ЖивотЗошто археолозите се плашат од отворање на гробницата на првиот кинески цар?Во 1974 година, кинески полјоделци наидоа на едно од најзначајните археолошки откритија во провинцијата Шанши, во Кина. Додека ја обработувале почвата, откопале глинена фигура, којашто само го навестило она што лежи под неа. Последователните ископувања открија низа јами со илјадници воени статуи од теракота во природна големина во облик на војници и воени коњи. Се чини дека оваа војска од теракота служела како заштитници на мавзолејот на Ќин Ши Хуанг, првиот кинески цар. Но, смртните стапици, како труење со жива се само дел од грижите со коишто се соочуваат археолозите кои размислуваат за ископувања во самата гробница на царот, кој владеел од 247 до 221 година п.н.е. Овој Мавзолеј е оддалечен околу 1.500 метри од теракотните статуи. Така, и покрај опсежното истражување на околните наоѓалишта, гробницата на кинекиот цар останува неистражена, обвиткана во мистерии повеќе од две илјади години. Главната причина за оваа неподготвеност, сепак лежи во можноста и стравот дека ископувањата би можеле да ја оштетат гробницата, како и од губиток на непроценливи историски податоци. Во моментов, единствениот начин за пристап до гробницата вклучува инвазивни археолошки методи, полни опасност од непоправливи штети. Пример за тоа се ископувањата кај градот Троја 1870-тите, под водството на Хајнрих Шлиман, кога тимот истражувачи, што во брзање, што од неискуство, избришале бројни траги од градот којшто имале намера да го разоткријат. и одгатнат. Археолозите се решени да не ги повторуваат ваквите избрзани грешки. Како би можел гробот да се ископа? Во потрагата по помалку инвазивни техники, научниците предложуваат методи како што се употребата на миони, субатомски честички што се создаваат кога вселенските зраци се судираат со атмосферата на Земјата. Мионите функционираат како напредни икс-зраци, коишто може да продрат во тврдо тело без физички упад. За жал, повеќето од овие предлози сè уште не заживеаја. Освен можното оштетување, отворањето на гробницата има уште посериозни опасности. Во напис на древниот кинески историчар Сима Кијан, кој живеел 3 - 4 века по смртта на царот, се открива дека гробницата била опремена со „стапици“ за можните натрапници. Во гробницата се чуваат скапоцени артефакти и извонредни богатства. „Занаетчиите на царот имале задача да направат лакови и стрели коишто ќе ги одвратат сите прекршители“, пишува Кијан. - „Дури и ако тие архаични оружја стари 2.000 години не успеат, следи излив од отровна течна жива што ги чека оние кои се осмелуваат да ја осквернат гробницата.“ Сѐ ова може да звучи како фиктивна закана, но современите научници кои ги испитувале нивоата жива околу гробот открија концентрации значително повисоки од она што би се очекувало во обичната почва. Високо-токсичната жива можеби протекла низ пукнатини што со времето се развиле во градбата на гробницата, потврдувајќи ги записите на античките хроничари за тоа дека гробов никогаш не бил отворен или ограбен, се вели во научен труд од 2020 година. Така, гробницата на првиот цар на Кина останува запечатена и недостапна, иако далеку од заборавена. Истражувачите се надеваат дека научниот напредок конечно ќе може да овозможи разоткривање на долгочуваните тајни. Што се однесува до самиот владетел, значителен дел од неговиот живот ѝ го посветил на потрагата по легендарниот „еликсир на бесмртноста“ - во којшто поверувале многу моќници во минатото. Царот, се вели, презел и долги патувања во потрага по оваа митска напивка, па испратил и експедиција што требало да го најде легендарниот остров којшто наводно содржи огромни количини од овој тн. еликсир. Замислувајќи се себеси како бог и копнеејќи по вечен живот, царот конечно прибегнал кон консумирање мешавина од жива, надевајќи се дека тоа ќе му даде бесмртност. Очекувано, тоа всушност ја предизвикало неговата смрт на 50-годишна возраст, по 37 години на престолот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook