Треба да го согледаме и аголот дека и македонци и други етникуми ќе бидат вработени кај сопственици албанци, добро е ако државата има добра намера да помага и со субвенционирање, рече Иванов.
Непоимливо е Владата да се меша во приватниот сектор, да не се билдаат мускули на јавна сцена, рече Ристовски.
Ние прифативме нешто кое што во историски контекст е трагедија, ја ставивме историјата во спогодбата, читајте го членот 11 од спогодбата со Бугарија, рече Ристовски.
Има држави кои што имаат интерес Македонија да биде дел од ЕУ, историјата и јазикот не се предмет на преговорите, рече Иванов.
Државата треба да инвестира во културата и во економијата, а не во 21 век да зборуваме само за историја, идентитет и се само не за наука, рече Иванов.
Највисоко прашање е симнување на придавката „северна“ во прва фаза за домашна а потоа и за надворешна употреба, наспроти концептот на ВМРО-ДПМНЕ кои што сметаат дека не треба да го чепкаат Преспанскиот договор, рече Ристовски.
Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.