Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотЗошто нема Нобелова награда за математика?Октомври е месец посветен на Нобеловите награди - време од годината кога научниците и писателите чекаат да дознаат кој ќе го освои големиот златен медал во Стокхолм. Од 1969 година, и економистите се во центарот на вниманието, но математичарите и натаму се изоставени, пишува порталот „ИФЛ Сајенс“ (IFL Science). Нобеловите награди за хемија, физика, медицина, мир и книжевност се петте категории основани од Нобел. Тие се доделуваат од 1901 година, за сите оние кои „придонеле за најголема корист за човештвото“, според неговиот тестамент во 1895 година. „Нобел“ за математика - нема, и таква награда никогаш не постоела. И, не е онака како што велат преданијата и легендите - дека Алфред Нобел, наводно, злонамерно ја отфрлил таа област во светската наука, затоа што неговата љубов - Австријката по име Софи Хес имала љубовна афера со познатиот математичар Џестер Митаг-Лефлер. Вистинската причина, се чини, е многу помалку сензационална, иако може да каже и повеќе за самиот основач на престижните награди. Алфред Нобел (1833 - 1896) бил шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец, приврзаник на идеалистичкото верување дека откритието може да го помести светот кон подобра иднина. Донекаде иронично, неговиот најпознат изум - по Нобеловите награди, бил динамитот. Во тестаментот се наведува: „Наградите за физика и хемија ќе ги доделува Шведската академија на науките; за физиолошки или медицински достигнувања - Институтот Каролинска во Стокхолм; за литература - Академијата во Стокхолм; а за застапници на мирот - комитет од пет лица избрани од норвешкиот Стортинг (Собрание)“. Математиката, едноставно, не е спомената. Наградата за економија ја додаде Банката на Шведска во 1969 година, но математиката никогаш не била вклучена како посебна категорија. Најчестото објаснување е дека Нобел бил човек од применета наука, практичен мислител фасциниран од пронајдоци, инженерство и технологии што би можеле да го променат материјалниот свет. Нему, математиката можеби му изгледала премногу апстрактна, премногу теоретска и премногу „одвоена од корисноста“ во вистинскиот свет. Дури и денес, наградите за наука се стремат да ги фаворизираат експерименталните откритија и опипливите наоди, пред чисто теоретскиот труд. Натаму, друго вообичаено објаснување е дека математичарите веќе биле високо ценети во Шведска, во голема мера благодарение на Јест Митаг-Лефлер и неговото влијание во високото општество, но вклучувајќи го тука и кралот Оскар Втори, кој им доделувал награди и почести на математичари од цела Европа. Областите како инженерство, биологија и екологија, исто така, се изоставени. Сепак, и овие науки понекогаш „странично“ си го наоѓаат патот. Нобеловата награда за физиологија или медицина често се доделува и за откритија поврзани со „биологијата“, на пр., па и со генетиката и имунологијата. Слично на тоа, достигнувањата во инженерството се опфатени во физиката или хемијата, како што се иновациите во полупроводниците, науката за материјали или ласерската технологија, коишто го трансформираа современиот живот. Така, математичарите можеби немаат своја Нобелова награда, но имаат Филдсов медал, Абелова награда и задоволството од сознанието дека скоро секое откритие на добитник на „Нобел“, се гради на темелите на нивните равенки. Тагови: Нобелова награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24