3Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
МакедонијаЗошто индивидуи сѐ почесто се ставаат во улога на сообраќајни полицајци?Самопрогласениот „полицаец“ и „бајрактарот“ со албанското знаме кои блокираа и регулираа сообраќај среде Скопје за непречено свадбарите да одат по невестата добија по 250 евра казна од полицијата. Оној во улога на „сообраќаец“ го организираше сообраќајот според своите потреби во Нерези, додека пак друиот го паркираше својот голф на крстосница, ни помалку – ни повеќе, пред законодавниот дом. Поради свадбарските обичаи и самоволие, законите отстапија токму на крстосницата пред местото каде што се носат – Собранието на Република Македонија. Од МВР велат дека веднаш по информацијата и двајцата биле повикани во станица, а и порачаа, вакво и слично самоволие нема да се толерира. -Секое недолично однесување во сообраќајот, кое директно ги става во опасност животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот од МВР нема да се толерира и секоја слична појава ќе биде санкционирана согласно законските прописи. Во сообраќајот сите треба да бидеме одговорни и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Граѓаните се фрапирани од „шерифското“ однесување кое го нарекуваат дрско и срамно. Казните целосно ги оправдуваат, оти самиот чин претставува и опасност. -Такво самоволие не е примерно, не е во ред, замислете секојдневно тоа да биде пракса, на што ќе личи тоа? Тоа не е храброст, тоа е дрскост, и треба да се осуди секако. -Го видов тоа, свадбата, вака вртеа од тука. Тоа е срамота, повеќе од срамота има ли да се каже за тоа? Тоа како безвластие некое, секој да изиграва полицаец, не го бива. Треба да имаме пред се сите домашна култура, да бидеме хумани во сообраќајот, да ги почитуваме знаците, сообраќајните правила за да сите можеме да функционираме како што треба. Сепак, има и такви кои го оправдуваат ваквото однесување, велат се оди по невестата и не може колоната да се растури, па целиот чин го поистоветуваат со пропуштањето на возилата од Итната медицинска помош. Народната традиција секогаш таква била. Одат по невестата или одат по нешто, тоа е традиција кај нас. Не треба да се земе за зло, сега одиме по невестата, нели, една кола таму ќе остане, не можат да се соберат да одат заедно. Го оправдувам, зошто да не или како Брза Помош, нели? Како застануваме кога е Брза Помош? Брзата Помош – спасува живот – Океј. Според законот, свадбарите кои често се забележуваат во колони, немаат првенство на минување, не смеат да блокираат и да вејат знамиња по крстосници и семафори, а не смеат ниту да свират по целиот пат по кој минуваат, бидејќи сирената се користи за безбедност. Треба да се движат со прилагодена брзина и соодветно растојание и да се „помират“ ако семафорот ги раздели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип ИвановиќМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги. На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаШефицата на Европската централна банка поднесува оставка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година. Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија. Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.Тагови: Европската централна банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евраЗа операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица. Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти. „Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“ Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги. Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања. Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата. „Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија. За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter