Зошто некои луѓе се магнет за комарци? - Канал 5

Зошто некои луѓе се магнет за комарци?

Научниците откриваат каков мирис ги привлекува комарците

Зошто некои луѓе се магнет за комарци?

Постојат луѓе кои едноставно се магнет за комарци, дури и кога се меѓу други луѓе, комарците ги напаѓаат токму нив.

Научниците се обидоа да откријат зошто одредени луѓе им се попривлечни на комарците од други. Тоа не зависи од добриот мирис што допира до нив, туку од хемикалиите што нашите тела ги лачат.

Според британскиот стручњак за генетика, Алекс Даинис, овие инсекти ги привлекува топлината на нашето тело и мирисот на јаглерод диоксид од нашиот здив. Така овие инсекти ја избираат својата „жртва“, но прашањето е што ги тера да напаѓаат одредени луѓе?

- Многу студии во текот на годините се обиделе да откријат зошто некои луѓе им се попривлечни н комарците од другите. Некои студии сугерираат дека крвната група ја одредува жртвата на комарците, додека други тврдат дека голема улога во тоа играат храната и пијалокот што ги консумираме - напоменува овој генетичар.

Овој стручњак се повикал на студија од минатата година каде што истражувачите ги разгледувале масните киселини, особено карбоксилната киселина што ја лачиме преку себумот - восочна масна супстанција што помага кожата да остане влажна. Во истражувањето, на испитаниците им биле дадени модерни најлонски ракавици за собирање на себум, а потоа ги поставувале во комора со комарци така што тие можеле да избираат меѓу различните мириси.

Научниците откриле дека некои луѓе навистина се магнет за комарци и дека одредени видови карбоксилни киселини во кожата се причината поради која некои лица се почесто напаѓани од комарците.

Како што истакна д-р Алекс, некои луѓе едноставно произведуваат поинакви киселини од другите, поради што се попривлечни за комарците. Тој забележува дека сите ние имаме генетски предиспозиции да произведуваме различни соединенија и дека разликата лежи во микробите на нашата кожа.

Од друга страна, луѓето кои лачат мирис што потсетува на еукалиптус, не се мета на комарците.

Голема улога во заштитата од комарци играат препаратите на база на масло од лимонов еукалиптус, како и кокосовото масло, кои поради некоја причина комарците не ги сакаат.

Што се случува кога ќе нè касне комарец?

Исклучиво женките комарци ги напаѓаат луѓето. Ним им се потребни протеините од човечката крв за производство на јајца. Кога женка комарец ќе касне човек, таа вбризгува плунка во човечката кожа преку шест тенки заби во устата. Два од нив се назабени како сечило на пила, но плунката на овој инсект содржи состојка што ја намалува болката при убодот на човекот.

Чешањето, отокот и пецкањето од каснувањето на комарецот се последица на автоимуниот одговор на нашето тело на плунката на комарецот. Многу од протеините во плунката на комарците може да предизвикаат имунолошки реакции, вклучително и алергиски реакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер