Зошто Барак Обама не ја поддржа Камала Харис за кандидат за претседателка на САД? - Канал 5

Зошто Барак Обама не ја поддржа Камала Харис за кандидат за претседателка на САД?

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа објави дека се повлекува од претседателската трка, а набргу потоа јавно ја објави поддршката за потпретседателката Камала Харис.

Зошто Барак Обама не ја поддржа Камала Харис за кандидат за претседателка на САД?

Не требаше долго, се огласи двојката Клинтон, а поддршка на Камала ѝ дадоа и Бил и Хилари. Наскоро се огласија и гувернерите Гевин Њусом и Џош Шапиро, но изостана поддршката од едно големо име... Поддршката на Барак Обама.

Имено, Обама излезе со соопштение во кое му оддаде почит на Бајден, но во ниту еден момент не ја спомена госпоѓата Харис.

„Ќе се движиме низ непознатите води во наредните денови... Но, имам најголема увереност дека лидерите на нашата партија ќе успеат да создадат процес што ќе произведе извонреден кандидат. Верувам дека визијата на Џо Бајден за дарежлива, просперитетна и обединета Америка која дава можност да биде целосно изложена на сите на Демократската конвенција во август“, рече Обама во објавата.

Се верува дека оваа објава би можела да се протолкува како „повик за отворен конкурс, наместо крунисување“, пишува SkyNews. Дополнително, прашуваат дали е човекот кој влезе во историјата како првиот црн американски претседател, не би сакал неговата партија повторно да отвори „нов терен“, бидејќи номинацијата и победата на Камала Харис ќе ја направи првата жена во Белата куќа.

„Исто како што направи во 2020 година, кога Џо Бајден ја освои номинацијата, претседателот Обама верува дека ќе биде во единствена позиција да помогне во обединувањето на партијата“, изјави извор близок до Барак Обама.

SkyNews потсетува дека Обама не го поддржуваше Бајден во 2020 година додека сенаторот Берни Сандерс не се откажа од трката.

Како што посочуваат, шпекулациите дека Обама се воздржува бидејќи верува дека би можела да биде номинирана неговата сопруга Мишел, немаат основа.

Додека анкетите ја покажуваат како единствениот демократ кој може да го победи Доналд Трамп, поранешната прва дама постојано инсистира на тоа дека нема претседателски аспирации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

Санте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминал

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи.

Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа.

Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата.
Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна.

Канал 5 ТВ Интернет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. 

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

На 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум.

На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан.

Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара.

„Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара.

Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања.

Генерален спонзор на овој музички настан е А1.

Билетите се достапни преку karti.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер