Зошто образовниот систем во Финска е толку успешен? - Канал 5

Зошто образовниот систем во Финска е толку успешен?

Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. 

Зошто образовниот систем во Финска е толку успешен?

Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки.

Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, напредна и иновативна средина за настава којашто ја става правичноста пред извонредноста. Следат осум причини поради коишто финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.

Нема стандардизирани тестови

Учениците кои полагаат стандардизирани тестови главно учат за да го положат тестот, а наставниците ги учат само за да положат. Финска нема такви тестови. Исклучок е само Националната матура што се полага доброволно, по завршувањето на средното образование. Сите деца во Финска се оценуваат врз индивидуална основа и систем за оценување на наставниците. Следењето на напредокот го врши тамошното Министерство за образование.

Соработка, а не конкуренција

Школувањето за многу деца, па и родители, честопати се доживува како еден голем натпревар, Финците го гледаат тоа поинаку, т.е. според максимата на писателот Самули Паронен - „Вистинските победници не се натпреваруваат“.

Во училишта, имено, нема списоци за рангирање, нема избор на „најдобар наставник“ итн. Наместо тоа, се цени соработката...

Помалку домашни задачи и повеќе време надвор

Според ОЕЦД, учениците во Финска имаат помалку домашни задачи од своите врсници во која било друга земја во светот. Малите Финци днневно трошат само половина час на домашни задачи. Наместо домашни задачи, се поттикнуваат на што повеќе време надвор на чист воздух, забава и игри.

Основите се најбитни

Од 1980-тите, основите се приоритет во финските училишта. Сите ученици имаат бесплатни оброци на училиште, психолошко советување и индивидуализирано водење. Нагласка е ставена и на еднаквоста и на лесниот пристап до здравствена заштита.

Почнување со училиште на постара возраст

Финците знаат колку е важно детето да биде дете. Затоа, образованието почнува на 7 години и не порано. Училиштето е задолжително до деветто одделение, а сѐ после тоа е прашање на избор.

Финците се будат подоцна

Часовите во Финска обично почнуваат меѓу 9 и 9:45 часот. Истражувањата покажаа дека раното почнување со настава е штетно за здравјето, благосостојбата и созревањето на учениците. Така, бидејќи часовите почнуваат подоцна, тие обично завршуваат меѓу 14 и 14:45 часот. Наставните часови се подолги, но и паузите меѓу нив.

Настава без промени

Учениците во Финска, честопати имаат ист учител шест години. За тоа време, тој ја презема улогата на ментор. Така се зацврснува довербата и поврзаноста, поради што двете страни меѓусебно подолго се запознаваат и се гради поголема обострана почит.

Опуштена атмосфера

Уште една одлика на финските училишта е - „помалку стрес“. Во текот на училишниот ден, децата имаат неколку 15-минутни паузи во коишто можат да се раздвижат, протегнат или да излезат малку на свеж воздух, на закуска или заради рекреативни активности.

И на наставниците им треба сѐ тоа. Сите училишта имаат простории и за наставници, каде што тие се одмораат и опуштаат, се подготвуваат за следните обврски или едноставно - се дружат.

Се чини, кога не се грижи за оценките и стресот, ученикот во најсреќната земја на планетава може да се сосредоточи на своето учење и растење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети за една недела

-Во текот на изминатата недела, Русија ја нападна Украина со приближно 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 наведувани авионски бомби и 165 ракети од различен тип, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети за една недела

Овие напади погодија дваесет украински региони.

Зеленски предупреди дека руските сили ги засилуваат нападите врз енергетската и другата критична инфраструктура, додека температурите опаѓаат. Оштетувањата на електроенергетската мрежа оставија многу жители без електрична енергија, вода или греење.

Украинскиот претседател особено укажа на недостигот од пресретнувачки ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои се клучни за пресретнување на руските балистички ракети.

„Во вакви околности, особено е тешко да се разберат доцнењата во испораката на средства за одбрана од балистички ракети за Украина“, наведе Зеленски во објава на „Телеграм“.

Тој го повика Вашингтон да ја одобри испораката на ракети за системите „Патриот“, кои сојузниците на Украина веќе ги платиле преку програмата PURL на НАТО. Оваа програма им овозможува на европските и другите партнери да го финансираат купувањето американско оружје за Украина.

„Од витално значење е Америка да го одобри трансферот на ракети за системите ’Патриот‘, кои нашите партнери веќе ги платиле преку програмата PURL“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина мора да ја зајакне својата противвоздушна одбрана.

Зеленски изјави дека значителен дел од ракетите со кои Русија ја нападна Украина во текот на изминатата недела биле балистички. Меѓу нив, тврди тој, имало и ракети произведени во Северна Кореја.

Еден од најтешките напади во изминатата недела се случи на 20 ноември, кога руски балистички ракети погодија три главни моста преку реката Днепар во Киев, предизвикувајќи сериозни прекини во сообраќајот.

Погодени беа мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и Јужниот мост, кои ги поврзуваат двете страни на украинскиот главен град. Поради оштетувањата, градските власти беа принудени да го затворат или ограничат сообраќајот на неколку од овие премини.

Руските напади, исто така, оштетија енергетска инфраструктура и станбени објекти. Зеленски предупредува дека, без дополнителни системи за противвоздушна одбрана и ракети, Украина тешко ќе успее да ги запре последователните бранови на напади со балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест

Сите летови на белгиските аеродроми утре ќе бидат откажани поради националниот протест против политиките на федералната влада.

Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел -  откажани сите летови поради националниот протест

Прекини се очекуваат и во јавниот превоз, при што ќе сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите на јавниот превозник „Де Лијн“, соопштија надлежните служби.

Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот.

Од „Скајс“ наведуваат дека сепак ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од клучно безбедносно значење. Безбедноста на воздушниот сообраќај, како што нагласуваат, останува апсолутен приоритет.

Сериозни нарушувања се очекуваат и во јавниот превоз во Брисел, како поради можното учество на вработените во штрајкот, така и поради протестниот марш.

Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај северната железничка станица во Брисел, а протестниот марш кон јужната станица треба да започне во 11 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците во Франција и Португалија, со барања за повисоки плати и пензии и подостапен дом, односно против растечките трошоци за живот.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Во Франција ова беше шеста последователна сабота на демонстрации. Според министерството за внатрешни работи, низ земјата протестирале над 80 илјади луѓе од кои над 20 илјади излегле на улиците во Париз. Иако бројот на демонстранти во Франција се намалува, организаторите велат дека протестите ќе продолжат.

Во Португалија, пак, домувањето веќе не е споредна социјална тема, туку едно од главните прашања на куповната моќ.

Илјадници луѓе протестираа на улиците во центарот на Лисабон. Според синдикатите, во протестот учествувале илјадници луѓе кои поминале на два од главните булевари во Лисабон со чадори и мантили поради обилните дождови. Полицијата не објави проценка за нивниот број.

Португалија се соочува и со една од најлошите кризи со домувањето во Европа. Цените на куќите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, а наемите според новите договори речиси двојно се зголемија, при што главно се засегнати младите луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер