Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ЗОИ 2026ЗОИ 2026: Ставре Јаде го освои 83.место во трката на 10 километриМакедонскиот олимпиец Ставре Јада на својот втор настап на ЗОИ во Милано Кортина го освои 83.место во трката на 10 километри крос кантри слободен стил. Тој патеката ја мина за 25:28.9 минути и имаше заостанување од 4:52.7 минути зад победникот Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка. Трката за завршија 111 натпреварувачи. Јада на Игрите настапи и во спринт трката, додека од нашите олимпијци вчера настап во нордиско трчање имаше и Ана Цветановска. Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари. Тагови: ЗОИ 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на МицкоскиДодека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0. Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата. Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа. Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“. Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити. Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила - сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас. Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Втор пат нема да се случи. ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски. Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции. Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати - ја уништи економијата и ја изолира земјата. Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група. Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист. Еден е Фронтот за вистина и правда! Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во СкопјеВо моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода. Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и имотни деликтиВо рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Денеска (01.07.2026) на подрачје на општините Велес, Градско и Чашка, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, ПК Градско и ПО Чашка, реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше потенцирана потребата за намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и за внимателност при извршување на земјоделските работи, надополнето со континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Вакви превентивни активности спроведоа и Одделението за превенција на СВР Скопје во Скопје, како и СВР Штип во Штип. Полициски службеници од ОВР Неготино, во Демир Капија реализираа превентивна активност на тема „Внимавај на својот дом“, со укажување за граѓаните за поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од ПО БПС при ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“ во рамки на која на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес, Одделението за превенција на СВР Скопје и ПС БПС Кочани и Берово, во Велес, Скопје, Кочани и Берово реализираа превентивни активности на тема „Носи кацига“ насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Вчера пак, на подрачје на општините Градско и Росоман, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа активност со цел да им се укаже на возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54