Зошто некои луѓе се среќни а други несреќни? - Канал 5

Зошто некои луѓе се среќни а други несреќни?

„За среќа малку треба” е изрека која сите ја знаеме но, што е тоа малку и каде да го најдеме?

Зошто некои луѓе се среќни а други несреќни?

Што воопшто е среќа?

Да се биде среќен е возвишеност која не секој од нас ја достига. Низ животот сите ние талкаме барајќи го тоа нешто, тоа малку што ќе не состави и направи цели, постигнуваме многу, поминуваме уште повеќе но тоа малку е секогаш најдалеку...

Сите сме се запрашале што се случува со мене?

Како некои луѓе постојано го добиваат тоа што го сакаат? Секогаш се на вистинското место во вистинско време, а јас доцнам за се’ во животот па дури и за најобичните работи како на пример – автобус, иако станувам уште во 4 сабајле за во 7 да стигнам....

Зошто некои луѓе едноставно се среќни а други несреќни?

Ова е прашање кое си го поставил и Ричард Вајсман, британски психолог и професор по психологија на Универзитетот „Хертфордшајр”, кој ја истражува среќата и сите нејзини облици.

Зошто едни луѓе се среќни а други несреќни? Дали е поради приликите кои им ги пружа животот или можеби поради нешто што направиле или не направиле?

За да го најде одговорот на ова прашање Вајсман направил студија во која учествувале повеќе од 400 луѓе, од различни сталежи, категории и професии, кои себе си се опишувале како среќни или несреќени.

Имал широк поглед испитувајќи го секој аспект од нивното однесување.

При еден тест на испитаниците им дал весник и им кажал да избројат колку фотографии има во весникот. Повеќето од среќните луѓе го завршиле тестот за неколку секудни а на групата со несреќните им требало 2 минути.

Што се случило?

На втората страна од весникот имало порака во која пишувало:

ПРЕСТАНИ ДА БРОИШ!!!!

ИМА 43 ФОТОГРАФИИ ВО ОВОЈ ВЕСНИК!

Несреќните луѓе биле толку многу зафатени со барање и броење на сликите што не ја забележале пораката.

Повторно и повторно, низ различни тестови, несреќните луѓе ги занемарувале работите, пораките, знаците... и затоа ги тие постојано ја промашувале целта и тоа „малку” за да се биде среќен.

Среќата можеби изгледа како магична супермоќ но всушност се сведува на едноставно забележување на можности. Очигледно има многу работи во животот кои ние не можеме да ги контролираме но, има и многу нешта што можеме да направиме за да ги зголемиме шансите за среќата да не најде.

Најважно од се’ е да престанеме да ја бараме, да внимаваме, да живееме во моментот и да набљудуваме што има околу нас. Среќните луѓе не се само подобри во забележување на можностите туку се и подобри во креирање на нови можности.

Затоа бидете отворени и живејте го живтот сега и тука, впивајќи ги сите убавини кои ви се пружени во тој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецуела: Повеќе од 4.100 мртви од двата разорни земјотреси

Бројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела минатиот месец се искачи на 4.118, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.

Венецуела: Повеќе од 4.100 мртви од двата разорни земјотреси

Во земјотресите се повредени 16.740 лица, а 17.907 останаа без покрив над главата, што е непроменето од претходниот извештај, се вели во извештајот, објави Ројтерс.

Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се случија на 24 јуни во интервал од 39 секунди, погодувајќи го главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира најтешко.

Откако се случија двата разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со послаба магнитуда, вклучувајќи еден со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)

Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи ветрови со сила на ураган, обилни врнежи од дожд и прекини во воздушниот сообраќај.

Тајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)

Кина издаде црвена тревога, највисоко ниво на тревога, додека се приближува тајфунот.

Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови, при што пет лица беа полесно повредени, соопштија локалните власти.

Според Јапонската метеоролошка агенција, тајфунот достигна брзина на ветерот до 144 километри на час над островот Мијако во Окинава, објави Кјодо.

„Џапан ерлајнс“ и „Ол Нипон ервејс“ ги откажаа летовите до и од Окинава, како и до регионот Амами во југозападната префектура Кагошима.

Кина издаде црвена тревога

Кина издаде највисоко ниво на тревога за дожд додека тајфунот Бави денес се приближува кон североисточниот дел од кинескиот регион Тајван, прекинувајќи ја работата и наставата во повеќето области.

Кинеската Национална опсерваторија издаде црвена тревога за дождовни бури, највисоко ниво во систем со четири нивоа, предупредувајќи дека обилни, па дури и екстремни врнежи од дожд би можеле да погодат неколку региони во земјата, објави Ксинхуа.

Се очекува тајфунот Бави да стигне до брегот на источна Кина во раните утрински часови во недела.

Обилни врнежи од дожд се прогнозираат за Жеџијанг, северен Фуџијан, североисточен Џангси, јужен Анхуи, како и делови од Пекинг и Хебеј во следните 24 часа.

Според прогнозите, акумулираните врнежи од дожд би можеле да достигнат од 250 до 500 милиметри во делови од источен и јужен Жеџијанг и северен Фуџијан, додека се очекува некои области во регионот Тајван во централна и северна Кина да добијат помеѓу 250 и 800 милиметри дожд.

Тајфунот Бави, деветтиот тајфун оваа година, рано утрово стигна до копното во регионот Тајван во североисточна Кина, предизвикувајќи откажувања на летови во Тајпеј и Тајчунг и прекини во работата и училиштата низ целиот остров.

Метеоролошкиот орган на регионот соопшти дека центарот на тајфунот е околу 360 километри југоисточно од Тајпеј и се движи кон северозапад со брзина од 27 километри на час.

Регионот пријавил обилни врнежи од дожд и ветрови, како и изолирани случаи на штети, вклучувајќи прекини на електричната енергија и лизгање на земјиштето.

Властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат брегот поради високите бранови, а се очекува врнежите од дожд на островот постепено да се намалуваат во недела.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер