ЗОО Скопје демантира дека се угинати над 40 животни - Канал 5

ЗОО Скопје демантира дека се угинати над 40 животни

Зоолошката градина во Скопје демантира дека се угинати над 40 животни. Како што информираа денеска оттаму имаат 646 животни од 91 вид, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и се грижат за животните.

ЗОО Скопје демантира дека се угинати над 40 животни

Писмениот допис до медиумите, како што велат од ЗОО Скопје, го праќаат со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини и со пласирање на информации со цел да ја вознемират јавноста.

- Поради тоа сакаме да известиме за бројот на угинати, но и за бројот на родени животни во 2022, 2023 и 2024 година, според официјалната евиденција и попис. Во 2023 година се родени 40, а угинати 10 животни, а во 2024 година се родени 33 животни, а угинати 15 животни. Вкупниот број на родени животни за овие три години е 73, додека пак на угинати е 25. Повеќето од угинатите животни се единки кои биле во длабока старост. Со оваа официјална бројка сакаме да ставиме крај на дезинформациите за угинати над 40 животни кои се пласираат во јавноста, истакнуваат од ЗОО Скопје.

Во нашата држава, како што наведуваат од ЗОО, има уште многу институции кои се привремен или постојан дом на животни и луѓе, но од ниту една од нив не се очекува и бара, ниту пак тие ја известуваат јавноста за секое угинато животно или починат човек.

Од ЗОО Скопје јавно ги поканија советниците од Советот на Град Скопје, медиумите, институциите и здруженијата организирано и со најава да ја посетат Зоолошка градина и сами да се уверат во начинот на грижата за животните и нивната благосостојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.

Објавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есен

Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото.

10 европски дестинации за посета за време на есента:

1. Езерото Блед, Словенија

2. Баварските Алпи, Германија

3. Езерскиот округ, Англија

4. Трансилванија, Романија

5. Пертшир, Шкотска

6. Доломити, Италија

7. Долина на Лоара, Франција

8. Лапонија, Финска

9. Долина Дуро, Португалија

10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Индија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.

Брод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнат

Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат.

„Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството.

Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“.

Ситуацијата во теснецот не се смирува

„Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството.

Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција.

Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина.

Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност.

Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер