Објавени се 15 милиони тајни документи од Дојче Банк- во аферата се споменуваат Трамп, Епштајн и олигарси
1Објавени се 15 милиони тајни документи од Дојче Банк- во аферата се споменуваат Трамп, Епштајн и олигарси
ЖивотЗошто Рајан Мекдоналд (21) оди на Марс и никогаш нема да се врати на ЗемјатаПрвата перманентна човечка колонија на Марс ќе биде организирана во 2024 година од страна на холандска непрофитна компанија наречена „Mars One“. Идејата е групи од по 4 астронаути да заминуваат на Марс на секои 2 години. Проектот вреди 4 милијарди фунти, а веќе се селектирани 100 луѓе кои ќе заминат. Како е можно тие да се решени да ги напуштат своите семејства и својата планета засекогаш?21 годишниот студент по физика на Оксфорд, Рајан Мекдоналд е еден од оние кои влегоа во потесен избор за пат на Марс. Дали ќе отпатува ќе знае до крајот на годинава, но претходно ќе биде тестиран како реагира во посебно стресни ситуации. Вели дека од мал сакал да биде астронаут. - Го знам точниот датум кога ќе заминам. Имам десет години да го живеам животот во потполност, да ги искусам сите чуда што овој свет може да ги има. Тоа ќе ми даде многу повисок квалитет на живот отколку да живеам ден за ден во следните 50 - 60 години - вели студентот. Пред да замине има во план да стане доктор по астрофизика, и да патува по светот. Ако до крајот на годината не биде избран за пат на Марс, се надева дека ќе влезе на местото на некој што ќе се откаже бидејќи „луѓето се предомислуваат“ ! Планетата Марс е наречена црвена бидејќи е прекриена со железен оксид. Нема вода на површината на планетата поради нискиот атмосферски притисок - 100 пати понизок отколку на Земјата. Водата едноставно испарува! И Рајан знае по нешто за условите на Марс кои многу се разликуваат од оние на Земјата. - И таму има 4 годишни времиња, како кај нас. Сезоната на песочни бури трае од лето до доцна есен - зборува студентот како да планира одмор! Операцијата „Mars One“ ќе биде снимана од компанијата Ендемол која го „измисли“ Големиот брат - реално шоу кои ги откри најтемните страни на човековата природа. Селектираните луѓе кои се надеваат дека ќе одат на Марс ги отфрлаат предупредувањата на скептиците - дека тие се одбрани да послужат за снимање и прикажување во реално шоу додека траат подготовките и тренинзите за мисијата која никогаш нема да се случи! Но и ако астронаутите сепак заминат за Марс, има многу научници кои се убедени дека таа мисија ќе има фатален крај! Експертите од Институтот за технологија во Масачусетс дури пресметале дека првите жртви ќе паднат до 68-от ден од почетокот на мисијата. Секој дефект на машинеријата која ќе ги снабдува астронаутите со храна и кислород ќе значи смрт од прегладнување и задушување. Големата концентрација на радијација ќе го зголеми ризикот од рак, и ќе ги намали шансите за репродукција. Патувањето сигурно нема да биде пријатен одмор. Зошто тогаш Рајан е решен да замине? - Не се работи за бегање, туку за трчање кон Марс. Во минатото кога луѓето заминувале за Австралија, и тоа било пат во еден правец. Луѓето не можеле да си дозволат да се вратат. Чекале по 6 месеци за писмо. Јас нема да можам да имам контакт во живо но ќе можам на пријателите и на семејството да им испраќам видео - пораки. Ќе бидат потребни околу 40 минути да добијам одговор. Ќе почнам ново поглавје во животот. Јас не одам на Марс да умрам, сакам да живеам таму - вели Рајан. Но разликата е што во Австралија има многу повеќе кислород. За време на големите ветришта на Марс воздухот 96% е јаглерод диоксид. Престојот на луѓе на Марс значи и големи здравствени проблеми за нив. Научниците велат дека престојот на Марс кој е подолг од 10 години за луѓето ќе значи намалување ан квалитетот на коските и губење на мускулното ткиво. Силата на гравитацијата е многу помала, коските се под помал стрес, не се вложува напор, што ќе значи губење на нивната густина и маса. Ако луѓето решат да се вратат од Марс никој не гарантира дека ќе успеат. Седум месечниот пат може воопшто и да не почне, има голема веројатност лансирањето да биде неуспешно, но и ако успее, и ако се вратат, со првиот чекор на Земјата коските на астронаутите кои ќе бидат многу ослабнати, може да се скршат! Но од компанијата „Mars One“ уверуваат дека пред луѓето да отпатуваат, ќе бидат направени истражувања на планетата и подготовки за основни услови за живот. - На првата екипа ќе и биде најтешко, но некој мора да почне - вели Рајан./ извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОбјавени се 15 милиони тајни документи од Дојче Банк- во аферата се споменуваат Трамп, Епштајн и олигарси Најголемата германска банка, Дојче Банк, повторно се најде во центарот на голем меѓународен скандал откако беа објавени повеќе од 15 милиони интерни документи, кои откриваат детали за нејзините зделки со контроверзни клиенти.Најголемата германска банка, Дојче Банк, повторно се најде во центарот на голем меѓународен скандал откако беа објавени повеќе од 15 милиони интерни документи, кои откриваат детали за нејзините зделки со контроверзни клиенти, сомнителни финансиски трансакции и можни неуспеси во спречувањето на перење пари. Меѓу имињата што се појавуваат во документите се американскиот претседател Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и богати руски бизнисмени. Според хрватскиот Индекс, повикувајќи се на Дојче Веле, документите содржат повеќе од девет милиони е-пошта, како и интерни извештаи, презентации и записи во календарот. Материјалот им бил доставен на двајца новинари од Индија и Јужна Африка од непознати лица, а во неговата анализа присуствувале новинари од неколку меѓународни редакции, вклучувајќи ги Шпигел, ЗДФ, Њујорк Тајмс и Фајненшл Тајмс. Список на 200-те најбогати Руси Едно од откритијата се однесува на напорите на банката да го прошири својот бизнис со богати руски клиенти, и покрај предупредувањата за можни финансиски и регулаторни ризици. Според германскиот „Шпигел“, банката планирала да ги зголеми приходите од богати руски клиенти од 28 милиони на 50 милиони евра до 2023 година, на крајот од 2020 година. Како дел од новата стратегија, презентирана на одборот во декември 2020 година, била изготвена листа од 200-те најбогати Руси што банката сакала да ги привлече. Ваквите планови продолжиле и покрај препораката од адвокатите во финансискиот регулатор во Њујорк во септември 2020 година, банката сериозно да размисли за повлекување од рускиот пазар. Внатрешните експерти за финансиски криминал, исто така, предупредиле на ризиците. По почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, банката објавила дека се повлекува од Русија, но овој процес сè уште не е целосно завршен. Документите откриваат и детали за бизнисот со Трамп и Епштајн Протечените документи содржат и информации за претходниот бизнис на банката со Џефри Епштајн, како и трансакции поврзани со Доналд Трамп. Особено внимание привлече информацијата дека банката наводно погрешно ги испратила даночните документи на Трамп во 2017 година без ознака за доверливост. Американскиот претседател реагираше на овие обвинувања за време на престојот во Манила. - Не требаше да го прават тоа. Нелегално е да се прави нешто такво - рече Трамп. Според медиумските извештаи, документите покренуваат и прашања за контроверзните даночни модели што банката наводно ги дизајнирала за богати клиенти. Споменени се и договори поврзани со трговија со оружје, финансирање на компании во индустрии со големо негативно влијание врз климата, како и продолжување на одржувањето на донаторски сметки за германската партија АфД и покрај внатрешното противење. Директорот признава грешки, банката тврди дека се променила Претседателот на одборот на Дојче Банк, Кристијан Сивинг, призна дека одредени одлуки од минатото можеле да бидат различни. - Гледајќи наназад, секогаш може да се каже дека приоритетите можеле да бидат поставени поинаку во одреден момент. Не сум без вина - изјави Сивинг за Ханделсблат. Тој објасни дека ефикасноста му била важна при проверка на клиентите, но го отфрли тврдењето дека имал намера да ги игнорира ризиците. Претседателот на Надзорниот одбор, Александар Винантс, излезе во негова одбрана, наведувајќи дека за време на неговиот мандат не видел никаква одлука од Зевинг што би предизвикала загриженост. Банката не ја оспорува автентичноста на досега објавените документи, но нагласува дека некои настани се однесуваат на период од пред две децении. Според неа, од 2019 до 2025 година, седум милијарди евра биле инвестирани во подобрување на внатрешните контроли. Акциите на банката паднаа за повеќе од шест проценти Објавувањето на информациите предизвика и реакција кај инвеститорите. Акциите на Дојче Банк во вторникот изгубија дури 6,2 проценти од својата вредност и паднаа на 30,88 евра, што ги прави меѓу најголемите губитници на германскиот берзански индекс DAX. Германскиот министер за финансии Ларс Клингбеил објави дека регулаторите внимателно ќе го испитаат случајот, барајќи банката транспарентно да објасни како ги решила претходните недостатоци во внатрешните контроли. И покрај негативната реакција на пазарот, Дојче Банк изјави дека не очекува никакви значајни финансиски последици од протекувањето на документите. Банката нагласи дека спорните настани веќе биле предмет на претходни ревизии и дека во меѓувреме имплементирала фундаментални промени во своите деловни практики. Сепак, објавувањето на милиони интерни документи повторно го отвори прашањето како големите финансиски институции успеале да ги контролираат ризиците во работењето со најбогатите и највлијателните клиенти.Тагови: Дојче банк Џефри Епштајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Шоу бизХаос на изборот за Мис Универзум- мисиците се сопнуваат, организаторот се извини (ВИДЕО)Неколку натпреварувачки за Мис Универзум 2026 се сопнаа и речиси паднаа на импровизирана писта за време на ревијата на костими за капење. Инцидентот се случи во пресрет на финалето на натпреварот, кое е закажано за 24 ноември. Настанот наречен „Убавина на плажа“ се одржа на 13 ноември во хотелот „Карибе Хилтон“ во Сан Хуан, Порторико. Девојките одеа по писта која всушност беше едноставна подлога поставена врз песокот. На многу луѓе високите потпетици им беа заглавени во подот, што предизвика да ја изгубат рамнотежата и да се сопнат. Луѓето ги критикуваат организаторите Меѓу натпреварувачките кои речиси паднаа беа претставничките на Косово, Филипините, Перу и Венецуела. Некои изгледаа како да си ги извиткале зглобовите, а други речиси паднаа со лицето надолу на земја. Сите успеаја брзо да се соберат и да продолжат да одат. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, каде што многумина ја критикуваа лошата организација и опасните услови на пистата. „Ова е опасно за кандидатките, можеа да си ја скршат ногата. Ужас“, напиша еден корисник на мрежата X. Друг додаде: „Кутри девојки, еден погрешен чекор и можеа да си го извиткаат глуждот“. Трет коментар гласеше: „Кутрите, ова изгледа болно. Можеа да си ги исечат стапалата одејќи по тепих преку песок. Ужасна идеја, особено со толку високи потпетици“. Организатори: Настанот не ги исполнуваше стандардите Организацијата „Мис Универзум“ објави соопштение во кое се вели дека настанот „не ги исполнил потребните стандарди за извонредност и професионализам“. Тие исто така забележаа дека настанот бил независно продуциран од Магали Феблес, национален директор на изборот за Мис Доминиканска Република, кој добил лиценца за тоа. Así fue el polémico desfile en traje de baño realizado en Puerto Rico bajo el nombre de Miss Universo. Varias participantes tropezaron, mientras la cercanía del público y las interrupciones desataron críticas en redes. ¿Pasarela a la altura del certamen o improvisación? https://t.co/t6rD6S9X5R — La Calle (@radiolacalle) November 15, 2026 Според списанието Hola!, организацијата изјавила дека не била вклучена во „оперативното управување со настанот“ и затоа не сносат никаква одговорност за продукциските одлуки што доведоа до проблемот. Тие жалеле за ситуацијата и нагласиле дека настанот не го одразува брендот Мис Универзум. Мегали Феблес: Жал ми е што поминавте низ тоа Магали Феблес „искрено се извини“ за инцидентот на својот Фејсбук профил. Во исто време, таа ја пофали грациозноста и смиреноста што ги покажаа натпреварувачките. „Жал ми е што мораше да поминеш низ такво искуство. Мојот продуцентски тим и јас ќе анализираме што се случи за да се осигураме дека секој детаљ ќе биде згрижен во иднина“, рече таа во изјава. „Знам колку труд вложивте во секое појавување на писта. Ја видов елеганцијата и смиреноста со кои се смиривте. Како жена која придружувала многу девојки на ова патување, сум исклучително горда на вас“, рече Феблес. Натпреварувачките имаа проблеми со визите Нестабилната писта не е единствениот проблем со кој се соочи организацијата оваа година. Списанието „Пипл“ пишува дека некои натпреварувачки морале да се повлечат поради визните ограничувања воведени од Соединетите Американски Држави. Меѓу нив се претставничката на Замбија, Мубанга Памела Хатјока, претставничките на Република Конго и Јужен Судан, Џорџина Камбонго и Амилија Денг, и Вандерлеја Родригес од Ангола.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамМерцедес ќе им дозволи на возачите да не го држат воланот и при брзина од 130 км/час Mercedes-Benz воведува нова генерација системи за помош при возење кои ќе им овозможат на возачите да ги тргнат рацете од воланот при брзина до 130 километри на час. Во исто време, автомобилот ќе може самостојно да менува лента, да обиколува побавни возила и да следи однапред одредена рута. Новата функција наречена Hands-Free Assist, прво ќе биде достапна во Германија до крајот на 2026 година, додека пристигнувањето на американскиот пазар се очекува во текот на 2027 година. Системот е наменет за возење по автопати и се активира само кога се исполнети соодветните услови. Возачот може да ги тргне рацете од воланот, додека автомобилот ја одржува брзината, го следи сообраќајот и управува. Доаѓа и со Proactive Lane Change Assist, функција која може автоматски да иницира и изврши промена на лента. Ова вклучува претекнување побавни возила, но и навремено престројување, така што автомобилот ја следи навигацијата кон посакуваниот излез на автопатот. Сепак, возачот сепак мора постојано да го следи сообраќајот и да биде подготвен да ја преземе контролата. Станува збор за систем за асистенција од втор степен на автономија, а не за целосно независно возење. Mercedes подготвува и понапреден систем MB.DRIVE ASSIST PRO, кој ќе обезбеди поддршка во текот на речиси целото патување, од почетната точка до дестинацијата, вклучувајќи ги и градските улици. Овој систем ќе може да помогне при вртење на раскрсници, престројување, спојување во сообраќај, како и сопирање и рестартирање на семафорите. Возачот и понатаму ќе биде одговорен за работата и безбедноста на возилото. MB.DRIVE ASSIST PRO треба да стане достапен во Германија и САД во првата половина на 2027 година. Пред тоа, одредени корисници во Калифорнија, Штутгарт и Минхен ќе можат да ја испробаат технологијата преку програма за ран пристап, почнувајќи од крајот на 2026 година. Компанијата планира постепено да ја прошири својата достапност на различни модели на автомобили и комбиња. Ќе може да се активираат одредени функции преку безжично ажурирање на софтверот, под услов возилото да има соодветен хардвер. Мерцедес со овој потег сака да го намали товарот на возачот при долгите патувања и градското возење. Сепак, тоа што можете да ги тргнете рацете од воланот не значи дека возачот мора да престане да го гледа патот, да го користи телефонот или да ја препушти целата одговорност за возење на автомобилот.Тагови: воланот мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45