ЗОИ 2026: Американката Џонсон најбрза на спустот кој беше прекинуван во два наврата - Канал 5

ЗОИ 2026: Американката Џонсон најбрза на спустот кој беше прекинуван во два наврата

Американската алпска скијачка Бризи Џонсон го освои олимпискиот златен медал во спуст на Игрите во Италија.

ЗОИ 2026: Американката Џонсон најбрза на спустот кој беше прекинуван во два наврата

Триесетгодишната Џонсон денешната трка ја заврши за 1 минута и 36,10 секунди.

Германката Ема Ајхер го освои сребрениот медал, завршувајќи 0,04 секунди зад победничката.

Италијанката Софија Гоџи го освои бронзениот медал со заостанување од 59 стотинки зад Џонсон.

На трката се случија два теши инциденти. Американката Линдзи Вон и скијачката од Андора Канде Морено претрпеа сериозни повреди по паѓања при големи брзини и беа евакуирани со хеликоптер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: И ти си дел од безбедноста!

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Не е доволно само да очекуваме другите да внимаваат – мора да внимаваме и самите.

МВР: И ти си дел од безбедноста!

Телефонот, слушалките, невнимателното преминување на улицата или намалената видливост можат да бидат ризик кога сме пешаци.

Во рамки на глобалната кампања ROADPOL „Денови на безбедноста“ (16–22 септември), потсетуваме:

Како пешак, одговорноста за твојата безбедност не е само на возачите.

И ТВОЈА Е!

Погледни. Слушни. Внимавај.

Секој учесник во сообраќајот има улога во создавањето побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДС шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри.

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ја креира иднината на Македонија, а СДС шири хистерија и за дата центрите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во вечерашното гостување во „Вести Плус“ на Канал 5 Телевизија, изјави дека јавноста е запознаена со концептот на постоење на дата центри и дека истите претставуваат дел од она што се нарекува дигитална инфраструктура и претставуваат иднина. Истовремено, Лефков посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од иднината, напротив ја планира и ја предвидува и ја води Македонија да биде една современа држава во секој облик“.

Пратеникот Лефков истакна дека дата центрите како дел од дигиталната инфраструктура се значајни од повеќе аспекти: од создавање на високо платени работни места, трансфер на знаење и технологии, како и изградба на една квалитетна дигитална инфраструктура, додека опозицијата пласира тези од пред неколку декади ширејќи хистерии во јавноста.

„За жал СДС предводен од Венко Филипче одбра уште еднаш да шири хистерии за оваа тема, обидувајќи се да скандализира и притоа користејќи тези коишто датираат од пред неколку декади, зборува за електрична енергија, за тоа дека ќе биде експлоатирана водата, напротив Владата на ВМРО-ДПМНЕ одговорно пристапува кон овие проекти и нема да бидат направени на штета на животната средина, на ниту еден начин“, рече Лефков.

Лефков ја потенцираше разликата којашто треба да се прави помеѓу дата центрите како приватни инвестиции и дата центрите како национална обврска, кои впрочем се дел од Реформската агенда, и обврска на Република Македонија е изградба на Национален дата центар, додека хистеријата и стравот околу овие дата центри конструирани од опозицијата има за цел спречување на, како што вели Лефков, растот и развојот на Македонија во оваа насока.

„Во Македонија веќе постојат, ако погледнете и ако пребарувате, ќе видите дека постојат 4 до 5 дата центри, самите дата центри се разликуваат, дали се за чување на податоци, дали се за некои други намени, меѓутоа станува збор за искривување на тезите и обид за ширење на хистерија“, кажа Лефков и додаде:

„Ако станува збор за национални дата центри, тој Национален дата центар којшто треба и е дел од Реформската Агенда има само една цел, а тоа е да го олесни пристапот на граѓаните кон услугите на државата.“

Пратеникот Лефков потсети дека за време на владеењето на СДС, јавноста сведочеше на хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, при што граѓаните не можеа да ги остварат нивните уставни и законски загарантирани права, додека пак изградбата на квалитетни дата центри има за цел да биде и поддршка при давањето на услугите што ги нуди државата.

„Во нивно време кога имаше хакерски и сајбер напади и на ФЗО и на Министерството за земјоделие, граѓаните не можеа да ги остварат основните права, дали за субвенции кај Министерството за земјоделие, дали станува збор за одредени права од ФЗО. Со изградба на квалитетни дата центри коишто ќе бидат поддршка на овие услуги кои ги нуди државата, користа и бенефитот ќе ги видат граѓаните, а тоа е целта и на Европската агенда, на тој начин се усогласуваме со законодавството и со стандардот на ЕУ, со нудење на квалитетни услуги, транспарентни услуги, со подобро менаџирање на јавните финансии итн.“, заврши Лефков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на жртвите на границата меѓу Непал и Кина се зголеми на 919, околу 4.800 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето по должината на непалско-кинеската граница се искачи на најмалку 919, а речиси 4.800 лица се уште се водат како исчезнати.

Бројот на жртвите на границата меѓу Непал и Кина се зголеми на 919, околу 4.800 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето по должината на непалско-кинеската граница се искачи на најмалку 919, а речиси 4.800 лица се уште се водат како исчезнати, вклучувајќи 853 странци, шест дена по катастрофата, соопштија властите денес.

Непалскиот орган за намалување и управување со ризици од катастрофи соопшти дека во земјата се потврдени 903 смртни случаи, додека 4.247 лица, вклучувајќи 592 странци, се уште се водат како исчезнати.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат во погодените области, додека властите се обидуваат да стигнат до работниците заробени во неколку хидроенергетски проекти.

Меѓу исчезнатите на непалската страна се 25 припадници на непалската полиција, 45 припадници на армијата, 13 припадници на непалските вооружени полициски сили, 14 царински службеници на Непал и тројца службеници за имиграција. 933 лица се исто така водат како исчезнати во бројни хидроенергетски проекти во Непал.

Додадено е дека меѓу исчезнатите се 127 непалски патници, објави Анадолу.

Од кинеска страна, потврдени се 16 смртни случаи, додека 546 лица сè уште се водат како исчезнати во округот Џиронг во автономниот регион Сизанг во југозападна Кина, објави државната новинска агенција Синхуа.

Меѓу исчезнатите има 261 странски државјани.

Според консолидираните податоци, бројот на жртви изнесува 919, додека 4.793 лица се водат како исчезнати, вклучувајќи 853 странски државјани.

Кина распореди повеќе од 2.100 луѓе во операциите за пребарување и спасување, заедно со стотици возила и илјадници парчиња опрема за спасување.

Катастрофата се случи на 26 август кога глечер на планината Лангтанг Лирунг во Непал, на надморска височина од околу 5.200 метри, пукна, предизвикувајќи лавина од мраз и карпи што се претвори во огромен пороен тек од остатоци и се прошири низ долините по должината на границата. Огромниот воден бран, проследен со лизгање на земјиштето, ги опустоши непалските области Расува, Нувакот, Дадинг и Кавре, како и долината Катманду, додека од кинеска страна граничната област Џиронг беше затрупана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер