Меѓународниот ден на белиот стап е можност да се потсетиме до каде сме стигнале, како општество, во нашата обврска на секое дете да му овозможиме да ги реализира своите соништа, таленти и потенцијали. Оваа Влада вети дека ќе ја подигне инклузивноста на воспитно-образовниот систем во целина, и тоа го правиме, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап што се одржа во Собранието, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост и Зета – организација за попреченост и правда, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи. Посочи дека оваа учебна година се ангажирани најголем број образовни асистенти досега: 1.602 во основните училишта низ државата и 176 во средното образование. Во тек е и постапка за ангажирање на дополнителен број на стручни лица за образовна асистенција. „Во насока на подигнување на инклузивноста е и јакнењето на стручните служби во училиштата, преку ангажирање на потребен кадар. Паралелно ја подобруваме пристапноста во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за учениците со посебни потреби. Воведовме две нови категории студентски стипендии наменети за студенти со попреченост и со ретки болести“, додаде министерката. Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, од минатата година функционира како ресурсен центар и таму работат специјални едукатори и рехабилитатори, наставници и стручни лица кои се обучени за образование на овие ученици со посебни образовни потреби. „Оваа учебна година, во ова единствено училиште на ниво на државата, се запишани повеќе ученици отколку лани. Тоа говори за препознавањето на квалитетот на воспитно-образовната работа, можноста за добивање соодветна стручната помош и раст на довербата што родителите ја имаат во институцијата“, укажа министерката Јаневска. Училиштето е опремено со најсовремена асистивна технологија, со заеднички ангажман и во соработка со општествено одговорни компании, што како практика треба да продолжи, затоа што многу е важно децата со посебни образовни потреби да имаат пристап до најновите алатки и технолошки решенија кои ќе им овозможат полесно учење, поголема самостојност и порамноправно учество во образовниот процес и во секојдневниот живот. „Ограничените ресурси се главната пречка за подобри услови за квалитетна настава, но, тоа може да се надомести со поквалитетни обуки, подобра комуникација меѓу сите чинители и секако со стратешко унапредување на инклузивниот образовен систем“, додаде министерката Јаневска, нагласувајќи ја потребата за подигнување на јавната свест дека попреченоста не ја определува личноста и дека треба да градиме општество во кое секој млад човек ќе добие шанса за избор на сопствена иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter