Зошто Јапонците лесно ги поднесуваат високите температури? - Канал 5

Зошто Јапонците лесно ги поднесуваат високите температури?

– Одличен трик за преживување на пеколните горештини

Зошто Јапонците лесно ги поднесуваат високите температури?

Како и многупати досега, уште еднаш се потврди дека од Јапонците треба многу да учиме.

Додека ние со денови се мачиме на овие екстремни горештини, просечниот жител на Јапонија многу полесно од нас се справува со високите температури. А, трикот не може да биде поедноставен – клучни се вашиот врат и разладена тенка марама. Ова се две клучни работи за борба против жештината.

Најтоплите месеци во Јапонија се јули и август, климата е прилично влажна и не е лесно да се издржи жештината, особено во Токио и другите големи градови. Но, како и секогаш, Јапонците одамна се подготвени за температури повисоки од 40 °С.

Освен што јадат лесна храна, пијат многу течности, носат лесна облека од природни материјали во светла боја и секогаш носат чадори за сонце.

Еве што треба да направите

Покрај тоа, тие имаат уште еден докажан трик, во разладувањето може да ви помогне обична марама во светли бои. Јапонците ваквата марама ја натопуваат со ладна вода и ја врзуваат околу вратот.

Имено, вратот е рефлексогена зона, во него се наоѓаат големи крвни артерии, а влажната марама овозможува да се освежите за време на горештините. Дека овој метод навистина делува, потврдува и фактот што во некои продавници денес може да се купат марами со разладувачки ефект, пишува Match-jp.com.

Покрај наведеното, важно е да избегнувате престој на отворено помеѓу 10 и 17 часот, да не пиете алкохол и напитоци што содржат премногу кофеин и шеќер, како и да се туширате со млака вода.

Ова е само потврда на фактот дека за време на бранот со пеколни горештини многу е важно разладувањето на вратот, зглобовите на рацете, надлактиците и внатрешната страна на колената.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со какви предизвици ќе се соочи новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева?

Обвинителката Искра Хаџи Василева и официјално е избрана за нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. 

Со какви предизвици ќе се соочи новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева?

Советот на јавните обвинители ги објави конечните резултати од гласањето, на кое Хаџи Василева освои 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, кој доби 57. Од останатите кандидати Јован Цветановски освои 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест. По изборот на Хаџи Василева, пред неа остануваат сериозни предизвици почнувајќи од обезбедувањето доволно финансиски средства и зголемувањето на ефикасноста на обвинителите, вели за Канал 5 поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска.

-Значи новата обвинителка, односно раководителка на ова обвинителство ќе се соочи со големи предизвици. Пред сè во обезбедување на финансиските средства, нели, законот сè уште не е донесен, би требало да се избори за барем да го има истото ниво што досега го имаа во претходниот закон. Да се обиде да ја зголеми ефикасноста на постојните обвинители, значи првин со ресурсите со коишто располага обвинителството да ги искористи максимум,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК.

Ивановска предупредува и на податоците од анализата за влијанијата врз обвинителите. Од новата шефица ќе се очекува не само да ги продолжи постапките по предметите за организиран криминал и корупција, туку и да покаже дека обвинителството може да работи поефикасно, без селективност и без надворешни влијанија.

-Сè уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите, таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распределба на предметите. И што е најважно, да се справат со директните и индиректните притисоци или сугестии. Значи, 36% од јавните обвинители искусниле обиди за влијание од членови на извршна власт, а 29% од претставници на политички партии. Ова се загрижувачки бројки и мислам дека треба во своите редови да се справат со овие ризици и предизвици,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК.

Новата шефица на ова обвинителство има 10 - годишно обвинителско искуство, а во октомври 2024 година беше избрана за обвинителка во ОЈО ГОКК. Меѓу позначајните предмети на кои работeше е обвинението против судијата Ѓоко Ристов во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени заѕидани 350 илјади евра, передмет за кој судската постапка е во тек. Хаџи Василева го застапуваше и обвинението против докторот Жан Митрев, кој беше обвинет за измама поврзана со информирањето на пациентите за хемофилтрацијата за време на пандемијата, како и корупцискиот предмет против ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев. На раководната позиција таа ќе го наследи Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби

За операција на очи, но и други здравствени услуги во приватна болница, еднаш плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент, а ланец на неказнивост овозможил повеќегодишна масовна злоупотреба на народните пари од здравствената каса.

Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби

За операција на очи, но и други здравствени услуги во приватна болница, еднаш плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент, а ланец на неказнивост овозможил повеќегодишна масовна злоупотреба на народните пари од здравствената каса, но и џебот на пациентите.

Ова го потврди Министерот за здравство Сашо Клековски кој кажа дека засега истрагата на МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција се однесува на три лица од Фондот и две од приватната клиника, но не откри детали дали станува збор за штета врз буџетот од над 1,5 милион евра и противправно стекна материјална корист за болницата од 4 милиони евра.

-Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов,- изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Пред официјалната акција на претреси на десетина локации, во Скопје, Куманово и Тетово, во детектирање на криминалот и обезбедување на докази биле инволвирани поголем број на институции како што е секторот за контола при Фондот и здравствениот инспекторат, потврди Клековски.

-Станува збор за повеќе врсти на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите. За иста услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите. МВР заедно со секторот за контрола на ФЗО напорно работеше да се завршат сите работи, беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за контрола на лекови, но и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата,- - изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Според првичните неофицијални информации, дел од медиумите шпекулираат дека во центарот на истрагата е Ден Дончев, поранешниот директор на ФЗО во времето на владата на СДСМ, а се споменуваат и поранешни и актуелни функционери во Фондот, меѓу кои поранешен претседател на Управниот одбор, поранешен раководител на Секторот за контрола во ФЗО и директори на скопската подрачна единица.

Неофицијално се споменуваат и имиња на поранешни сопственици и управители, но и сегашни раководители на една приватна болница во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Четири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.

Ново рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбраната

Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип .

Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола.

Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер