Зоолошка градина на ужасот: Животните се јадат меѓу себе! - Канал 5

Зоолошка градина на ужасот: Животните се јадат меѓу себе!

Ова се случува во Зоолошката градина во Јемен - градината е напуштена поради војната а во неа останаа 280 животни кои умираат од глад! Војната почна во март 2015 година!

Зоолошка градина на ужасот: Животните се јадат меѓу себе!
Ужасни слики од Зоолошката градина во Јемен - лавовите, леопардите и другите животни се прегладнети и со рани по телото. Еден од леопардите преживеал хранејќи се со остатоците од својата својата партнерка. Лавот е коски и кожа, со искубано крзно од обидите да се провлече низ решетките.

280 животни беа оставени и заборавени од почетокот на вооружениот конфликт во Јемен во март 2015 година.

- Арапските леопарди се загрозен вид. Тие гладуваат до таа мерка што еден од нив почнал да го јаде трупот на својата мртва партнерка.11 леопарди и 6 лавови не преживеаја. Еден лав има отворена рана од која се гледа испапчена коска - вели Шантал Џонкергоу од хуманитарната организација која ќе се обиде да ги спаси животните.

Injuries: A male lion has lost fur from rubbing the bars of its cage and is painfully skinny


Во Зоолошката има и хиени, змии, крокодили, мајмуни, птици и други животни. Пред неколку дена испратени се ветеринари и храна, но ќе треба уште многу грижа за да се спасат прегладнетите и измачени животни.

- Спасувањето почна но изгледа ќе треба да се помине долг пат, да се соберат доволно донации за овие животни да се спасат - вели Шантал.

Зоолошката во Јемен сега е во фокусот на поддршката организирана од неколку интернационални организации преку Фејсбук, за спас на животните.

- Го крши срцето кога гледате како човечкиот конфликт се одразил на овие животни. Тие станаа жртви на човечкиот конфликт. Според тоа војната во Јемен не е само трагедија на луѓето - вели Шантал.

Во особено тешка ситуација се лавовите на кои им треба помош од ветеринар, лекови и 4-5 килограми месо дневно. За леопардите се потребни до 4 килограми месо секој ден, а за останатите животни 100 килограми зелечук и 5 000 литри вода секој ден.

Шантал стравува дали ќе може ова да се обезбеди секојдневно, но нејзиниот СОС тим веќе почнал акција на собирање на средства за операцијата за спас на затворените животни, да биде успешна.

/ извор: Дејли меил


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер