МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
2МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
ЖивотЗОИ 2026: Учениците од Онтарио ослободени од настава кога играат хокеарите на КанадаДаг Форд, гувернер на Онтарио, најголемата канадска покраина, им дозволи на локалните ученици да отсуствуваат од училиште за да ги гледаат канадските национални хокеарски тимови кога играат на Олимписките игри во Италија.- За да се осигурам дека сите можат да го доживеат духот на Игрите, му наложив на регионалниот министер за образование да им дозволи на сите ученици во Онтарио да ги гледаат преостанатите натпревари на канадските национални хокеарски тимови што се во текот на училишното време, изјави Форд за „CTV“. Милано е во ќест часовна разлика од Онтарио, покраината каде што се наоѓаат Отава и Торонто. Вечер од 19:10 часот по македонско време, женската репрезентација на Канада ќе игра против Соединетите Американски Држави во финалето на ЗОИ 2026. Машката репрезентација утре (20 февруари) ќе игра против Финска во полуфиналето.Тагови: канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултетДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајотДо 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
БалканЈустина Широка Пуља избрана за претседателка на КосовоСобранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово.Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори. Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа. „Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседателка на сите граѓани“, рече Широка Пуља по гласањето.Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаа за неа, еден повеќе од потребниот број.Широка Пуља беше предложена од премиерот Албин Курти за претседател на Косово, неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател на 6 октомври. Претседателот на Демократската партија на Косово , Бедри Хамза, изјави дека нејзиното име е прифатливо за функцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook