ЖивотЗошто Менгеле одлучил да биде чудовиште, а не доктор?Киел Мајевски наведува три причини поради кои Јозеф Менгеле го злоупотребил своето докторско знаење за време на холокаустот.Пред точно триесет години телото на нацистичкиот злосторник Јозеф Менгеле е ексхумирано откако би погребан под лажно име во 1979 година во Бразил. Дури во 1985 година е утврден неговиот идентитет, а се до својата смрт, кога се удавил додека пливал, живеел релативно удобен живот. Благодарејќи на мрежата од свои луѓе, 1949 година побегнал во Аргентина, каде живеел извесно време, а потоа и во Парагвај и Бразил. Иако го барале повеќе земји, вклучувајќи ја и Германија, никогаш не е фатен, никогаш не одговарал за своите злосторства и никогаш не се покајал. За време на холокаустот, тој испратил во смрт 400.000 луѓе. Зошто доктор Јозеф Менгеле за време на холокаустот одлучил да го злоуботреби своето лекарско познавање, наместо да им помогне на луѓето? Тоа прашање си го поставува човештвото со децении, а неодамна се појави и на порталот „Quorai”, каде често можат да се пронајдат одговори од експерти. На ова прашање одговори Киел Мајевски, директор на музејот на холокаустот „Candles”, Мајевски долго ја анализирал одлуката на Менгеле да премине на мрачната страна, и понуди три причини поради кои Менгеле засекогаш ќе остане запаметен како “Ангелот на смртта“. Првата причина е тоа што Менгеле бил натпросечно амбициозен, тврди Мајевски. Буквално копнеел по признанија и повеќе од се посакувал статус на врвен научник. Во сведочењата од Аушвиц се зборува дека возовите полни со Евреи кои секојдневно пристигнувале во логорот, Менгеле не ги гледал како злочин, туку како можност. Затворениците за Менгеле претставувале бескрајна залиха на “свежа роба“ на која можел да експериментира. Неговата амбиција била многу поголема од посветеноста на докторските кодекси и бил уверен дека работи за доброто на човештвото и науката. Ева Кор, една од преживеаните жртви на неговите експерименти изјави дека Менгеле своите дела ги гледал како корисни и нужни, а некако противзаконити и пред се гнасни. Дури и подоцна, кога побегнал во Јужна Америка, записите од неговиот дневник покажуваат дека тој искрено верувал оти постапувал правилно. Втората причина поради која Менгеле верувал дека допринесува за науката со своите злодела бил фактот дека бил дел од еугенистичкото движење. Еугенистите биле научниви во 19 и 20 век кои верувале дека човештвото може да стане подобро доколку неговото ширење строго се контролира. Како и што било за очекување, токму еугенистите верувале дека тие се супериорната раса, подобри од било кој друг. Некои од работите кои на почетокот морале да бидат елиминирани биле на пример алкохолизмот и било кој вид на ментална болест. Американските еугенисти се залагале за многу строги брачни правила и насила стерилизирале десетици илјади луѓе кои не се “вклопувале“ во нивната слика за совршената човечка раса. Нациститите во Европа ја примениле истата логика, па така за инфериорна раса ги прогласиле Евреите, Ромите, Словените, хомосексуалците, како и лицата со ментални и физички проблеми. Менгеле спаѓал во групата на еугенисти кои цврсто верувале дека и прават голема услуга на човечката раса со тоа што се ослободуваат од оние кои ги сметаат за инфериорни. Мајевски како трета причина ја наведува општата атмосфера во Германија во тоа време. Во времето кога Менгеле ја започнал својата академска кариера нацистите веќе длабоко започнале со елиминирањето на Еврите од сферата на животот. Кога се пријавил во СС дивизијата, Менгеле морал да предаде доказ дека во неговото семејство нема Евреи. Дури и со површна анализа на говорите кои тие години ги држеле Хитлер и Гебелс било лесо да се воочи дека тие постојано ги опишувале како инфериорна раса која не е ништо подобра од стаорците. За тоа допринела и останатата нацистичка пропаганда, па затоа и не чуди што Менгеле Евреите ги сметал за свои заморчиња. Тоа што е значајно за Менгеле е фактот што бил многу добри и квалитетно образован. Неговите колеги од факултетот во Минхен сведочеле дека никогаш не оставал впечаток на некој кој е во состојба да направи нешто по што ќе остане запаметен како “Богот на Аушвиц“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter