Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога
2Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога
ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
ЗОИ 2026ЗОИ 2026: Златен медал за Германката Маер во слободно скијањеРепрезентативката на Германија Даниела Маер во слободно скијање дисциплина ски крос го освои златниот медал. Таа во финалето беше најбрза и го оствари својот најголем успех откако пред четири години на Игрите беше четвртопласирана. Сребрениот медал и припадна на Фани Смит од Швајцарија, додека бронзата ја освои олимписката шампионка од Пекинг Сандра Наеслунд од Шведска. За Германија ова беше вкупно шести златен медал на Игрите во Милано Кортина или вкупно 18.ти медал. Ова беше првата дисциплина на која денеска беа доделени медали.Тагови: ЗОИ 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
СветДрама на летот за Тел Авив, Израел ги подигна борбените авиониАвион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот погрешно го активираше меѓународното предупредување за киднапирање, што го натера Израел да ги подигне борбените авиони.Авион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот во пилотската кабина го активираше меѓународното предупредување за киднапирање. Според израелската телевизија Н12, Израел ги подигна борбените авиони како мерка на претпазливост и му нареди на патничкиот авион, кој превезуваше околу 180 патници, да не се упатува кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, туку да го смени курсот кон Кипар. Порталот „Јфид“ објави дека пилотот го притиснал копчето за итни случаи за време на летот Варшава-Тел Авив, што сигнализира киднапирање, но брзо ја известил контролата на воздушниот сообраќај дека предупредувањето е активирано по грешка и дека ситуацијата е под контрола. Авионот полетал од Варшава во 11:35 часот, а откако влегол во воздушниот простор на Романија и Бугарија, бил активиран аларм за киднапирање. Потоа авионот прелетал над Турција и наместо да се упати кон Тел Авив, кружел во воздушниот простор во близина на Кипар, по што го сменил курсот во турскиот воздушен простор. Иако пилотот подоцна објаснил дека немало киднапирање, израелските власти не сакале да ризикуваат и реагирале според безбедносните процедури. Во моментов нема официјални информации дали авионот слетал, ниту на кој аеродром. Поради инцидентот, летот во еден момент бил меѓу најследените на платформата „Flightradar24“. Извор: Б92Тагови: авион Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
МакедонијаДиректорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрогаНедозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации.Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво. Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал. Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации. Со овој модел на работа, надлежните служби ќе дејствуваат обединето, координирано и одлучно против секој поединец и секоја криминална група што го загрозува здравјето, безбедноста и иднината на граѓаните. Воедно, Бирото за јавна безбедност ги повикува сите граѓани да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да придонесе во спречувањето на ширењето на овој вид криминал и во создавањето побезбедна иднина.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќиеСе преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка. На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н.. На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка. На 30.06.2026 во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината. На 29.06.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 51-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејната куќа, нејзиниот сопруг упатил закани на неа и нејзината ќерка, по што се обидел да ја запали куќата. На 29.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.М.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 19:00 часот физички ја нападнал во семејниот дом. И.М. е задржан во Полициска станица Гостивар. На 30.06.2026 во 05:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ќ., постапувајќи по претходна пријава од неговата 42 - годишна сопруга дека околу 04:00 часот со патничко возило ја скршил влезната врата од домот на нејзините родители, со тврд предмет скршил прозорец од куќата и физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта. На 29.06.2026 во 21:40 часот во СВР Куманово, 44- годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Н.М. ѝ се заканувал. На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. На 30.06.2026 во 01:10 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп затоа што упатувал закани на неговиот татко. На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(47) од с.Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00