Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
1Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
3Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЗдравјеЗошто сè почесто забораваме: Пет зачудувачки фактори кои влијаат на нашиот мозокВажно е да знаеме дека заборавеноста не е секогаш знак за сериозна болестСте заборавиле каде сте ги оставиле клучевите, не можете да се сетите на името на некоја позната личност или ви се случува да пропуштите некоја средба? Овие ситуации се сè почести и не ги погодуваат само старите лица. Губењето на помнењето може да се јави во која било возраст, а причините често се многу поедноставни отколку што мислиме. Стручните лица предупредуваат дека слабото помнење не значи секогаш деменција или Алцхајмерова болест. Може да станува збор за привремени реверзибилни фактори – стрес, недостаток на сон, лекови или недостаток на витамини. Според научниците, кога ќе се открие и лечи основната причина, помнењето значително се подобрува. Неврологот д-р Сет Гејл од Харвард, објаснува дека многу луѓе всушност и понатаму можат да учат и помнат, но поради преоптовареноста, забрзаниот начин на живот, имаат проблем со обработката на информации. Еве кои се најчестите, но занемарени причини кои го слабеат помнењето на луѓето. Стрес, анксиозност и депресија Хроничниот стрес и анксиозноста директно влијаат на вниманието. Ако не моеме да се фокусираме, информациите не доаѓаат во долготрајната меморија. Депресијата и синдромот на намалени внимание и хиперактивност (ADHD), исто така ја слабеат работната меморија, но со соодветна терапија состојбата се поправа. Недостаток на сон Несоницата и апнејата во сон се поврзани со лошите резултати на тестовите за помнење. За време на сонот, мозокот ги обработува и складира информациите, а неговиот недостаток води до т.н. „магла во главата“. Одредени лекови Антихистамините, лековите за спиење, антидепресивите, лековите за притисок, статините може да имаат нуспојави кои вклучуваат заборавање и конфузија. Во овие случаи, важна е консултацијата со лекар. Недостаток на Б12 Недостатокот на овој витамин, клучен за нервниот систем, може да создаде конфузија и проблеми со помнењето. Ризикот е поголем кај стари лица, вегани, лица со дигестивни проблеми и оние кои земаат одредени лекови. Тивки мозочни удари Микрооштетувањата на мозокот често поминуваат без симптоми, но постепено може да го нарушат помнењето. Овие промени често се поврзани со кардиоваскуларни болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценкатаПедесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра. Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИлјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант. Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти. Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти. Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.Тагови: Истанбул протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook