3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
ЗОИ 2026ЗОИ 2026: Клебо доминантно до златото во машкиот крос-кантри спринтНорвешкиот скијач Јоханес Клебо освои олимписко злато во крос-кантри спринтот на Игрите во Италија. Клебо 1,6 км. ги мина со време 3:39,74 минути.Ова е втората победа на Норвежанецот на Олимписките игри во 2026 година. На 8 февруари, Клебо освои злато во скијатлон. Американецот Бен Огден (+0,87 секунди) го освои второто место во спринтот, додека Норвежанецот Оскар Опстад Вике (+6,81) го освои третото место. Дваесет и деветгодишниот Клебо стана седумкратен олимписки шампион, додека Огден и Вике за прв пат освоија медал на Олимписки игри. Резултати во финалето: 1. Јоханес Клебо (Норвешка) — 3:39,74 минути 2. Бен Огден (САД) — +0,87 секунди 3. Оскар Општад Вике (Норвешка) — +6,81 4. Лаури Вуоринен (Финска) — +11,65 5. Јиржи Туз (Чешка) — +18,54 6. Ерик Валнес (Норвешка) — +34,84. Во квалификациите на оваа дисциплина претпладне настапи Македонецот Ставре Јада. Тој го освои 89.место во конкуренција на 94 натпреварувачи. Тагови: ЗОИ 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44