Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотЗошто Египет и другите арапски нации се двоумат да примат палестински бегалциДодека Палестинците во опколениот Појас Газа бараат засолниште од немилосрдното израелско бомбардирање како одговор на бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, некои се прашуваат зошто соседните Египет и Јордан не ги прифаќаат.PBS.org/AP Додека Палестинците во опколениот Појас Газа бараат засолниште од немилосрдното израелско бомбардирање како одговор на бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, некои се прашуваат зошто соседните Египет и Јордан не ги прифаќаат. Двата израелски соседи, кои се граничат со Газа и окупираниот Западен Брег, одговорија со категорично одбивање. Во Јордан веќе има голема палестинска заедница. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси вчера во својот најостар говор досега рече дека сегашната војна не е само борба против групата Хамас, која владее со Појасот Газа, „туку тоа е и обид да се истуркаат цивилите од енклавата ... да имигрираат во Египет“. Тој предупреди дека тоа може да го наруши мирот во регионот. Јорданскиот крал Абдула Втори објави слична порака еден ден претходно, велејќи: „Нема бегалци во Јордан, нема бегалци во Египет“. Нивното одбивање се должи на загриженоста дека Израел сака да ги принуди Палестинците трајно да се преселат во нивните земји и да ги поништи палестинските барања за сопствена држава. Ал Сиси, исто така, рече дека масовниот егзодус ќе создаде ризик екстремистите да се инфилтрираат на египетскиот Синајски Полуостров, од каде што би можеле да извршат напади против Израел, загрозувајќи го мировниот договор меѓу двете земји потпишан пред речиси 40 години. Што ги мотивира позициите на Египет и Јордан? Раселувањето е главно прашање во палестинската историја. За време на војната во 1948 година поврзана со формирањето на државата Израел, речиси 700 илјади Палестинци беа протерани од своите домови или избегаа надвор од границите на денешната еврејска држава. Палестинците овие настани ги нарекуваат „Ан Накба“, што на арапски значи „Катастрофа“. За време на Шестдневната војна во 1967 година, во која Израел ги освои Западниот Брег и Појасот Газа, уште 300 илјади Палестинци беа раселени, главно во Јордан. Бегалците и нивните потомци моментално брои речиси шест милиони луѓе, од кои повеќето живеат во бегалски кампови и населби на Западниот Брег, Газа, Либан, Сирија и Јордан. Палестинската дијаспора се прошири уште подалеку, со многу бегалци кои се населиле во земјите од Заливот и на Запад. По прекинот на непријателствата во 1948 година, Израел одби да им дозволи на бегалците да се вратат во местата на потекло. Израел оттогаш ги отфрли палестинските барања за враќање на бегалците како дел од мировниот договор, велејќи дека тоа ќе го загрози еврејското мнозинство во земјата. Египет стравува дека историјата ќе се повтори и голем број палестински бегалци од Газа трајно ќе се населат во арапската држава. Овие грижи се условени од немањето јасно сценарио како ќе заврши војната. Израел вели дека има намера да го уништи Хамас за неговиот крвав напад врз јужните израелски градови. Сепак, сè уште не е јасно што би можело да се случи понатаму и кој ќе владее со Газа. Ова ја зголеми загриженоста дека еврејската држава уште еднаш ќе ја окупира енклавата за одреден период, што дополнително ќе го разгори конфликтот. Израелската армија соопшти дека Палестинците кои ја послушале нејзината наредба да се евакуираат од северна Газа на југ, ќе можат да се вратат во своите домови по завршувањето на војната. Египет не е убеден. Ас-Сиси рече дека борбите би можеле да траат со години доколку Израел почувствува дека не ги погодил милитантите доволно силно. Египетскиот претседател предложи додека траат воените операции, Израел да ги прими бегалците во својата пустина Негев, која се граничи со Појасот Газа. -Нејасноста на Израел за неговите намери во Газа и евакуацијата на населението сами по себе се проблематични, рече Рикардо Фабијани, директор на програмата за Северна Африка во независната невладина организација Меѓународна кризна група со седиште во Белгија. Оваа конфузија предизвикува загриженост во соседните земји, додаде аналитичарот. Египет се залагаше за Израел да дозволи хуманитарна помош во Газа, а еврејската држава вчера соопшти дека ќе го стори тоа, иако не прецизираше кога. Египет, кој веќе се соочува со продлабочена економска криза, веќе е домаќин на речиси девет милиони бегалци и мигранти, вклучително и околу 300 илјади Суданци кои пристигнаа оваа година бегајќи од граѓанската војна во нивната земја, според Обединетите нации. Сепак, арапските држави и многу Палестинци, исто така, се сомневаат дека Израел може да ја искористи ситуацијата за да предизвика трајни демографски промени и да ги порази палестинските барања за сопствена држава што ќе ги вклучи Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, кој исто така беше заземен од еврејската земја во 1967 година. Ал Сиси ја повтори својата загриженост дека егзодусот од Газа „е начин да се стави крај на палестинската кауза... која е најважна од сите причини за нашиот регион“. Тој посочи дека сега нема да има војна доколку одамна се преговарало за демилитаризирана палестинска држава. -Сите историски преседани укажуваат на тоа кога Палестинците беа принудени да ги напуштат палестинските територии, не им беше дозволено да се вратат, рече високиот соработник на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир Хишам Хелиер. Египет не сака да биде соучесник во етничкото чистење во Газа, додаде аналитичарот. Стравувањата на арапските држави беа поттикнати само од подемот на десничарските конзервативни партии под израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кои зборуваат со позитивен тон за егзодусот на Палестинците. По нападот на Хамас, нивната реторика стана поневоздржана, а некои десничарски политичари и медиумски коментатори ја повикаа армијата да ја срамни Газа со земја и да ги протера нејзините жители. Израелски пратеник рече дека Израел треба да започне „нова Накба“ во Газа. Во меѓувреме, Египет вели дека масовниот егзодус од Газа ќе го донесе Хамас или други палестински милитанти на нејзината територија. Тоа може да биде дестабилизирачко на Синајскиот Полуостров, каде што војската на Египет со години се бори против исламистичките екстремисти и дури во еден момент го обвини Хамас дека ги поддржува. Египет ја поддржува израелската блокада на Газа откако Хамас ја презеде контролата врз енклавата во 2007 година, строго контролирајќи го преминот на стоки и цивили преку границата. Каиро, исто така, ја уништи прекуграничната мрежа на тунели што Хамас и другите Палестинци ги користеа за шверц на стоки во Газа. Со оглед на тоа што Египет главно се справува со бунтовниците во Синај, „Каиро не сака да има друг безбедносен проблем за решавање во овој проблематичен регион“, рече Фабијани. Ал Сиси предупреди на уште подестабилизирачко сценарио: пропаѓање на мировниот договор меѓу Египет и Израел од 1979 година. Тој рече дека во случај на присуство на палестински милитанти, Синај „ќе стане база за напади против Израел. Еврејската држава ќе има право да се брани ... и ќе почне да удира на египетска територија“. -Мирот што го постигнавме ќе ни се измолкне, рече Ал Сиси, додавајќи: „И сето тоа во име на идејата за уништување на палестинската кауза“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00