Зошто Порше и Мекларен се во погоните на Ферари? (ВИДЕО) - Канал 5

Зошто Порше и Мекларен се во погоните на Ферари? (ВИДЕО)

Во Ferrari ништо не е препуштено на случајноста.

Зошто Порше и Мекларен се во погоните на Ферари? (ВИДЕО)

Италијанскиот производител можеби се држи до онаа стара поговорка - „држете ги пријателите блиску, но непријателите поблиску“, или во овој случај работите се сосема јасни. Тие не сакаат да зборуваат за каква било посета на делегација на деловни ривали, туку за тоа дека Ферари редовно проверува што и колку може конкуренцијата.

Според видеото, пред седиштето на Ферари е многу фреквентно. Тешко е да се видат толку многу автомобили заедно каде било во светот, но не е ни чудо што автомобилските папараци поминуваат многу време овде. Еден од нив е и Варис, кој успеа да фати интересни снимки.

Во поплавата од камуфлирани Ферари имаше и по едно Порше и по еден Мекларен. Од првиот табор очекувано беше 911, односно GT3 RS, додека од Британците ја избраа Артура. Од она што го видовме, сосема е јасно на кого Ферари гледа најсериозни деловни ривали.

YouTube video

За потсетување, GT3 RS е придвижуван од атмосферски 4.0 шестцилиндричен мотор кој развива над 500 КС, а е усогласен со седумстепен PDK менувач. Доволно е да се каже дека кругот во Нирбургринг го заврши за 6 минути и 49,328 секунди.

Artura е првиот plug-in хибрид на Мекларен. Погонот е 3.0 V6 twin-turbo во комбинација со електричен мотор сместен во близина на менувачот. Вториот има две спојки и осум брзини. Батеријата има капацитет од 7,4 kWh и нуди минимален домет од околу 25 km. Ефектот на синергија е импресивен: 680 КС и 804 Nm.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

– Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер