Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот? - Канал 5

Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?

На речиси секој аеродром, каде било во светов, кога ќе се качи во авионот, екипажот срдечно го поздравува секој патник и патничка на влезот. Зошто е тоа така?

Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?

Според познавачите, ова е еден начин да се процени „типот“ на патникот. Насмеаните стјуардеси и стјуарди, имено, ќе Ве поздрават, но не само од учтивост, туку и за да проверат, на пр., дали некој е премногу пијан или болен, пред летот, пишува „Кликс“.

При тоа „снимање“ на лицата, авионската посада умее да процени и кои патници би можеле да помогнат во итен случај. Лицето, телото, движењето, но и однесувањето, макар и првични, секогаш укажува на одредени квалитети и одлики на човекот.

На одговорните за летот им е важен секој кој се движи без проблеми, патува сам, зборува англиски или друг јазик итн. Тие всушност, се обучени да проценат кој би можел да им биде од корист во случај на потреба, или пак, кој би можел да направи проблем при летот.

Според сѐ тоа, не е за изненадување ако екипажот на кабината Ве повика во случај на несреќа, непријатност или каков било непредвиден случај на патувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово - стручњак на вистинското место за вистинската тема

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е на увид на изградбата на фекална канализација во Идризово.

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово - стручњак на вистинското место за вистинската тема

Логичен избор.

Откако граѓаните во Гостивар цел месец пиеја фекалии, премиерот конечно одлучи да се занимава со фекалната инфраструктура.

Само овојпат од правилната страна на цевката.

Додека во Гостивар немаше ниту еден негов увид, ниту една посета, ниту една „здравица“ со граѓаните кои се труеа и заболуваа, сега има време за фотографирање покрај канализација во Идризово.

Идризово, место што народот го поврзува со затвор, денеска го пречекува премиерот како експерт за фекален систем.

Савевски да си ја работеше својата работа, а не по барање на Мицкоски, можеби Мицкоски ќе останеше подолго во Идризово и ќе имаше можност посериозно да ја проучи темата, научно.

Еден месец криза со загадена вода.

Илјадници заболени. Епидемија на жолтица.

Отруена вода во болницата.

Епидемија на западнонилска треска.

Двајца починати од западнонилска треска.

Болниците во колапс.

А премиерот?

Прво на научна екскурзија.

Потоа на увид на фекална канализација.

Приоритетите се кристално јасни.

Скопје, 16.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматичен пожар во Зелениково

Драматична ноќ во Зелениково, голем пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. 

Драматичен пожар во Зелениково

За среќа со брза интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите.

-Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, околу 2 часот по полноќ добил телефонски повик од видно вознемирена жителка која побарала помош бидејќи пожарот се приближувал кон нејзината куќа.

Според Ангелов, веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево било упатено кон Зелениково.

Ангелов во тој момент се враќал од Македонски Брод, каде биле направени подготовките за денешната интервенција на пожарот што гори на висок и тешко пристапен карпест терен. По повикот, тој се упатил кон Зелениково и околу половина час подоцна пристигнал на критичната локација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Американската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.

Американска пливачка собори два светски рекорда во ист ден

Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите.

Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки.

Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш.

Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден.

Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер