ЗОИ: Натпреварот Финска – Канада одложен поради случаи на норовирус кај финските хокеарки - Канал 5

ЗОИ: Натпреварот Финска – Канада одложен поради случаи на норовирус кај финските хокеарки

 Натпреварот од групната фаза помеѓу женските хокеарски репрезентации на Финска и Канада на Олимписките игри е одложен поради случај на вирус кај финскиот тим, објави прес-службата на Организацискиот комитет на Олимписките игри во 2026 година.

ЗОИ: Натпреварот Финска – Канада одложен поради случаи на норовирус кај финските хокеарки

- Одлуката е донесена по консултација со медицински специјалисти по откривањето на случаи на норовирус кај финскиот тим. Таа е донесена колективно и во согласност со утврдените здравствени и безбедносни упатства, при што здравјето и благосостојбата на играчите, персоналот на тимот, службените лица и сите учесници на турнирот се највисок приоритет. Иако сите засегнати страни го признаваат разочарувањето од одложувањето на натпреварот, тоа беше одговорна и неопходна одлука, која го одразува духот на Олимписките игри и интегритетот на натпреварувањето. Сите засегнати страни им се заблагодаруваат на тимовите, партнерите и навивачите за нивната соработка и разбирање и се надеваат дека одложениот натпревар ќе се одржи под безбедни и соодветни услови, се вели во соопштението.

Натпреварот првично беше закажан за вечер со почеток во 21 часот и 10 минути. Новиот термин за овој дуел е 12 февруари.

Финска ќе игра и против САД, Чешка и Швајцарија во групната фаза. На 7 февруари, финската репрезентација треба да игра против САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиера на „Татко“ на НУ Народен театар Битола за Денот на ослободувањето на градот

Премиера на “Татко“, 12. издание на Битола Шекспир фестивалот и подготовки на претставата „Ни треба пејачка“ за месец ноември во НУ Народен театар Битола.

Премиера на „Татко“ на НУ Народен театар Битола за Денот на ослободувањето на градот

Народниот театар Битола во текот на месец ноември реализира неколку значајни програмски активности, кои имаат особено значење за културниот живот на градот, но и за меѓународната афирмација на македонското театарско творештво.

На 10 и 11 ноември 2026 година, Народниот театар Битола ќе ја има својата најнова премиера – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски. Претставата е дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот дава свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот.

Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата работена по делото на Август Стриндберг играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.

Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски.

Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост?

Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете.

Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва?

Особено значаен датум за НУ Народен театар Битола е и 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.

Годинашното издание на фестивалот ќе го збогатат театарски продукции и учесници од Италија, Ерменија, Соединетите Американски Држави, Романија, Грузија и Малта. Присуството на театри и уметници од шест држави уште еднаш ја потврдува меѓународната позиционираност на Битола Шекспир фестивалот и неговото значење како релевантна меѓународна театарска платформа, која ја поставува Битола на светската театарска мапа. Воедно се подготвува и претставата „Ни треба пејачка“ во режија на Ненад Витанов.

Со овие активности, Народниот театар Битола продолжува да ја исполнува својата мисија во развојот и промоцијата на театарската уметност, негувањето на домашното творештво и воспоставувањето меѓународни културни соработки, истовремено потврдувајќи ја својата улога како значаен културен чинител во земјата и пошироко.

НУ Народен театар Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ова е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?

Наградата „Германски автомобил на годината“ (GCOTY) ја освои едно електрично возило – „Volkswagen ID. Polo“.

Ова е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?

Електричниот наследник на многу омилениот модел „Polo“ најпрво победи во категоријата „Буџет“ (за автомобили со цена под 25.000 евра), а потоа ја однесе и главната победа.

Без да навлегуваме во тоа дали можеби имало некаква пристрасност во процесот на избор, со оглед на тоа што станува збор за германски бренд, вреди да се напомене дека жирито се состоело од 47 германски и меѓународни автомобилски новинари. Понатаму, во финалниот круг, „ID. Polo“ ги надмина моделите „Kia PV5“, „Mercedes-Benz GLC“, „Xpeng X9“ и „Hyundai Ioniq 6 N“.

Томас Шефер, извршен директор на „Volkswagen“, изјави дека „ID. Polo ја носи електричната мобилност таму каде што таа може да има најголемо влијание – во секојдневниот живот на луѓето“.

Андреас Миндт, шефот за дизајн во „Volkswagen“, исто така ја коментираше наградата. Пишувајќи на „Instagram“ за „ID. Polo“, тој истакна дека „сакале да создадат вистински „Volkswagen“ – автомобил со јасен дизајн, препознатлив идентитет и карактер“.

Што се однесува до останатите победници по категории, листата е следна:

• Компактни (25.000 € – 40.000 €) – „Kia PV5“

• Премиум (40.000 € – 70.000 €) – „Mercedes-Benz GLC“

• Луксузни (над 70.000 €) – „Xpeng X9“

• Перформанси – „Hyundai Ioniq 6 N“

Специјални категории

• Најдобар однос цена-квалитет – „Geely E2“

• Најдобар дизајн на екстериерот – „Renault Twingo“

• Најдобар ентериер – „BMW iX3“

• Најдобар погонски систем – „Porsche 911 Turbo S“

• Семеен автомобил – „Škoda Peaq“

Наградата за личност на годината во индустријата за 2027 година му припадна на Клаус Зелмер, првиот човек на „Škoda“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА тестираше три нови правила, аут со нога,....

На премиерното Светско првенство и фестивал за играчи до 15 години, ФИФА тестираше три експериментални правила.

ФИФА тестираше три нови правила, аут со нога,....

Натпреварите се играа со неограничен број замени, аутите се изведуваа со шутирање на топката, а прекршоците за офсајд се досудуваа само во зоната од 14 ментри пред голот.

Турнирот се одржа во Баку од 24 до 30 октомври, со учество на 189 екипи од сите шест конфедерации.

Титулата во највисоката „Категорија А“ ѝ припадна на Шпанија, која во финалето на 30 октомври ја совлада Чешка со 3–0. Во текот на една недела беа одиграни 932 натпревари, при што беа постигнати вкупно 4.505 голови – просек од 4,83 по натпревар.

На натпреварот со најмногу погодоци беа постигнати 21 гол.

Игра со осум играчи во поле и неограничени замени.

Целта на ФИФА беше да се овозможи динамична игра со многу напаѓачки акции, па затоа натпреварите се играа со осум играчи во секој тим и со неограничен број замени, со што се укина претходното ограничување од пет замени.

Ова им овозможи на тренерите почесто да ги ротираат играчите и да управуваат со нивното физичко оптоварување, истовремено давајќи им можност за настап на поголем број членови од тимот. Натпреварите се одвиваа на помали терени, со димензии 68 на 47 метри, при што се користеа голови со стандардни димензии.

Наместо да се уфрла со раце, топката се враќаше во игра со нозе. Со ова, ФИФА имаше за цел да го забрза продолжувањето на играта и да им овозможи на младите играчи повеќе допири со топката, како и повеќе можности за развој на нивната техника. Исто така, беше променето и правилото за офсајд: играчот можеше да се најде во офсајд само откако ќе влезеше во одредена зона, која започнуваше на 14 метри од голот на противникот.

„На оваа возраст, играњето е најважното нешто. На младите играчи им се потребни значајни натпревари, различни противници и разновидни фудбалски искуства за да напредуваат. Талент има насекаде, но можностите за младите не се секогаш еднакви. Овој турнир им дава шанса на играчи од целиот свет да се натпреваруваат, да учат и да се развиваат“, изјави Арсен Венгер, шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот.

Венгер додаде дека ФИФА сака да осигури секој талентиран играч да биде забележан, да добие можности за тренинг и играње, и на тој начин да може да го достигне својот полн потенцијал. На турнирот учествуваа играчи родени во 2011 и 2012 година. Натпреварите се состоеја од две полувремиња по 20 минути, а секој тим имаше право да пријави 14 играчи и до шест членови на стручниот штаб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер