3Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме повеќе пари за проекти во општините, земјоделството,...
3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ЗабаваЗошто луѓето ги ставаат патиките во замрзнувач?Сте виделе ли видео на социјалните мрежи во кое луѓе ставаат патики во замрзнувач? Некои го прават тоа за да ги растегнат, но други велат дека тоа помага во отстранувањето на непријатниот мирис. Дури и сопствениците на една продавница за чевли меѓу советите за одржување на чевлите свежи и без мирис го навеле овој трик, пишува Mirror. Зошто чевлите се замирисуваат? Непријатниот мирис настанува како резултат на комбинацијата пот и бактерии. Проблемот може да го влошат и други фактори: стрес, хормонски промени, хиперхидроза или прекумерно потење, кај некои луѓе овој мирис дополнително да е засилен поради непријатниот мирис на чевлите. Ситуацијата може да ја влошат и габични инфекции на стапалата, како и носење патики без чорапи. Сончевата светлина исто така може да помогне Еден трик што вреди да се проба е да ги оставите чевлите на директна сончева светлина. Топлината и УВ зраците можат да помогнат во намалувањето на бројот на бактерии што предизвикуваат мирис, а свежиот воздух го забрзува сушењето и спречува задржување на влагата. За најдобри резултати, поставете ги патиките/чевлите така што и внатрешноста и надворешноста ќе бидат изложени на сонце. Меѓутоа, ако обувките се со светла боја или од деликатни материјали како кожа, подобро е да ги оставите под сенка на место на кое има провев. Дали замрзнувањето навистина функционира? Со ставање на обувките ноќе во замрзнувач, ниската температура исто така може да го намали бројот на бактерии што предизвикуваат непријатен мирис, па обувките после тоа може значително да се освежат. Пред тоа, ставете ги обувките во кеса со затворач за да не дојдат во контакт со храна. Овој метод делува кај повеќето обувки, но треба да се биде внимателен со обувки што се осетливи на влага, како што е вистинската или превртената кожа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37
МакедонијаМО: Презентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фондПрезентација на опремата набавена преку Европскиот мировен фонд, Мисајловски порача дека таа покажува колку е значајна поддршката од ЕУ за зајакнување на капацитетите на АрмијатаДенеска (3 јули) во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, беше реализирана методско показна вежба и беше извршен приказ на тактичко-техничките средства и опрема, набавени преку Европскиот мировен фонд. На настанот премиерот Мицкоски порача дека приоритет на Владата е да продолжи да инвестира во македонска Армија, со цел таа да остане конкурентна. Тој се заблагодари на Европската Унија затоа што во македонската Армија препозна квалитет, како и на амбасадорот Рокас, за неговата лична посветеност во реализација на процесите за набавка и испорака на опремата. „Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посветеност, на Европската унија, што еве донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност како армија којашто е составен дел на НАТО алијансата. Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството за посветената работа. Се разбира сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена“, рече Мицкоски и истовремено се заблагодари на сите припадници на македонската Армија. Министерот Мисајловски ја истакна исклучителната соработка со Европската Унија и Делегацијата на ЕУ во нашава земја кои придонесоа оваа набавка да стане реалност за македонската Армија, што е од особена важност за јакнење на одбранбените капацитети. „Зад мене може да го видите првиот пакет на опрема што стигна [за што] работиме постојано. Се надевам дека во наредниот период ќе најавиме дополнителни пакети каде што ќе опфатат дополнителна опрема“, рече министерот. Министерот појасни дека станува збор за целосен грант – директни средства од Европската Унија и додаде дека тоа е резултат на нашата Заедничка европска безбедносна политика, нашиот однос, учеството во операциите на ЕУ и постојаната комуникација. Амбасадорот на Европската Унија во државава, Михалис Рокас истакна дека безбедноста е суштински дел од европското партнерство, особено имајќи предвид дека во 2024 година потпишавме партнерство за безбедност и одбрана. „Ги гледаме резултатите и гледаме како ова партнерство не само што со себе носи нова опрема, туку вклучува и обука. Гледаме извонредни симулирани вежби од страна на силите“, подвлече тој. Со поддршка на Европскиот мировен фонд набавена е опрема во вредност од над 40 милиони евра, сегментирана во три пакети од кои опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет се пристигнати во земјава. Станува збор за опрема од различен вид – радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори, додека во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСАД со предупредување до Полска, Русија планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз ПолскаМосква планира да изврши притисок врз НАТО со напад врз Полска, тврдат извори блиски до Навроцки.САД ја предупредија Варшава дека Русија планира вооружена „провокација“ против Полска за да ја тестира решителноста на НАТО. Евентуален напад би можел да вклучува ракетни или беспилотни напади врз клучната полска инфраструктура, па дури и премин на руски војници преку границата на територијата на алијансата, пишува „Индипендент“. Извори блиски до полскиот претседател Карол Навроцки изјавија за полскиот медиум „Онет“ дека целта на евентуалниот напад во Москва, кој би можел да се случи за неколку месеци, би била да се создадат тензии и да се изврши притисок врз западните сојузници да ја сопрат воената и финансиската помош за Украина. „САД систематски ја информираат Полска за новите руски планови за конвенционален напад врз источниот крило на НАТО, а Полска во никој случај не е исклучена“, изјави извор близок до полскиот претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме повеќе пари за проекти во општините, земјоделството,...Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклусПредлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година од денеска се на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комисијата Предлог-ребалансот го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека со измените и дополнувања се потврдува заложбата на Министерството за финансии и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и воедно претставува продолжување на насоката што веќе дава резултати, а тоа се позитивните трендови во економијата. „Најважно и клучно е дека измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година што денеска го претставувам пред вас и јавноста не произлегуваат од недостиг на приходи или од нарушена ликвидност на Буџетот. Напротив. Овој ребаланс е резултат на потребата да ги усогласиме буџетските проекции со новите економски услови, да обезбедиме дополнителни средства за законските обврски што значат редовна и во целост исплата на платите во секторите каде што обезбедивме раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините и, она што има најважна карактеристика овој Ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус во инфраструктурата“, рече министерката. Таа потсети дека измените и дополнувањата се носат во период на глобална неизвесност и дека надворешните геополитички случувања се одразија на економските текови и влијаеја на извршувањето на Буџетот за 2026 година, а од таа причина со предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година се прави прилагодување на макроекономските претпоставки и фискалните проекции, пред сè на расходната страна на Буџетот. „Ребалансот на Буџетот не претставува само техничка измена на бројки, зад тоа стојат политики коишто Владата ги насочува кон поддршка на економијата и граѓаните. Тој претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат“, наведе министерката при тоа потсети на мерките што беа преземени со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Министерката истакна дека со ребалансот се останува на политиката на навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики. Со предложениот Ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,5 милијарди денари. На приходната страна, даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари. Неданочните приходи бележат значително подобрување и се зголемуваат за околу 2 милијарди денари, додека донациите бележат пораст од околу 2,7 милијарди денари. На расходната страна, вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари, а дополнителните средства се насочуваат кон јасно утврдени приоритети. Обезбедени се дополнителни средства за земјоделските субвенции (1,4 милијарди денари повеќе или вкупно 8,7 милијарди денари), повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, за студентскиот и ученичкиот стандард дополнителни 500 милиони денари. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци од дополнителни 1,3 милијарди денари, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни 1,2 милијарди денари за здравствена заштита, од кои 600 милиони се дополнителни средства од централниот буџет за исплата на обврски по породилно боледување. Министерката посочи дека определбата за фискална дисциплина е отсликана во овие предложени измени и дека со ребалансот кај расходите за стоки и услуги се врши намалување од околу 837 милиони денари преку реалокација на средствата и нивно насочување кон приоритетните потреби, а од друга страна со ребалансот особено значење се придава на развојната компоненета и се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари или 14,5% раст во однос на иницијалниот Буџет. „Првпат, корекцијата на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата, односно зборуваме за дефицит којшто ќе финансира развој, а ќе резултира со зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,3 милијарди денари или на 4,1% од БДП. Средствата се насочени кон реализација на капитални проекти од стратешко значење за државата и граѓаните што ќе остане принцип на работа на оваа Влада“, потенцира Димитриеска-Кочоска. Во експозето министерката се осврна и на поважните макроекономски остварувања во 2026 година, како и на реализацијата на Буџетот, нагласувајќи го растот на реализацијата на капиталните расходи за 53,5% повеќе во споредба со минатата година, како и исплатите на обврските на домашниот и странскиот пазар во износ од 72,7 милијарди денари. Министерката порача дека Буџетот е најзначајниот стратешки документ кој ги содржи сите политики на Владата и дека со него Владата останува на среднорочната траекторија за водење фискална политика и остварување на концептот и визијата за повисоки стапки на раст. Тоа е платформа за просперитет, насочена кон стабилност за економијата и за граѓаните. Платформа за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, којшто обезбедува стабилност на јавните финансии, но истовремено создава услови за повеќе инвестиции, поголема економска активност и подобар животен стандард за граѓаните. Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена. На предлогот се поднесени вкупно 226 амандмани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37