Зошто ја славиме Пресвета Богородица - Канал 5

Зошто ја славиме Пресвета Богородица

Во Новиот завет за Пресвета Дева Марија, Мајката на Исуса Христа, релативно, малку се зборува. 

Зошто ја славиме Пресвета Богородица

(Протојереј Александар Шмеман)

Православната Црква во август го слави крајот на земниот живот на Дева Марија, нејзината смрт, која ја нарекува Успение, збор што ги комбинира значењата на сон, блаженство, мир, спокојство и радост.

Не знаеме ништо со сигурност за околностите на смртта на Дева Марија, Мајката на Исус Христос. Од времето на раното христијанство, до нас стигнале разни приказни за таа смрт, претежно украсени со еден вид детска љубов и нежност. Сепак, токму затоа што овие приказни се различни, нема потреба да се испитува „историската веродостојност“ на која било од овие приказни поединечно. На денот на Успението на Пресвета Богородица, Црквата го фокусира своето сеќавање и љубов не на тој фактички и историски контекст, ниту на точниот датум и точното место на крајот на земниот живот на Мајката на сите мајки и на таа сеобединета Жена, туку на она што ја претставува суштината и значењето на Нејзината смрт, каде и да се случила. Црквата се сеќава на смртта на Неа чиј Син - како што вели нашата христијанска вера - ја победи смртта, воскресна од мртвите и ни го даде ветувањето за општо воскресение и славната победа на бесмртниот живот.

Tешко дека дека некој друг во целата историја на религијата – а за историјата на христијанството и да не зборуваме - привлекол толку многу внимание и толку многу љубов и бил извор на чиста, непоматена радост како Дева Марија. Таа се појавува на самиот почеток на Евангелието, потоа во приказната за свадбата во Кана Галилејска и на самиот крај, покрај Крстот на кој бил распнат нејзиниот Син. Низ годините и вековите, ѝ се упатува радосен поздрав: „Радувај се!“ и нема ден, никаква служба или, со ретки исклучоци, никаква молитва, што не го споменува онаа во која, според зборовите на Црквата, „се радува секое создание“.

Во Новиот завет за Пресвета Дева Марија, Мајката на Исуса Христа, релативно, малку се зборува. Од четворицата евангелисти, само двајца, Матеј и Лука, зборуваат за раѓањето на Исуса Христа во Витлеем, а тоа значи ја споменуваат Неговата Мајка, зборувајќи за надворешните околности во кои што се случил тој настан. Евангелистот Марко воопшто не зборува за света Дева Марија. Во Евангелието според Јован таа се споменува двапати: на самиот почеток, во параболата за свадбата во Кана Галилејска, каде што се застапила кај својот Син да им помогне на домаќините на свадбената трпеза на кои во еден момент не им стасало вино. И вторпат, на самиот крај, кога стоела под Крстот на кој бил распнат нејзиниот Син.

Во книгата Дела апостолски, која во првиот дел е посветена на животот на првата христијанска црква во Ерусалим, Дева Марија се споменува само еднаш, во првата глава, каде е речено дека учениците биле заедно на молитва со жените и со Марија, Мајката Исусова. За Света Дева Марија во сите останати книги на Новиот Завет, посланијата на Св. Ап. Павле и другите апостоли, нема ништо кажано. Токму во тие факти го изведуваат својот прв и основен аргумент сите оние што почитувањето на Божјата Мајка, што зазема толку важно значење и централно место во животот на Црквата, го гледаат како нешто што претставува задоцнето вложување во Христијанството, влог туѓ на неговиот првобитен дух и учење. Тоа бил аргумент што уште во XVI век го прифатиле протестантите, сметајќи дека поклонувањето и почитувањето што ѝ се укажува на Божјата Мајка во христијанската црква нема основа во Светото Писмо и затоа претставува идолопоклонство. Еве, ни зборуваат, Црквата го празнува празникот на Раѓањето на Божјата Мајка, празникот на Нејзиното Воведување во храмот, празникот на Нејзиното Успение. Меѓутоа, ниеден од овие настани не е ниту споменат во Светото Писмо, во Новиот Завет, и затоа сето тоа претставува човечка измислица што ја затемнува првобитната чистота и едноставност на христијанското учење.

И токму поради тоа што тој аргумент, навистина, е сериозен сметаме дека она што го нарековме „скромен обид“ на објаснување на содржината и смислата на почитувањето на Дева Марија во Православната црква, и воопшто во Христијанството, треба да започне токму со давање на одговор на тој аргумент.

