ЗОИ: Ледецка испиша историја

Чешката сноубордистка Естер Ледецка влезе во историјата на Зимските олимписки игри, откако по освојувањето на златниот медал во алпското скијање, таа стана првата натпреварувачка која стигна до злато и во паралелен слалом во сноубордот.

Таа во финалето беше подобра од Германката Селин Јерг.

Медалите во оваа дисциплина на ЗОИ беа доделени и во машка конкуренција.

Нов олимписки шампион е Невил Галмарини од Швајцарија, сребрениот медал е за Ли Сангхо од Кореја, бронзата замина во Словенија кај Јан Косир.

ДЗС: Попишани вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови

Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина

Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот е затворен од ДПИ.

Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21:35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект на улица „Живко Брајковски" во Гостивар биле затекнати три гости без сертификат за вакцинација. Објектот во кој била извршена контролата од синоќа, времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија", согласно член 206 од Кривичниот законик.

МЗ: Оштетена е таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница.

Обезбедувањето на болницата забележило дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

притисни ентер