Тој одговор ќе го започнам со неколку зборови за пристапот кон религиозните феномени воопшто. Отсекогаш постоеле и денес постојат два пристапа кон тие појави. Едниот може да се нарече надворешен, а вториот внатрешен пристап. Најпростата дефиниција на надворешниот пристап е таа што го дефинира како пристап што е во потполност заснован на докази.

Докажи ми дека има Бог, докажи ми дека Христос е Бог, докажи ми дека во христијанската света тајна Евхаристија лебот се претвора во Тело Христово, докажи ми дека постои друг свет… Докажи ми и јас ќе ти поверувам. Но сè додека не докажеш – нема да верувам. Меѓутоа, доволно е да се вдлабочиме во сите тие „докази“ за веднаш да ни стане јасно дека тој и таков пристап не може никого да го доведе, не само до суштината на религиозниот феномен, дури ни до суштината на животот воопшто, со исклучок на тие релативно тесни сфери на природните науки. Можно е да се докаже дека водата врие на 100 степени Целзиусови. Но не е можно да се докаже дека Пушкин бил гениј. Токму онака како што е невозможно да се докаже било што, што има врска со внатрешниот живот и свет на човекот, со неговата тага и радост, занес и вера. Да обратиме внимание на тоа дека Христос никогаш и ништо не докажувал, туку само ги повикувал луѓето да видат, да слушнат и да го прифатат тоа што дотогаш не можеле да го видат, да го слушнат и да го прифатат тоа што и ден-денес, во голема мера, и понатака не го гледаат, не го слушаат и не го прифаќаат. Со други зборови, колку е повозвишена вистината, колку е повозвишено до6рото, колку е повозвишена убавината, толку помалку се докажливи, толку е помалку применлив пристапот што се заснова на доказите.

[За православните христијани денеска почна Страстната – Страдалната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден.]

Ова нè доведува до другиот метод, што го нарековме внатрешен метод или пристап. Токму таквиот метод, најчесто и самите не знаејќи, го користиме во нашиот вистински живот што е далеку од секаква апстрактност. Ние и живееме токму со тој внатрешен пристап кон сè. Така, на пример, кога сакаме некого, нас ни се открива она што воопшто не може да го види оној кој не ја сака таа личност. Нам ни се открива внатрешната суштина на оној што го сакаме, суштина што е инаку недостапна за нашиот надворешен вид, но која ѝ се открива на нашата љубов, блискост и непосредно познавање. И наместо надворешно да пребројуваме колкупати името на Мајката Исусова се споменува во оној или во овој текст, прашањето на почитувањето на Божјата Мајка во христијанската вера треба да го поставиме на еден сосема поинаков начин, во склад со „внатрешниот“ метод и пристап кон верата…

Ќе речам вака: Кога нашата вера во Христа не би знаела за Неговата Мајка ништо друго, освен тоа дека Таа постоела и дека ја викале Марија, само тоа наједноставно сознание би било сосема доволно за во неа да препознаеме, во нејзиниот лик да согледаме, во нашата вера и нашето срце да откриеме сè она што Христовата Црква – во овие изминати 2000 години – препознала, открила и согледала во ликот на Божјата Мајка. Ни зборуваат дека во Библијата ништо не е речено за нејзиното раѓање, ниту за смртта на Дева Марија. Но ние знаеме дека таа постоела и живеела, а тоа значи дека морала да се роди и да умре.

Тогаш, зар е можно љубовта кон Христа и верата во Него да останат рамнодушни кон она што започнало во светот во оној момент кога во него се родила Онаа, на Која и било одредено да стане Негова Мајка?

[Празник на мајката на сите мајки Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, то]

Зар било можно оние кои верувале во апсолутната и божествена новост на Исуса Христа и во сето она што Он направил во овој свет, својот умствен и духовен поглед да не го сосредоточат и на Онаа Која Му дала човечки живот?

Со други зборови, севкупното почитување на Божјата Мајка и сета наша љубов кон Неа и сето наше знаење за Неа, произлегува токму од љубовта кон Христа и знаењето што го дарува исклучиво таа љубов.

И навистина, пред нас секогаш стои само една и единствена можност, само еден и единствен избор: пријдете, вкусете и сами одлучите за што се работи тука – дали за некаква митологија и измислица или, пак, за вистина, живот, убавина што самите ни се докажуваат со својата животворност, длабочина и неспоредливост. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. 

Тинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)

Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг.

Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime.

На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника.

Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи.

„Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи.

„Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа.

Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница.

Според извештаите, најмалку две деца се повредени.

На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура.

Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители.

Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување.

Погледнете ја снимката од овој хаос:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.

Макрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка.

На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи.

Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил.

Брегзит во центарот на разговорот

Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи.

Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок.

Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти.

Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста.

Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста.

Камерон предупредува за враќање во ЕУ

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата.

Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ ​​во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот.

„Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг.

Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“.

Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили.

Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит.

„Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас.

Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“.

Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата.

Спор околу слободата на движење

Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија.

Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ.

Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ.

Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум.

Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум.

Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат.

„На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам.

Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници.

„Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател.

Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двегодишно дете загина по пад од четврти кат во луксузен хотел на Кипар– таткото направил страшна грешка

Двегодишно момче кое падна од прозорец на хотел на четвртиот кат на Кипар почина од повеќекратни сериозни повреди, изјави патологот.

Двегодишно дете загина по пад од четврти кат во луксузен хотел на Кипар– таткото направил страшна грешка

Детето претрпело смртоносни повреди на главата, виталните органи и телото откако паднало од речиси 12 метри од луксузниот хотел со пет ѕвезди „Кинг Евелтон Бич“ во Хлоракас, објави Сан.

Истрагата во судот за мртовечници во Есекс покажа дека трагедијата се случила на 12 јули 2026 година, првиот ден од семејниот одмор на медитеранскиот остров.

Неговиот татко, Џошуа Фостер, беше казнет со 3.000 евра (2.500 фунти) во судот во Пафос минатиот месец откако призна дека ја предизвикал смртта на својот син со неодговорно или опасно дејствие.

Судијата му рече дека ќе „живее со вина до крајот на животот“ откако беше откриено дека Фостер го поставил детето на прозорец за да му го покаже погледот на водениот парк, не сфаќајќи дека прозорецот е отворен.

Вишиот патолог од Есекс, Линколн Брукс, рече дека случајот на детето е „особено трагичен“ додека денеска ја отвораше истрагата и ја одложуваше.

„Двегодишното дете беше на одмор со своето семејство во Пафос, Кипар. За жал, падна од прозорец на четвртиот кат од хотелот каде што престојуваше семејството и беше прогласено за мртво истиот ден во болница“, рече Брукс.

Привремената причина за смртта се „тешки краниоцеребрални повреди и повеќекратни повреди на телото и виталните органи“.

Целосна истрага е закажана за 6 јануари, рече Брукс, изразувајќи сочувство до семејството на момчето.

Фостер, раководител на одделот за вештачка интелигенција во една од четирите најголеми сметководствени фирми во светот, КПМГ, „изгубил контрола“ врз својот син додека му покажувал поглед на воден парк, беше кажано минатиот месец на судот во Пафос. Судијката Фросо Христодулу рече дека неговото однесување било неодговорно, но „ненамерна грешка“. На Фостер му било кажано дека „ќе мора да се справува со вината до крајот на животот“.

Судијата рече дека нема јасни знаци дека прозорецот бил отворен и дека алкохолот што Фостер го консумирал претходно во текот на денот не играл улога во несреќата.

Ожалостениот Фостер „веднаш соработувал“ со властите и немал претходни осуди.

Судијката Христодулиду претходно му кажала дека нема намера да изрече затворска казна, земајќи ги предвид неговите „лични околности и карактер“.

Таа сметала дека затворот е несоодветна казна бидејќи случајот веќе предизвикал „голема штета на неговото семејство“ и рекла дека тоа ќе има негативно влијание и врз неговата кариера. Тој се соочува со дисциплинска постапка за случајот, што може да доведе до губење на неговата професионална лиценца.

Кога новинар на Дејли Меил го посетил хотелот кратко време по несреќата, открил дека големиот прозорец на четвртиот кат е сè уште отворен.

Британските упатства за здравје и безбедност наведуваат дека хотелските прозорци низ кои може да падне дете мора да го ограничат отворот на максимум четири инчи, или околу 10 сантиметри.

Сепак, на Кипар, доволно е прозорецот да биде најмалку 3,5 стапки, или околу 107 сантиметри, над парапетот. Хотелот „Кинг Евелтон“ го исполнил овој пропис.

По изрекувањето на пресудата, портпаролот на семејството Фостер изјави: „Денес се одбележува крајот на судската постапка на Кипар и сме благодарни на судот и судијата Христодулидис за нивната одлука да ја применат максималната попустливост што им е достапна. Олеснети сме што оваа постапка сега е завршена, но за нашето семејство последиците од оваа трагедија никогаш нема да завршат. Нашиот син беше неизмерно сакан и засекогаш ќе ни недостига. Неговата загуба е нешто со кое живееме секој ден. Нашиот фокус сега е да се поддржуваме едни со други и да најдеме начин да продолжиме напред како семејство. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека го правиме тоа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер